23 недела сум, ама кога и да легнам јас одвај станувам како цела се укочувам,не ни можам да се свртам на другата страна без помош така е нормално?
Алфа липоична киселина магнезиум и б6, мене Котларова ми рече многу се добри за одржување на должината на грлото нема штета од нив
Иста бев ко тебе и мисед и цела бременост ми беше во страв,ги броев деновите и неделите за да дојдам во некои посигурни недели велев и во 7 да е само во ред да биде се,но издржав до крај . На мм велев само да го родам после е лесно. И сега кога се жалам од е се нешто ми вика ели рече само да го родам.. и цела бременост се туку нештп имаше, сите симптоми како од книга ги имав.а сега проблем со раната, оно не спие има грчеви..и пак цело време ќеимаш нервоза. Сите ли велеа мисли само позитивно ама нели посилно е од тебе...
35 недела, силна главоболка особено кај веѓите - очите. Нормално е? Иако мислам вчера што миев коса па дремев надвор демек на сонце.
Здраво, дали некоја примала инсулин во текот на бременоста ? Јас,само што влегов во 7ми месец, шеќерот на гладно ми е 6.8. Ендокронолог ми препиша да се боцкам инсулин. Дали е опасно,дали ако почнам сега,ќе треба засекогаш да ае боцкам ? Скриен шеќер испитав, вредностите ми се на горна граница. Тромесечен испитав, во ред се тие резултати.
И јас примам,инсулинот е лек и може само подобро понатаму во текот на бременоста дати биде,во покасни недели шеќерот може дати направи сериозен проблем.Така да слушај го ендокринологот он си е стручен за таа област
Повтори резултат. Ако еднаш се качил не значи дека си одма за инсулин. Тромесечниот викаш е ок, што добар показател. Мене на гладно на почетокот на бременоста ми беше еднаш 8.2. Од тогаш ендокринолог ме следеше, повторив резултат беше ок шеќерот, благо покачен но не за инсулин. До крај на бременоста со исхрана добра истерав без медикаменти и инсулин. Си купив апаратче за мерење шеќер и беколку пати месечно си правев профил и мерев со него на гладно, и еден час после јадење. Запишуав што јадам и така знаев што ми качува шеќер и да не јадам. Плус јас бев на патолошка и повеќе лежев, што негативно влијае на шеќерот. Така да ако имаш уредна бременост, движење повеќе, заборави на благо и тестенини, овошје ограничено само по едно на ден и тоа некое со низок гликемиски индекс и нека те следи ендокринолог.
Уште подобро е да примаш инсулин отколку да се наштети на плодот, или па после бременост шеќер да добиеш. Инсулин не е опасно ако шеќерот е проблем, опасно е ако имаш проблем со шеќер а не примаш соодветна терапија.
Женски 35та недела, колку ви се активни бебињата? Посебно навечер кога ќе легнете да спиете? Моево салта прави, до степен да ме вади од памет… еден ден не прекинува, еден ја нема никаде.. дали е ова нормално? Во понеделник сум на преглед. Бебето ми е поголемо за 3 недели. Има 3+ кг. @BellaBibi биби и тебе да те тагнам, бидејќи баш кажуваше твојата цуца доста активна дека беше.
Ic da ne se sekiras, super stom e aktivna, silno ja osekas poradi tezinata. I bravo za tezinata, moeto e skoro 1 mesec uste se borime da stigneme do 3 kg
Многу чудни ми се движењата… некако како се појаки и поразлични… иначе големи сме со маж ми, ми рекоа нормално е. Според докторите и над 4кг ќе биде. Ама многу ме фаќаат паники коа мрда така без престан. Буквално клоци, тегнења, па како вибрации некои, па како да се тресе во водата.. не знам ни да опишам веќе.
Познавам блиска која несакаше да прима инсулин и се породи порано во 35 недела со 4.300 бебе.Тие бебиња се многу поризични и имаат доста компликации.Така да слушај ендокринолог и мене гинеколозите ми кажаа дека сум супер на граница не е страшно,ама мене неми се ризикува нити докторката несакаше да ризикува.И мене тримесечниот ми е супер и утринскиот ми бил понизок од твојот,ама со мерење со профил вклучивме многу мала доза на инсулин.
На гладно несмее дати биде повисок од 5.1 и еден час после оброк не повисок од 7.7 и два часа после оброк не повисок од 6.6
И јас сум 35та недела и ги осеќам оваа недела почудни движењата. Повеќе има истегнувања буквално како две три планини ми се прават на стомакот и осеќам и пулсирање многу често.. Сега се големи не можат многу да се местат па затоа се истегнуват само ваљда
Моето е многу активно дури и докторите на секој преглед ми кажуваат. Многу мрда. Ама ич не се секирај за тоа подобро е да си е активно бебето
Ќерка ми беше такво активно бебе, што нема до каде. Замисли стојам на работа, презентирам, носам широка блуза и излегува рид напред. Ја се правам ништо не забележувам пред другите. Еднаш така ме истреска внатре, што инстиктивно врсинав од болка, исто на работа. На крај негде, ми налегаше на некои нерви, што и парализирана останував по неколку секунди. Мислам дека од толку претање и водењакот ми го пукна. Не дека не и беше време, ама чекав за болки цел ден. Се породив на термин. Еве ја сега 15 месеци не престанува да се движи, такво си е детето. Ретко, ама многу ретко имаше денови кога одмараше да речам, беше помирна.