И јас сум со мутации, почнав со 0.200, па после месец време или 2 продолжив со 0.400, а сега веќе два месеца не користам воопшто клексани- 31ва недела сум. Не се секирај, докторите гледаат резултати и знаат колку треба да ти дадат. Имам пријателки низ европски држави што воопшто не користеа клексани, а се со мутации па истераа се до крај како што треба.
Менр чепот ми паѓаше една недела и се породив после 8 дена. Последниот ден многу често мокрев на 30мин тоа ми беше знак дека бебе е спуштено долу за пораѓај
Јас сум со ептен лоша претходна бременост со крварење цело време која заврши со пукање на водењак во 18та недела иако бебето беше скроз со одлични мерки здраво и напредно, пренатален low risk по сите параметри, брисеви два пати во бременост чисти + после пораѓај уште едни само со кандида… па кога ги испитав мутацииве докторите рекоа дека може да имало проблем со протоците и затоа бебето не издржало па дојде до тоа што дојде … сега за оваа бременост дувам и на јогурт иако сум на почеток ептен сакам да ја фатиме како што треба и да пробам со господ напред да ја износам до крај
Мене чепот ми падна на 19ти јануари вечерта … и докторот на ургентен ме убедуваше дека не е тоа… на 1ви февруари со пукнат водењак породена
Јас сум 36та, така ми е две недели. На последен преглед, докторката ми кажа дека со газот е толку многу доле, што го натиска мочниот меур и му дава чувство дека треба да се празни, а уствари ништо не празни. Од притисокот е, и идам вака на пола саат во вц.
Според она искуство кое го имам со предвремено породување, од паѓање на чепот (кај мене беше наеднаш крваво лигаво поголема количина), цела недела додека лежев на клиника со надеж нешто дека ќе може да се направи имав како дијареа. Другарка што се породи пред два месеци така цела недела и паѓаше чепот лигаво розево/црвено и имаше исто како дијареа.
Денес 32+2 со близнаци ама некако едвај доаѓам до воздух.Што се избањав и седнав да јадам додека јадев се борев воздух да земам.Дали притискаат многу на дијафрагма незнам што е,дал е нормално или даси појдам на дежурен
Сосема те разбирам, јас паничам и на најситни работи, а не пак по поминување на таков лош период како твојот. Барем примаш клексани, можеби ќе ти ги накачат по следната контрола, немај гајле. Сигурно и докторите ти ја знаат цела историја и не би сакале да ризикуваат овој пат.
Pa vikaat deka pred poragaj stolicata e tecna ama jas ne veruvam jas cela bremenost sekoj den imam stolica 4 pati na den
така бев и јас пред пораѓај .цело време имав зголемена столица. баш читав негде дека се чисти телото се празнат цревата природно пред да се роди бебето .
Иста сум и јас Како стар дедо со проблеми со простата. По неколку капки, и само трчам до вц. Како е поголемо бебето, си притиска на мочниот меур
36та недела, на цтг ми покажа лажни контракции мали. Сакав да ве прашам што е најдобро да правам периодов, да пешачам, да јадам урми и ананас се што помага за побрзо отварање или? Најверојатно ќе пробаме природно дали ќе може, иако се плашам, па ако не биде тогаш царски. Дали е многу рано ако се случи породувањето 36/37ма? Дали треба да сум загрижена ако се случи порано? И дали пукањето на водењакот е првиот знак?
Ooo daaa, katastrofa, kako da isturile kanta voda vrz mene. Baška ja avgust 4 ti se porodiv, plus žeško beše i toa koga kje dodadev. Smrdež na nivou Sega vekje ne
Девојки хелп дали некоја има ист проблем како мојот астма во бременост и доколку да што му е препишано од страна на др/пулмолог јас дури на 15 ноември ми закажаа на преглед не знам дали чини вентолин (пумпица)да прснам не можам да дишам а и само кашлам и излегува проѕирен како дебело шлајм ве молам пишете доколку знаете или имате искуство од некој