Ајде со лесно и со убаво па што побрзо да си го гушнеш бебувчето живо и здраво те чекаме да пишеш наскоро за најубавата принова
Срцка суупер со лесно нека ти е .масирај се по рацете и нозете и вежбај на стол држејки се на наслонот на столот со рацете и лево десно со нозете...и кога ќе те фатат болки диши длабоко а меѓу паузите од болките вежбај и масирај се ...барем така ми кажаа на предродилни вежби за полесно отварање и полесен пораѓај си лесноо се надевам ќе си се пиродиш лесничкоо
Нека не ти е мака за пивото, подобро тоа отколку сок купечки... Мене ми иде 2 пати неделно по едно мало пиво да пијам. Двајца доктори ми рекоа дека по 4 месец може по едно мало пиво.
Мене оκолината ми виκаше исто ајдееее бе ништо не ти е од едно пиво неделно ама мене совеста не ми дава исκρено да ви κажам. Бидејќи сум запознаена доволно со ФАС- фетален алκохолен синдρом се виκа... После сите тие инфоρмации неможев и сеуште неможам да си дозволам алκохол, една чашκа пиво испив и имав гρижа на совест после тоа, па си ветив деκа нема да пијам овие 9 месеци, ништо стρашно...
Да пиеш пиво во бременост е исто ко дадеш на родено бебче да се напие пиво.Бебето во матката зема од вас апсолутно се,храна,алкохол,цигари,лекови.Зависи што конзумирате.
17 сум, а од прошлата недела немам повратено, мачнини имам ако не каснам нешто од сабајле, затоа прво нешто бисквитче двопече земам и после отварам очи.
Ме утепа главава од времево, малку заладе да, али сега мислам дека е потешко,..... имам и мигрена и во комбинација со вакво време ептен лошо ми влијае....вчера цел ден од кревет нестанав.....кафе и кока кола конзумирам пошто имам и низок притисок. Сабајлево малку подобро, намалени се главоболките, но не се исчезнати скроз...............
Мешиња,јас да се пожалам овој синко мој уште сега ме исцеди целата вчера правев крвна слика,(ја правам секој месец) и што да видиме мене релутатите секој месец ми се полоши од претходниот месеца пијам тотема,премама и магнезиум,да не напоменувам дека дека многу јадам овошје и зенецук и нисто не помага RBC-3.40 3.80-6.20 HGB- 93 110-170 HCT-0.303 0.350-0.550 MCHC- 307 310-355 PCT- 0.170 0.200-0.500 MON-1.6 0.1-1.0 MON% 17.9 2.0-10.0 Сите овие ми се под границата на норамалата-единствено железото ми е со некоја средна граница 14.5 и оние другите холестероли,глукоза..........ми се во ред ова другото катастрофа
Едно прашање за сите : Што ако во првите денови и недели од бременоста, кога уште не знаеш дека си бремена, конзумираш пиво? Дали е штетно за плодот?
Ако се поголеми количини и почесто штетно е.Првите недели се најбитни за развивање на ембрионот понатаму.
@mdenkov консултирај се со гинекологот ако треба смени ги витамините и додатоците, секако појачај на побогата исхрана со месо, млеко, протеини, а да е пореметена крвната слика секако е нормално во бременоста. Колку можеш излегувај на воздух, бери си сила зошто ќе ти треба, самото породување исцрпува, губиме тогаш крв, па доењето... убави совети ти давам а ни јас не ги применувам. И јас сум само на овошје и зеленчук и по некоја глупост одвреме навреме како мајонез, чипс, сладолед, досега само железото ми е намалено ама не земам ништо плус а и месо не јадам ич.
Па не се големи, едно пива во денот на одмор, ама кога не си знаела шо може да се прави....ајде здравје белким 6 пива во десет дена нема ништо да наштетат
Во основа најважните моменти од развојот на плодот и не сме ни свесни за бременоста па пиеме и алкохол и кафе и пушиме... така да покрај толку изгледани емисии не знаев дека сум бремена и случаи кога цела бременост пушеле, па и самиот гинеколог ми препорачуваше по малку винце во бременост, јас искрено си пивнував па еве ги здраци прави...
http://forum.femina.mk/threads/Фетален-алкохолен-синдром-ФАС.24347/ За да не се објаснуваме на секој посебно, еве отворив тема можете сите да прочитате какви последици може да има алкохолот во бременоста кај плодот.
Мое мислење е дека алкохол за време на бременост неважно дали е на почеток или покасно е штетно, јас во првата бременост воопшто не конзумирав алкохол ниту за време на бременоста ниту додека доев, меѓутоа еве сега со втората бременост на почетокот додека незнаев дека сум бремена испив многу малку бело вино. Сега под тоа штетно за мало количество алкохол не мислам дека нешто страшно ќе се случи, туку најдобро е кога си знаеш дека си бремена алкохол да не пиеш, туку да внесуваш храна која е здрава, свежи сокови, салати, овошје и слично. Многу често ми се случува луѓево дури и да ме тераат да се напијам, као ајде бе што ќе ти биде, ама јас и предходно пиев многу малце алкохол пола чаша вино и тоа еднаш во две недели за време на ручек.
Добро утро мешиња. Како сте денес? Јас туркам некако со киселини во желудников. Ги нема ги нема, па пак ќе се појават. Се возам вчера и денес во автобус, луѓево ама чудно ме ѕверат, ме загледуваат. Мене непријатно ми станува, нив не. Сакав да речам што гледате, не сте виделе трудна жена, Бог да чува. Свашта во Македонијава има хаха
@♡BuBaLe♡ Dusa da ti kazam kolku mnogu jadam mleko i mlecni proizvodi nema da veruvas,majonez i takvi raboti voopsto i ne jadam-ete piev fersan forte za zelezoto,mi gi smenija so totema...doktorot mi rece ako ne gi pijam apcinjata ke mi bide mnogu mnogu ponisko od ovoa i ke zavrsam vo bolnica.......iskreno se plasam sekoj mesec se poslaba mi e krvta a veke i nekolku denovi i pocnuva da mi zacestuvaat vrtoglavicite-toa mi bilo od slabata krv
Околи алкохолот и јас се сложувам со сите вас дека е штетен,но искрено еве јас во првата бременост (пошто бев бремена во зима и за време на празници) си под пивнував по една чашка црвено винце(не беше тоа секој ден,но во месецот два пати сигурно) и си родив право,здраво дете. Тоа толку не го сфакам страшно(мислам на алхохол како што се пиво и вино) ако не пијам постојано,секој ден.А што да речеме за оние кои пишат по една кутија цигари па као ги намалиле за време на бременост или пак што пијат по 3-4 кафиња.Имам другарка и исто сме бремени,пред недела дена бевме на свадба и заедно седевме пиевме и двете сок на почеток за време на вечера јас се напив една чашка бунарче(вино со швепс) а таа као не пиет алкохол и се лошело,а цела вечер пушеше и таа и сопругот и кој повеќе му штети на плодот?!?!
Како си земате за право да кажете на моите деца не им е ништо а пушев,пиев .Некој едвај чека зелено светло за да запали цигара и читајки ве вас како лагано им приогате на работите истото и тој ке го стори. Од каде знаете дека на нивното дете нема последици да остави? Најужасна слика ми е трудница со цигара.