Многу се жалат на болки во половината со месеци после неа, а и не знам дали се има осет кога треба да напнуваш за раѓање
Осет имаш, болка не. Јас од спиналот после царски никаква мака немав. Да бев спонтано обавезно епидурал земав.
Ако пораѓајот оди брзо, брзо се отвараш и не трае подолго да речеме од 10-15 часа мислам дека немаш потреба,доколку болките траат подолго а не се отвараш доволно брзо можеш да си земеш за да не бидеш исцрпена за пораѓај. Јас со првото се породив за некои 8-9часа од прва болка и реално немаше потреба зашо се издржуваше, на почеток болките се слаби и поретки, последните 2часа се да речеме појаки болки ама лета времето. Е сеа да требаше да седам со тие болки 20 часа сигурно немаше да издржам и би побарала епидурал..
Само да ви споделам сабајлево ја однесов мокрачата со ставен циклогест нокеска цела со парчиња бели во синлаб и ги прашав сестрите ми рекоа изолираме што не треба ќе си провериме тоа што ни треба и ми ја земаа и урино култура и класична мокрача ќе проверат
Вентор за болка дали е дозволен во бременост? Од парацетамол и аналгин не ми поминува главоболката.. само од вентор
Не знам дали е дозволено,мислам дека не. И мене само од вентор ми поминуваше,пиев два пати во текот на оваа бременост ..не се издржуваше.
Мариз, цела бременост смее Бруфен? На почеток ми беше дозволен , ама не знам за последен триместар. Знам дека рапидол ( има бруфен во него) на упатството пишува да не се пие во последен триместар..
Денеска бев на ехооо го видов моето мало чудоо...фала на господ...за 12дена ќе го слушнеме срценцето...на сите им посакувам среќа и лесна бременост
Влагам неделава во 32ра недела, бебуш мн повеќе мрда и почесто ми се стврднува стомакот. Дали е нормално? Веднаш ме фаќа паника да не се породам порано
Нормално е. Кај некои, па и кај мене , многууу порано почна да ми се стега стомакот. А бебе до излагање, не застануваше.
Оф незнам за тоа... јас последен триместар немав потреба да пијам и не сум се распрашала. А претходно имав пиено...
Преплашена сум од крвната слика денес, alt ензимот на црн дроб дигнато 128, нормално е до 31 Ова е енормно покачување, имал ли некој искуство од што и како. Се друго на крвна слика горе доле ок.