Да многу тежок период, психички повеќе... Мн ведра особа сум и во најтешкото до сега ама ова не сум се осеќала вака немоќно.
Исто ми брше, имам поминато и анксиозност, и мислев дека повторно ќе ми се врати… претешко ми беше.. 24/7 имав гадење, повраќав, на инфузии завршив.. буквално се осеќав безизлезно, плачев цело време и го молев маж ми некако да ми помогне..нит спиев нит јадев… ама помина, од 13та нефела воскреснав. Сега 35та веќе па други маки, одвај чекаш да се породиш. Ама се ќе биде добро, после ќе заборавиме на ова, слатки маки ќе бидат.
Здраво и јас прокрварив тогаш и бев на строго лежење се до 14та.. Многу депресивен период ми беше западнав психички згора на тоа имав и мачнини па и се разболев со хроничен бронхит. Издржи додека да влезеш во 4ти месец дај боже да ви е се во ред од кај 13та недела ќе се вратиш во нормала и со пешачење и нема да имаш и толку мачнини. Сега гледај да си ги отргнеш мислите најди некоја интересна серија, книги читај Се ќе се среди само трпение и верба во Бога.
Кога почна да ви се познава стомакот? Јас сум слабичка, рамен стомак… со мачниниве, повраќањево мислам уште повеќе слабеам
бев на дежурен испитав крв и урина. Хемоглобинот пак низок, продолжувам со ампулите но и со витамин ц. Притисокот ми беше качен 140/100 се извадив од памет, дома измерив 130/80, сабајле ќе одам кај општ матичен да ми измери за сигурно. Дали пак ми покажува дека имам бактерии во урина и да направам уринокултура? Ми покажа и протеини малку како што гледам, ама ми рекоа дека штом немам кетони и цтг е ок да си одам и да следам притисок, па ако ми се качи тогаш да одам.
Колкава фетална фракција ви беше изолирана и добивте негативни резултати на пренатален? Недела навечер, решив да ги анализирам резултатите што ги добив во петокот, видов дека ми стои само 4%, односно најминимално што може. Читав дискусија на генетичари на интернет и сите беа сложни дека за најсигурни резултати треба да е барем 8%. И сега веќе немам мир.
Кај мене беше 4,5% и 3,7% близнаци.Сеа и мене ми напраи немир за џабе ли толку пари а после недај боже да биде нешто на крај
Кај мене беше 10%, ама не се грижи ако немало доволно да се изолира ќе ти кажале и одново ќе ти земале крв. Вака штом има резултати значи имало доволно за испитување. Не си прави дополнителни стресови непотребно.
Кај мене беше помалку од 8% и во ниеден момент не ни помислив уште за тоа да читам на нет. Во тек на бременост самите скрининзи ќе кажат ако има нешто. Кај тебе има основа зошто паничиш? Опуштено само сите од хормоните сме со секакви мисли, но доколку лекар не ти посочил нешто на преглед нема што да паничиш.
Ај зборни со гинеколог. Протеини во урина заедно со кетони е знак на дехидрација, ама вака само протеини во комбинација со висок притисок може да е знак на прееклампсија. Следи го притисокот, мери 3 пати на ден и следи ги протеиниве во урина. Имаш отоци, онака тестести, кога ќе притиснеш полека да се враќа назад местото? И испитај и црп, затоа што покачени ти се неутрофиливе, а намалени лимфоцити.
Ова многу зависи од трудница до трудница. Кај некои многу рано, а еве кај мене после 20та недела и тоа не е нешто особено. Утре влагам во 29та, имам труднички стомак, ама ако облечам пример поширок џемпер изгледам само дебелко, а не и трудно. Вчера во авицена девојчето што ми земаше крв вика на почеток си? Викам девојче 7ми месец сум, вика аууу браво, не ти се знае. Е сега јас сум висока и физички покрупна, верувам дека на послабички се познава ем порано ем повеќе. Јас мислам до крај ќе терам вака умерено.
Јас во 12та малку почнав. Таму од 15та некако наеднаш малку меше имав. Баш станав со меше. И после по малку си растеше, моментално ми е лубеница
Фала за одговорот. Ќе одам сабајле пак за крвна слика и уринокултура ќе направам. А црп нели и онака е качен во бременост? Мислиш вирус некој да не имам? Мм беше болен до пред три дена. Отоци имам од старт и испитував протеини во јули ок ми беа. Баш и реков на дежурната да не имам прекламсија и ми рече немам кетони ок е. На ехо бебе ок си е. Мислам и од времево ми е главоболката, сега дремнав малку и ми се смири.
Црп не е покачено во бременост, ама покачени неутрофили и ниски лимфоцити укажуваат на бактерија, небитно дали урина, нос, грло. Урина не би требало, нитритите ти се негативни. Кетоните во урина не се врзани со прееклампсија. Види може да ти е покачен притисокот и од многу јака главоболка, многу е битно тогаш да е дијастолниот (долниот) во ред. Ама јас на твое место би следела и притисок и протеини, затоа што веќе кажуваш и отоци имаш. Димери ок се?
се сомневам на бактерија поради резултатот најдоле за урина што пишува како забелешка - ретки бактерии. Го следам притисокот да и сабајле ќе ми измери матичната. Димерите ги проверував често супер ми беа, сабајле и нив ќе ги проверам 1 месец ги немам проверено. Се надевам ок ќе бидам до сабајле па да одам и проверам се, некако страв ме фати.
Јас димери не сум проверила ниту еднаш а сум 34 + ,матичната ми вели немало потреба.Ве читам сите проверувате...Да барам упат ?
Само смирено, се е решливо. Може е само моментално, бидејќи нели се е нормално во бременост. Тоа што пишува ретки бактерии многу ретко е позитивна уринокултура. Ништо не губиш ако си следиш и убаво си испиташ, ти да си бидеш раат и сигурна.
Се извининувам вака што се мешам, сакав да прашам, ако неутрофили се покачени а лимфоцити намалени, и ако постои бактерија, дали црп ќе биде покачено?