Добро утро женски, имам ќерка 3 години и бремена сум 23та недела, сабајлево кога се разбудив она си се преместила кај мене на спална дошла и легнала целосно врз мојот стомак. Јас од после приметив нормално кога се разбудив,дали би можело нешто на бебцето да му се наштети вака?
Извинете може не е соодветно тука прашањето, нека се премести ако треба, ама тука може ќе добијам одговор ако некој знае која смена се на буквата Д оваа и другата недела во Букурешт за продолжување на боледување? Упорно ѕвонам на еден фиксен што ми го даде матичната, цело време е исклучен.
Devojki zdravo. Da mi kazete nesto efikasno sto vi pomognalo pri kaslica vo bremenost. Me ubi znaci, dzabe caevi,supi… Me faka strav da ne nesto mu nasteti na bebush Inaku sum 28 nedela
јас сум на М и во пон беше сопругот за продолжување на бо беа прва смена, така да втора смена се од А
Ќе вртам уште еднаш, не знам што да кажам а како оди процедурава со буквиве, знаеш? Пошто ич не ми е јасно. И каде поточно се оди во Букурешт на кој оддел/спрат? Може само сопругот без јас да се појавам?
Ти никако не идеш. Иде било кој место тебе. Ако идеш, значи не ти треба боледување. Седи си дома ти или во кола чекај.
Никако ти да одиш, ќе си направиш проблем. Ќе ти речат штом си можела тука да дојдеш ок си, не ти треба боледување.
Жени на второто мислење истото го велат плус велат дека треба повеќе плодова вода да има....Како да го зголемам количеството на плодова вода само ми рекоа пијај вода а пијам во 2л дневно....Исхрана некаква ви кажале ???
Здраво дали некоја имала слично искуство. 35+2, Сношти имав како менструални болки додека спиев, се напив магнезиум ми поминаа. Сабајле кога станав имав кафеава слуз, буквално како полжав беше, бев убедена дека тоа е чепот птидов на болница ме проверија не сум отворена, постелката ми е горе имам и плодова вода и ЦТГ не покажуваше контракции за породување. Ми кажа дека може да биде од кревање нешто тешко и да одмарам 10 дена. Дали некоја имала такво нешто кафеаво во трет триместар??
Каква позиција е бебето? Ако е карлично потешко се гледаат џебовите. Иначе пиј повеќе течности, повеќе од тоа што пиеш, мене во 19тс ми беше блиску до грло постелката, ми рекоа рано е нормално е, и за две недели се крена. Одмарај повеќе, батали тоа работата платена била, ти и бебето сте побитни. Ваква дијагноза се дава во 28ма, не во 17та.
Ке пијан вода морам демек сушено овошје да јадиш онака за бадник како што спремаме ја зголемувало.... На смоква сум алергична а урми дали можи па не прашав офф аман