Епа добро, да се надеваме ќе се регулира со терапијата и бебе да се роди здраво, па отпосле ќе се наоѓа решение. Фалаа
Женски после паѓање на чепот после колку време почнува процесот на породување? Два пати денес на бришење како лигави парчиња и како со крв,ваљда чепот е
14+2 сум. Железото од 15 ми се симна на 9.7, пијам премама ама нема некој ефект. Освен тотхема што е друго ефикасно за зголемување на железото, зошто освен тотхемата со прва бременост друго не сум пиела.
Ne se znae moze za 3 saati da pocne, moze za 3 dena, mene 3 dena mi pagjase, ti si eden den posle mene taka? Jas sum 37ma nedela od denes, drug nekoj simptom imas?
Мене ми е 3ка железото Што и да се напијам повраќам,организмот не ми ги поднесува апчињата..јадам повеќе зелени работи. Авокадо,брокула,спанаќ,ротквица,и семе од коприва.
Да мерев, ми кажаа 10 дена после пораѓај контрола. Ако се под 800 не треба терапија. Мене ми беа под 800 и не треба да примам веќе. Инаку во болница после пораѓај таму 5 дена ме боцкаа со клексан, веројатно така треба, ме знам.
Мене исто ми падна од 18 на 6, малку чудно ми дојде за еден месец. Матичната ми даде ферозомал на алкалоид и следниот месец ми беше 16.
Женички дали вие што сте породени и што доите се потите многу? Навечер по неколку пати се пресоблекувам,косата ми е жива вода а башка и тоа што многу мирисам не се поднесувам. Нормално ли е тоа?!
Жени на бришење сега исцедок зголемен на хартија како бледо зеленикав светло а на допир на кожа бел се гледа. и се растегаше како белка од јајце . се преплашив да не е чепот триста филмови си направив. брисевите ми беа чисти само кандида имав , примав MAKMIROR вагинални и плус уште едни на база млечна киселина CAREGYN, знам дека е нормално зголемен исцедок ама сепак се исплашив. кај вас каков е исцедокот?
Јас пишував пред некој ден за растеглив исцедок на бришење како кремав, кафеавкаст, три пати во една недела бев на итна дека сум со серклаж и историја на предвремено породување, преплашена бев да не е чепот и уште не знам што е искрено... Грло затворено, должина ок, серклаж држи. Од завчера почна да се намалува исцедокот па сега ќе видиме, наредна недела имам редовна контрола, тогаш ќе сум 30та.
не повторивме. рече матичната нема потреба за кандида . само терапија ми даде. А немам ни чешање ни печење.
Ќе си смрдкаш подолго и баш ништо не помага. Евентуално пробај сода бикарбона, кај мене се покажа поефективна од сите дезодоранси. Нормално е хормони вријат сега.
Па не знам зашто не ти повторила, обично повторуваат за да видат дека се средило. Да и пишеш да видиш што ќе ти каже. Може да почне да те чеша иначе.