Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Кај си го чула ова хахахах ме изнасмеа.... нема врска едно со друго не се секирај ;)
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    :) Tи ако не ме утешиш - никој :* па и јас мислам така еве јас сум крупна ама бутур не ми е :lol: демек тешко забременувале не знам сто уште не па ете од 1 го направив и фала му на бога се е во ред не осекам дека сум труда...ама мора бе некој да те испаници и готово..ах овој наш менталитет до каде вака :devil: фала ти срц и фала ти уште еднаш за помошта во потрага на гинеколог :* ко матична си ми :D
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Еленика, честитки и од мене!!! Морам да признаам дека секојпат кога ќе ја погледнев сликичката од твојот аватар ме фаќаше смеа! :lol: Форко, немој да се грижиш воопшто. Однесувај се како и секоја примерна трудница и нема потреба за грижа. Редовни контроли, без многу замарање и читање на се и сешто по интернет. Без многу замарања од бабски кажи-речи муабети, уживај во твојата бременост, гледај како се повеќе ќе блеснува твојот поглед!

    meU, нели се договоривме да мачкаш Јекодерм. :geek:
     
    На meU и Forko им се допаѓа ова.
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Е како не бре. Јас се качив да раѓам поправена 26кг(Господ да ми е на помош, којзнае како ќе ги симнам |( ), родив многу мало бебе, ама целото е нормално, единствен деформитет, ако може така да кажам се двете залепени прстиња на ноџето, кои и се наследени од татко и, што за мене е симпатично, а не деформитет, само дека е девојче, се зависи она како ќе гледа на тоа кога ќе порасне.
    Ич да не мислиш на вакви глупости.
     
    На Snow-Queen и Forko им се допаѓа ова.
  5. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Абе што уште нема да им текне на луѓево.. Прво не ми е јасно зошто ако си покрупен да родиш дете со деформитет??
    Нема врска тоа значи јас сум доста крупна, во бременоста не се поправив многу само 8кг.. туку од порано си бев дебелка и ете родив здраво и право детенце ..
    Мене ми викаа дека многу споро ќе сум се породела бидејќи сум била дебелка е и ова нема врска мене сабајлето ми пукна водењакот во 7 а во 2 се породив, кога ме примија во 10 саатот не бев воопшто отворена во 12.30 бев 5цм а во 2 веќе ја држев малечката во раце.. така да не слушај што ти зборат, уживај си во бременоста .. Секоја жена е приказна за себе и секој со својата среќа..
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zajche

    zajche Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    9
    Добравечер, како сте ?
    Јас да се пожалам дека настинав и се разболев и овие неколку дена сум многу малаксана едвај издржувам на работа но што да се прави,тоа е.Кога си дојдам дома си легнувам и веднаш заспивам и така ми минуваат овие денови.Вчера пробав да пијам фервекс но неможев да го испијам цел, почна да ми се повраќа од него и го оставив.Всушност смеам ли да пијам фервекс сега во почетокот на бременоста јас тоа на своја рака го земав без консултација со д-р.На последниот преглед тој ми рече дека смеам само парацетамол да пијам и тоа пак ограничено.
    Вие што ќе ме советувате за оваа глупава настинка страв ми е да не качам температура сличајно зошто тогаш ке биде лошо.
     
  7. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    Сум се навикнала, ако имам некое медицинско прашање и ми е итно, а не можам да го добијам матичниот гиниколог по телефон се јавувам на 194 и се консултирам. Луѓето од таму се баш фини и секогаш објаснуваат детално.Мојата настинка премина во нешто повеќе. Во последниве 4 дена имам температура и само со парацетамол , чајчиња и цедени сокчиња се лечам. Оцет на нозете и кревет!! Ништо повеќе не било дозволено ( во смисла на лекарство ). Барем мене така ми рекоа!
     
  8. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    немој да веруваш во вакви глупости неможам да ти кажам да не се нервираш оти ке биди она народното (оти јас се нервирам :lol: и неможам да те поучувам и јас кога нешто ке слушнам на нерв ми оди ) ама за вакви глупости прво логички да се размисли како што си кажа и самата неможат сите да бидат слаби ;)
     
  9. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Фервексот не се препорачува за време на бременоста, јас кога бев бремена неколку пати настинав, се лечев со топло чајче, прегорен шеќер и млеко или вински оцет ставав на чорапите, т.е ги натопував и ги облакав..
     
