Урми се користат за омекнување на грло на матка, за полесно породување и ги препорачуваат при крај на бременост Некои велат помага, некои не. Ама не се препорачливи да се јадат порано
Пиј вода многу, ама ептен многу, од сушено овошје можеш брусница, суво грозје. Урми некаде бев читала да не се јадат, го омекнуваат грлото. Суви сливи можеш исто.
Пред 10 дена се породив спонтано ама многу сум шиена, уште ме боли рана и загноено ми е и имам мала дупка изгледа еден конец паднал,што би можела да ставам нешто за побргу да зараснување? Ставав борова вода, кантарионово масло,хематромбин. Сега земав и спреј бивацин. Некои конци паднаа ама на крајот се има загноено има мала дупк, има ли шанса да зарасне само или ќе треба да ме шијат пак
A кој ти кажа се ова да ставаш? Јас со првото природно кога се породив ми рекоа само одмивање на секое (и по мала и по голема нужда да се миеш), а мачкање ништо. Раната да се одржува чиста и сува. Евентуално миење со солена вода. Раната брзо ми зарасна, без никаква компликација. И јас бев доста шиена (по пораѓај два пати ме дошивуваа). По искуство од други, вака најлесно и најбрзо поминува... Инаку нормално е и да изгледа раната растргната, како со дупче и сл. Они те шијат додека не мрдаш, а ти после веќе движиш и раната ќе си се оправи како што му одговара на телото. Мене премногу ме имаа сошиено вториот пат и скоро 2г мене раната на секое ми напукаше малку и имав крвче на секое.. (при односи, при седнување на шоља и стол). Ќе пукнеше, па ќе зараснеше пак, па ќе пукнеше...
Не е карлично ама е долу и само прета не можат да го вида убо ....Ме нервира што ме паничат....Во Плодност ми рекоа има вода ама можи повеќе матичната вели малку е вода иии што да правам кој да слушам аман аман аман стрес само рајат не сум
@Lady Maria со двете деца постелката се крена во 24та недела. До тогаш беше прилично ниско. Не се плаши, има уште време. Оваа матичната твоја ептен те вади од памет. Оди и на трето мислење ако си во можност за да си мирна.
Прерано е за дијагнозата што ти ја дале, мене исто од памет ме извадија, за помалку вода, ама моето е карлично и не се гледа убаво, мора да се помачат. Повеќе течности, вода, док од јаболки, ова за постелката е прерано да пресудат. Мирување без стресови, не си прави полошо, верувам дека се е супер.
Едните викаат дека е повеќе вода, а другите дека е малку вода? Оди на трето мислење ако треба, само глупости и стресови за џабе ти прават.
Хепатромбин не знам дали е ок да ставаш, другово е добро, ама оди да те ѕирнат доле јас имав гној од едното дупче од конецот и ми дадоа мислам клиндамицин да пијам. Успат тогаш ме искараа зошто само со вода сум се миела и ми рекоа рана се мие со сапун, нежен бебешки и да прскам виоплекс. Ми заздрави за брзо, конците си паднаа брзо ама дупчето гној го лечев 10тина дена. Нека те ѕирне тој што те пораѓал, или матичен гинеколог.
Ми се ближи теминот за породување... Ако ме породи докторката што ми ја води бременоста сакам нешто да и купам за благодарност,нешто интересно Ако имате некоја идеја да ми кажете
Дали некоја од вас се соочила со бубрежна инфекција во бременоста? имам крв во урин преку анализите, присуство на бактерија а имав и преголема бубрежна болка.. во вторник имам преглед ама се плашам, читав дека било можно да имам пијенолефритис.
Пиеш ли веќе антибиотик? Ако не, што е можно поскоро на лекар. Пиелонефритис имав, ама не трудна. Температура и повраќање, крв во урина не се сеќавам. Некој камен во бубрег да не имаш, што исто би ги објаснило болките.
Не пијам денес ми стигнаа резултатите, имав порано камен многу одамна па не знам дали е можно да е пак треба да си закажам преглед за снимање на бубрезите. Немам температура само мачнина и малаксаност и болки во грбот. Бев на цтг не покажуваше контракции.
Утре од сабајле на лекар, обавезно. Ако те боли многу одете уште вечер. Други нелагодности имаш ли, печење, тешко и болно мокрење? До вторник е многу време, ако е инфекција мора да се третира одма со антибиотик. Особено сега. Добро е штом немаш температура. Пиј течности и одмарај. Исто е добро што немаш крв видлива, туку на тестот само. Ќе помине се и ќе се среди, не паничи, се ќе биде во ред. Со терапија поминува набрзина. За камен дали е, ќе мораш со лекар да се консултираш секако.
Фала ти ќе одам утре, вечер немам болки големи така по малку само. немам печење ни тешко мокрење. Се надевам ќе биде се окејј..