@Noemi @Izzy_0504 @Bejb15 @Lolita- Девојки ќе сака ли некоја од вас да ми пушти во порака слика од резултатот од Qualifed, значи од резултати па надоле, ме интересира како се пишани и обработени резултатите, и тоа со ситни букви што се оградуваат, на нет не наоѓам само од овој тест пример, а заинтересирана сум да го правам после сите слушнати и прочитани овде негативни искуства со останатите тестови.
Јас од утре 27ма,еве веќе 2 дена ни еден убав удар немам осетено само како некое гребкање ептен нежно, пробав и со благо и кока кола џабе беше се пак е млитаво
Исто и кај мене така, мислиш појаки удари ќе си бидат како што одат неделиве тоа секој ден/недела различно.. и предминатата недела вака имав паника па после се расклоца баш убаво и константно, сега пак нежно и како без сила
Жени никој не ми одг ама да не има некоја со плацента превиа маргиналис во 17та недела и грло на матката 3.1 ???
Во 17та недела е рано да се постави дијагноза за плацента превиа т.е нормално е да биде плацентата долу ниско и има време да се качи во наредните недели, мислам дека не е страшно, што ти рече лекарот? За грло 3.1 кои се деталите, ова е некоја скратена мерка или првпат ти го мерат?
И моето не го осеќав, пишав овде 24недела мислам бев и обично навечер мрдаше ама тие неколку дена ништо ме фати паника бев на ехо се беше супер. После неколку вечери го осетив. Сега сум 26+3 вчера првпат го осетив во текот на денот и тоа ептен движења, маж ми се прерадува првпат осети клоцање со допир на стомак инаку само му раскажував какво чуство е Штом е се во ред не се стресирајте(иако знам како е) некогаш биле позаспани помирни, периоди. Матичниот кажа како минуваат денови, недели ќе го осеќаш повеќе и вистина е така Некако многу ми скокна стомакот после 25недела
Минатиот пат беше 38 сега е 3.1 намалено да лежам на работа одење не можи да се одлепи плацентата можи да прокрвариш ....триста чуда ум немам
Мене ми се скрати грлото од 4 на 3.2cm, исто во 17та недела прв пат детектирано дека е скратено. Немав плацента превиа, но плацентата беше многу блиску до цервиксот (ова во 22ра недела ми го кажа). Докторката што ме води ми рече да успорам малце темпо, се да правам полека и со големи паузи, ама па и да не се залегнувам скроз. Исто така ми препорача да не стојам долго на нозе, да не сум во движење подолго од пола саат или да правам почесто паузи. Од терапија ми препиша прогестерон вагиналети - јас ставам циклогест од 400мг по едно на ден и магнезиум 2х1 од 250мг. Јас работам од дома, претежно лежам или сум во полуседечка позиција, но и станувам на секој саат вртам по едно кругче низ дома за циркулација. Излегувам од дома да се прошетам обавезно секој ден, но гледам прошетките да не ми траат повеќе од пола саат и да не седам на столче премногу долго. Вчера бев на преглед, сега сум речиси 26та недела, грлото си стои иста димензија 3.2 - 3.3цм, а плацентата ми се има малку кренато. Истите препораки ми важат и за понатаму.
Е полежи си, одмарај, но побарај и второ мислење за да се смириш. Мерките можат да варираат од полна/празна бешика до сондата колку е длабоко ставена и слично. Обично појачуваат прогестеронска поддршка, се препорачува суплементи со алфа-липоинска киселина како ферона, се земаат брисеви за да се елиминира инфекција како можен причинител, се следи почесто и се разгледува можноста за серклаж ако се потврди ризикот (ако не се крене плацентата серклаж не би било опција).
Проблем е што и кај мене е блиски до грлото значи многу блиску и демек е рано ама си ја имаш и толку...На раб пешачев по 10 км најмалце со стоење ми е работата и движење ....Ич не ми се седи дома не сум чоек шо ќе лежи по цел ден ама и најмногу ми е да не не ме вратат после на работа плата е висока си ја сакам работата со факултетот ми е ама само се в ред да е со синко ама искрено уште не родено еден тон солзи проронав ....И секој преглед ми е само стрес паника црни мисли и не можам повеќе само си плачам и чекам да се роди нека помина месеците оти не можам да издржам
Во скоро иста ситуација бев, истата недела. Грло 30мм и постелка доле над цервикс спуштена, покриен цервиксот. Лежење и мирување плус утрогестан по 2 пати ставав до 22ра нед. Како поминуваше бременоста постелката се подкреваше, а и цервикс си се оправи. Најверојатно така скратен беше поради и самата тежина од постелката. Се породив 38+1..
