А да провериш во друга лабараторија? Мене така во една лаб. ми беше високо, 3 саати после тоа во друга , беше друго.
Во Синлаб проверувам. Ке видам сега следен викенд повторно, ако е исто ке проверам и во друга лабараторија. Ти благодарам за советот ПС. Крвен притисок во рана бременост (7+ недела) колку е нормален?
Нормално е е нормален или низок. Висок во никој случај не е нормален. Во глобала повеќете низок имаме.
Јас воопшто не можев да функционирам.... не ни знаев дека сум бремена бев на искачување на планина и на сам старт се откажав, благодарение на водичот продолжив .... искрварев и мислев добиено менструација реков ке ми помине мака се полошо и полошо мојот вереник инсистираше на тест иако сме заедно 13 години не ни мислев дека можоно е да сум бремена испадна позитивен....Симтомите повраќање , гадење јас 3-4 супермаркети сум ги поминувала како ништо не можев да отидам ни во еден спиев цело време....17 недела сум сеа сеуште имам гадење нагони на повраќање апетит за јадење немам и на планинана не можам да одам сеуште таму веднаш мака имам ради притисокот
До пред некој ден имав 103/53 до 107/59 и само на спиење ме тераше. Сега два дена е ок и малку се плашам зошто е ок
Јас пијам прегнатол цела бременост, не ми е на горна граница железото. Ако конзумираш витамин Ц, може да влијае тоа. Бидејќи витамин Ц го подобрува врзувањето на железо.А дека е заради фолна и Б12, не ми се верува.
Здраво ајде една консултација. Со Докторката се слушнав ми се активира гастритисот, и вика земи Нолпаза или Фамосан што си пиела претходно по едно. Знам дека не се препорачливи во бременост ама дали има искуство некој да пиел во бременост?
Не е страшно, и промена на време влијае. Се додека е нормален и низок не е страшно, висок е веќе нешто што кора да се прати или ако е ептен ќе мора терапија. Уживај, ништо страшно не е, си варира тоа.
Јас цел живот со низок, 80/60 ми беше. Во бременост негде од 7-8 ми кога почнав да мерам некогаш ( читај немам апарат и не ни знам да мерам, па ми дадоа дигитален на користење) ми беше она баш медицински нормален. Порано со тој притисок ми пукаше глава, а во бременост не го ни сетив. Сега појма немам колку ми е. Кога ќе идам кај моите баш ќе и кажам на мајка да ми измери.
Никола Личоски во Јане Сандански. Докторот нема врвна опрема, ама не наплаќа многу (500 за ехо), префин е и секогаш детален, максимално посветува внимание и секогаш детално гледа бебе. Дава секакви упати, боледувања, не прави проблем за ништо. Има термини редовно (за два три дена), но и да отидеш дента без термин може да те прими, само ќе почекаш.
Loso...jas sum od utre 37ma nedela seuste imam macnini, gadenje I nemam apetit se nadevav deka ke prestane posle prv trimestar ama ne...
За жал изгледа само од таму и тоа чудни пари ќе се чудиме кај да ги потрошиме. Ме интересира по колку се зема во др општини?? Кај нас се само 3000
25та недела, болка долу ниско и назад како во ректум. Беба активна, некако кога седам ме притиска незгодно. Некој со нешто вакво или слично?
оф , оф што ке направиш со 3000 , ама ајде ако не ми го продолжат договорот на работа дека сум бремена утеха да скрпимо нешто ......Мене ми е прва бременост , испадна не планирано и набрзина 13г сум во врска и не имав или имам план да го абортирам.Не знам јас сум од Тетово колку даваат кај нас .
Исто во Синлаб проверив ми излезе 25 железо што мене секогаш ми било ниско а не во бременост. Повторив на клиничка биохемија 11 ми е железото.