Иста сум, намалив 2кг мислам и исто останавме бремени. Незнам јас еве моментално антиметил, бедоксин 2x2 па гастро гард кога ќе повратам дека мн киселини осеќам после во уста. Незнам само можам јаболко да јадам и по едно кифличе сабајле да не ги повратам. Имам многу вртоглавици и некоја немоќ така. Намалив и циклогест вагиналетките, со консултација на гинекологот сепак хормони се.
Мене од аптека ми дадоа Наусолвит, на база на ѓумбир се. Прашај си дали смееш од тие капки. И јас мака мачам, и со желудник проблем имам.
36та за еден ден ќе сум... Ме утепа од мавање бебето. Некогаш и воздух ми снемува и боли. Сега веќе е поголема и повеќе сила има. Со нозете во желудникот, газот мислам преку папокот ќе и излезе, со колената во ребрата, со рацете како да ми го дипли мочниот меур. Некни 35 мин бев на ЦТГ, а бе не застана 1 секунда. Нормално е да е активно, јас не и се секирам хаха. Некогаш бранови низ стомакот ми прави, некогаш како да се штрекнува, некогаш клокотка. Музика кога ќе пуштам погласна не престанува да мава.
И мојава на цтг, го исклоца тоа кругчето. На преглед во Систина коа и ја рокна сондата на докторката хахах. Ама мојава е карлично со газот доле и некако многу ми е се чудно, не стига до ребра. А ова клокоткање баш така, некои движења стварно не можам да ги објаснам. Ама по се изгледа кај сите исто. Ми олесна доста. Фала женски на сите.
Прашање до тие што примате клексан од почеток на бременост, во мој случај од почеток поради ивф и мутации, хомозигот сум на Паи а за хетерозигот користам метил фолат и б12. До која недела примате? Месечните резултати од хемостаза и д димери ми се во нормала како и протоци, постелка и развој на бебе. Малку ми е контрадикторно матичен гинеколог ми вели не мора а на приватно дека треба. Сепак со доза од 0.4 штета нема си велам.
Пред бременост Јани ми рече од позитивен тест одма со клексан, без разлика дали е природна бременост или со ивф, во текот на бременоста кога бев кај него врз основа на резултатите ми пиша клексан по еден на ден но не сум појдена повторно, тешко е со термини а и не можам да одам Скопје секој месец. Во Прилеп не ми издаваат упат за специјалист да ги чита резултатите туку само за проверка на хемостаза и д димери.
Зошто не ти даваат упат за во Прилеп? И јас сум со мутации и боцкам цело време од пред трансфер. Која недела си?
Упатот е само за анализата што ја правам а специјалист трансфузиолог не ми ги чита резултатите не знам зошто не ми издаваат таков упат ни јас, гледам на матични гинеколози предизвик им се резулатите од мутациите, само д димери читаат и тоа им е доволно. Инаку сум 30+3 недела.
Да пробаш општ матичен да ти даде упат. Според мене не ги прекинувај без консултсција со трамсфузиолог.
Jas sum 23 nedela i ako mi veruvas denje nokje luduva. Mnogu e aktiven,kloca li kloca. Duri vikam aman sine nankaj malku da spijam i jas. Ali neznam nemozam da ja opisam ubavinata na negovoto mrdanje. Dusa mi se polni
Мислев ќе излезе преку стомак бре. Еве ја жива , здрава нека е, на неполн месец ми се одбиваше со раце од мене. Педијатар вика ова за машала, ептен пргаво.
Дехидрираност, и јас имав еден месец и тоа 2 плуса, никогаш немам повраќано и пијам многу вода а пак имав. Три дена пиев уште повеќе вода и електролит (по 2 таблетки ОРС на ден) повторив урина и ги немаше. Ништо страшно, хидрирај се и повтори си ја по една недела за секој случај.
И јас бев многу затната минатата недела неможев воздух да земам матичната ми одобри оперил детски капки 2до3 пати дневно ама не подолго од 3 дена