  10. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Едно прашање од мене. Знам дека многу пати е правен муабетов ама јас пак да прашам: од која недела се осеќа движењето на бебето? т.е вака знам дека сте пишувале дека се осеќа дури 22 недела некаде ама јас деновиве чуствувам некое движење во стомаков како нешто однатре да ме полазува, скокотка, како што викаат пеперутки, едно чудно неописливо чувство претежно навечер се случува тоа кога мирувам па си викам дали е можно да е бебушко да си игра во мешето на мама :lol: ама тоа нормално само јас си го осеќам а не сум многу голема дури и сеуште стомакот не ми се ни познава дека сум бремена ако скоро сум на крајот од 4 месец за недела ипол веќе 5ти :$
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    и јас мислам дека за прв пат некаде го осетив кон 16 , 17 недела, искрено не беше некое движење, туку како некоја вибрација, незнам како нешто да ме скокоткаше од внатре, на почеток ми беше чудно и несфакав дека е тоа :D
    а со тек на време се осека повеке и поубаво секое движење ;)
     
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да ги чувствувам движењата некаде 22-23 недела. Чувството на почетокот е како некое меурче да се движи низ стомакот.
    И јас бев нестрплива да ги почувствувам првите движења, а сега клоца, мава, не застанува. :)
     
  13. bebell4

    bebell4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Сакам да прашам, вчера бев на контрола и сум 6г.н+6 дена, а плодот одговараше за 6 г.н+ 5 дена, дали има место за паника.Слушнавме срцева акција.Ве молам за одговор
     
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Кратко и јасно нема!
    Ти мислиш они па точно знаат да ти кажат кога си зачнала и плус димензиите се менуваат од еден на друг преглед.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    честито , со лесно да си ја износиш бременоста :) воопшто немој да се секираш, еден ден тие разлика, со тек на време може и тоа да се измени...
    јас имам една мака , па ве молам за совет, веке една недела неможам ништо да ја јадам, стомакот ми вие а во уста неможам ништо да јадам од се ми се лоши, до сега немав ваква мака :( ако имала некоја вакво искуство да ме посоветува нешто??? :?:
     
  16. bebell4

    bebell4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Сега гледам на снимката каде што го мерат е со димензија 7.1 во 6 г.н +6 дена. Уживајте и вие во вашите бремености.
     
  17. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Супер си, нема место за паника, ден, два не е ништо, кај мене е цела недела, поточно 8 дена е помало од последната менструација и е нормално, кај мене оплодувањето е настанало покасно и од првиот преглед па се до денес ехото си го покажува истото, според последна менструација една, а според ехото друга дата , така да не се секирај, нормално си е тоа ;)
     
  18. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Мој совет е да не се оптеретуваш со бројки кои се мнооооогу релативни. Ако има нешто што треба да знаеш навистина нека ти кажат ама за се друго ич да не те интересира дали било доволно големо, доволно тешко, па колку удари во минута му чука срцето ееее ќе се побудалиш на крај. Уживај си и не му ја мисли многу. ;)
     
  19. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски



    Првите движења ги почуствува при крај на 18 и почеток на 19 недела и воопшто не ми се познаваше стомачето, а сега сум 23 недела и многу малку ми се познава, така да не се секирај после во 8 или 9 ќе се приметува повеќе.Јас многу сакав да имам големо стомаче ама немам и се тешам дека подобро е да не ми се проширува кожата и да не ми се прават стрии, него големо стомаче со многу стрии, но и тоа не е мерило дали ќе се појават стрии или не, сега за сега ги нема кај мене, а после породување ќе видиме, затоа што сите велат дека после породување се појавуваат.
     
  20. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    немора да значи, на повеќето што ги познавам им се појавиле стриите додека уште биле бремени, се е до кожата.
    Инаку да ве прашам тие што веќе ви е големко мешето, дали во долниот дел на стомакот осеќате некаков притисок и мала болка или само мене почна да ми се случува?