Да се пријавам и јас. Веќе и перницата ја исфрлив, ми смета. Преку ден одам на работа, возам , пазарам, излегувам и кафана и кафич и шопинг, чистам, клекни стани - исто како да не сум трудна. Е ноќите , друга приказна. Ме боли нога, колк , кичма како претепана сум. И почна вртењето од една на др. Страна да ми е мачно, со припреми и пауза. Ама ајде уште 3 недели ќе издржиме.
Никако, се будам по 100 пати, па после не можам да презаспијам. Работам од дома, ама пак не седнувам. Се тркалам буквално. И маж ми стално ми вика на секое вртење сум офкала одвај чекам да се породам, само да ми е жива и здрава, ама стварно најмачно е на крај.
Влегувам во осми, без перница за трудници не можам, ми го држи стомакот, а само со неа врат ми се укочува, па си ја ставам старата перница врз неа, па едно време високо ми доаѓа така... Мм стално ме буди, вика што ти е само офкаш. Вртењето веќе ми станува тешко, се будам секогаш кога ќе се свртам. Преку ден мака немам, ама почна така од време на време и половина да ме заболува. Каков ли ќе биде тек деветти месец
Девојки.. Пред два три дена имав малку кафен исцедок, се јавив на матичната и ме викна на преглед. Се беше во ред на преглед, одлично напредува. Ми рече дека исцедокот е стара крв и дека веројатно се појавил од кревање тешко, заморување, односи.. Ми даде да пијам дабростон, но еве сега на бришење пак има малку кафено. Ве молам за искуства.. дали на некого му се случило истово? Повторно ме фаќа паника..
Не е со време, само скрининг е со термин, ама мораш да имаш и скрининг, па со мерките од скринингот идеш во лабараторијата за да ти земат крв за приска.
Скрининг во Систина ќе правам, не на ГАК. За ГАК имам упат само за приска, и нема точно време, само со датум е.
Хахах утешителни неколку вечери во болница. Ако се пропратени со болки од пораѓај, ни таму нема да се наспиеме. Значи ќе се отспиеме квалитетно здравје во пензија следно. Живот Ќе кажев кога ќе пораснат децата, ама мајка ми и ден денес кога си одам дома за викенд и ако излезам навечер, ме чека будна дури не се вратам. Мислиш некој бремена ќе ме украде.
Со мерките од скринингот од систина одиш одма на гак за да ти земат крв за приска и го даваш тоа ливчето со мерки од скринингот. Ова се прави во 1 ден. И ќе му кажеш на докторот од систина дека ти требаат мерките за приска да ти даде и од тука ќе одиш директно на гак.
После пораѓај де ќе спиеш 2-3 дена За наспивање кога ептен ми треба, идам кај мајка и сабајлечки ќе ја земе и спијам уште 2-3 саати. Ретки се тие моменти, зошто знае ноќно време да си спие убаво, да не се жалам.