Работата нема да ти избега. Најбитно е да одмараш и како што ти кажаа, рано е за таа дијагноза, уште не е крената плацентата, тек ќе се крева.
Те разбирам како ти е. И мене секое идење на преглед ми е стрес. Јас сум со тешко минато и неколку спонтани во прв триместар. Прво се тресев дур ја поминам кобната недела, после ми се појави кафен исцедок, па ми детектираа дека постелката ми е нехомогена и имам неколку лакуни, па со цервиксот нервозите почнаа…Паничам од време на време, ама гледам да сум смирена максимално колку што можам за бебе! Тешко ми паѓа и на мене што претежно сум дома и хендикепирана, ама нема нешто на светот што не би направила за да си ја донесам мојата бебушка на овој свет. Ќе биде се во ред, така ни се погодило ете да имаме малце покомплицирана бременост, но вака така ќе помине времето и многу наскоро ќе заборавиме на се ова и ќе се радуваме на тие најмили очи и насмевка. Инаку во врска со работата, во бременост не смеат да те отпуштат, во спротивно може да јадат дебела казна, така што јас би ти рекла да не се секираш ич за тоа. Дури и во најлошо сценарио да дојде до тоа, не заслужуваат да работиш за нив! Од кај знаеш, може многу поинтересни предизвици се пред тебе на работно поле. Ама не му го мисли сега тоа. Цел живот понатака не чека работа, шетања и останати обврски. Сега е време да се посветиме на самите нас и на нашите бебушки! Ти праќам сила и позитивна енергија .
Мене матичната во 16та недела ми рече исто дека многу ми е блиску доле до грлото ама не го покрива и искрено џабе ме истресира (после самата ми кажа ова не се кажува сега ама јас да си кажам). Се консултирав со Котларова она ми рече ваква дијагноза дури во 28ма недела се дава. На наредниот преглед за 3 недели веќе беше крената. Си го кажувам моето искуство зашто премногу стрес ми беше а и уште ми е секој преглед така да почекај, има шанса да се крене ама биди повнимателна и пази се повеќе. Јас терапија не пиев за тоа ништо. За грлото во таа недела не знам ама сега во 28ма 3.2 ми го измерија и пак две различни мислења, матичната вика пази се премногу максимум пола час пешачење повеќе лежење, а Котларова ми вика грлото е одлично за таа недела и слободно движи се. Во петок сум кај Котларова на трет скрининг и ќе видиме каква е ситуацијата. Е сега за твојата недела не знам..
Проблем е што матичната ми е паничарка кажи му на работа до крај нема да одиш движење не,по скали не седење не повеќе од 1 кг да не креваш да не работиш по дома епа што да правам бе жено ??? Совети еден куп ако не слушаш серклаж ако дојди до крварење нема спас тешко е да се среди можи во седми месец да се роди....А уште тоа ми фали јас сум во седми родена и знаам колку и било тешко на мајка ми чоек да бидам
Ќе одмараш. До негде е во право др. Треба да одмараш, да не се напрегаш, да не креваш тешко. Колку и да е тешко и досадно, ќе слушаш и ќе лежиш и одмараш.
Слушај доктор и насоки. Можеби подобро матичната да е паничар и да превенира некои работи. Да не креваш тешко секако се подразбира, и да не ти каже матичната. Ако треба да одмараш-одмарај, лежи. Секако тоа е одредено време не е доживотно па да не можеме да го издржиме. И ова со седми месец родени деца не ти држи вода, денес е многу по напредна медицината отколку ти кога си се родила, и има многу случаи, па еве ги здрави и прави деца. Така да не мисли на лошо, слушај си доктор, одмарај и се’ ќе биде во ред. На крај краева секогаш можеш да отидеш на второ, трето мислење и да си бидеш мирна.
Не брзај со апче за абортус Ке се појаве срце Имаш фора до 9гн за срце Ај па ке частиш кога ке слушнете срце