Кај мене легни на лева страна кога ќе почне да ровари да клоца без престан,ќесе свртам на десна страна ќе почне другиот и си станувам и полуседечка положба спијам.Прееска во маркет кога ме мавнаа на 2,3 пати јако ниско од памет се изцадив од појак удар и болка.Ама среќа се подрсмири па едниов обавезно кај папокот мие цело време иво него мава,некогаш цел папок ќеми го испрчи надвор.
Од кога влегов во 26 недела сум како 4 лубеници да сум голтнала..срам ми е да кажам пред луѓе дека уште немам влезено во 7ми месец,а некои дури ми викаат "ајде при крај си сигурно" уште малку ќе се олесниш Киселини Недоволно воздух И стомак како да ми тежи,ми пречи Несоница Сила 0 Само јас ли се пореметив вака во 26+ недела цц
Обде сте активни … ИТНО МИ Е ПОТРЕБНО МИСЛЕЊЕ. Ве молам смирете ме или кажете што да направам. Сега само што видов во вц школката рано имав ставено тие што се како гел од дак фреш, ќерка ми го има размачкано. Јас не ја видов и легна си спие од пред 3 часа. А што ако ставила во уста? Што ќе и биде на рацете дали да ја будам да ја мијам? Ја бришав со влажни. Но сега сум цело време со умот а што ако си проба да стави во уста? Кога легна некако ми дојде некој мирис но не ми ни дојде нс ум за 10 секунди што направила. Може ли нешто да и биде или после 3 часа нормално ништо не може??? Ве молам побрзо дај те ми мислење
Смири се,нема ништо да и биде Ехе 3 часа поминале,до сега ако имало нешто ќе повратеше..смири се не и е ама баш ништо.
Навистина мислиш во 3 часа да и беше нешто ќе повратеше? Немам ум стравно ми иде да се фрлам од на балкон моментално Само 10 секунди беа во прашање како можев да ја оставам
Нема шанси да и биде нешто,не се обвинувај така.. И за 10 секунди не може да направи ништо освен да чепне малку и да стави раце во уста,не изела 5 такви па да чекаме да и е нешто. Ништо не и е,ќе повратеше до сега
Но што ако и биде нешто? Не дај боже да е многу касно? Јас незнам што да правам ако е тоа многу штетно само са се допре до уста?
Па крај краева ако толку не си сигурна за да се смириш разбудија измиј ја мирисни и ја устата да видиш дали ставила..
Ја разбудив, ја измив и рацете и јазикот, пиеше вода и изгледаше нормално, полузаспана зашто ја разбудив од сон. Ја мирисав во уста но не ми мирисаше, само на рацете
Секако дека ништо не и е, не си прави стресови без потреба. Смири се, не е добро ни за тебе ни за бебето
18+2 и официјално 5 месец го почнав. не ми се верува како бргу ми помина како вчера да бев 4 недела уште малку 20 точно на пола пат. да се сретнеме со новата љубов. само се мислам какво ли биде дали ќе си личи со дада или бато за личењето незнам ама знам дека душата ќе му ја вадат овие двајца. син ми уште сега е љубоморен на дадаму кога ќе ме гушне ја бутка ја турка за он да ме гушка А во едно сум сигурна ќе бидеш најсакано мило бебе едвај чекаме да стасаш на свет! ај се разнежнив малку јас
Кај мене почесто се така движењата откако ми смени положба. Истегнување, ролање, лазење, грепкање, вибрирање, испакнување и по некогаш клоцање. На почетокот беа така по млитави, сега веќе не. Бев тогаш и на цтг и на прегледи, си беше се во ред. Според мене или е до положбата или пак до просторот.
Кај мене на лева страна така се буни, ама па нели на таа требало да лежиш повеќе а точно во лев дел е сместена. Кога ќе се свртам од лево на грб, стомакот ми останува испакнат едно време само на лева страна
Мене стомакот од 7 недела ми се приметува и не се замарам искрено. Немам измерено ни колку кг до сега сум качила. Според мене нормално изгледам како за трудница, не може сите да имаме мало меше, различни гени и конструкции на тело се. Инаку јас еве 29та недела сум, веќе две три недели сигурно знам да се разбудам за до тоалет и после ми треба саат/два да заспијам пак. Киселини од време на време имам. Дишењето овие денови го приметувам дека некако ми е погласно хаха и тешко ми е некогаш да дишам убаво. Изгледа се е тоа нормално..
Луѓе, 9ти месец како спиете? Имам и перница за трудници и бутури... Ама не можам веќе, стварно. Маж ми веќе неколку вечери по ред ми кажува дека во сон офкам, стенкам од болки по неколку минути, по неколку пати на вечер. Јас не сум свесна, ама се будам како претепана. Ич не спијам убаво. Мачно ми е и вртење, и лежење на страна (ме заболуваут колковите)... А преку ден не застанувам. Одам на работа, возам уште, излегувам за што и да треба да се пазари, чистам, перам турбо. Не знам дали се преморувам, или едноставно така е веќе на крајот. Не знам како да си помогнам.
Цел 9ти месец го поминав исто. Не спиев воопшто. Никаква перница не ми помагаше. Пиев магнезиум, тоа ми олеснуваше со болките во нозете и колковите. Таков е 9ти месец. Најтежок. Добро е што сеуште се движиш, но можеш и малку одмор да си дозволиш. После со бебушот цело време ќе бидиш активна Со лесно да ти е
Да од ДОКТОР. Не мора да се применуваат сите совети дадени овде, секој нека си се консултира со својот доктор. Овде само споделуваме мислења и искуства.
Исто и јас сум 26та недела а голема сум колку пред пораѓај со првото дете, дури и килажата ја надминав. Тешко е, ноќта ја поминувам со масажи, преку ден морам да ја вежбам кичмата. Како ќе се издржи до 9ти не знам. Тоа е. Исто тело ама ете сосема различни бремености. Колку можеме да сме смирени и дишеме длабоко, таква е природата.