Дали имаш примено некои лекарства? И зголемен внес на лекарства во моментов, ако ова е само во бременост, пред ова да со немала проблем види веднаш со матичен доктор, види со гинеколог, не го оставај така Има повеќе причини поради кои може да е покачен, за да следат
Се изначитав за хепатит и еден куп други страшни работи и цела сум извадена од памет тек сум на крај на 6та недела. Од апчиња пијам една рака ама се е од доктор препишано Вит д Вит ц Метилирана фолна Метилирана б12 Магнезиум Се боцкам со клексан 0.200 Пре мама витамини матичната ми вика консултација со гинеколог, гинекологот ми вика во среда имаш преглед не паничи ќе исконсултираме и гастро сепак е бременост се менуваат мн работи
Ама затоа ти кажувам, може да е свашта и ништо и затоа да не читаш дијагнози Ама мора доктор да провери, еве во среда ќе проверат убаво ќе видиш што е. Јас од хормони од ивф исто одма ми рипнаа, со краток протокол, различно реагира тело. Другарка по инфекција од царски од лекарства, антибиотици исто рипнаа, затоа прашувам прво да не ти е дојдено многу лекови, па да рипнало, ќе проверат докторите ти битно алармирај им за да се среди
Алт, аст, холестерол, триглицериди и седиментација не се испитуваат во бременост. Нормално е да бидат покачени. Не се секирај.
Ајдеее па нити матичната нити гинекологот не ми спомна ова, матичната докторка уствари ми го даде упатот за цела крвна слика
Епа не знам зашто не ти кажала, секој пат ќе ти бидат покачени. На сите ни се, затоа и не ги испитуваме воопшто или и да ни ги испитаат не им обрнуваш внимание. Немај гајле, и мене и на сите трудници им е исто, немаш зашто да се загрижуваш.
Нормално е, седиментација е до 12 мене ми е 25. Триглицеридите ми се 7, холестерол 7.28. Се од ова е нормално во бременост, не се секирај. Немаш причина за грижа, следно нема ни да ти ги испитаат.
Бев ми рекоа хематом е поголем и да мирувам лежење повеќе... А еднаш прокрварев во 5та недела и ајде таман се осетив посилна еве пак сега... Тоа е и но спа ми дадоа 3 *2. Не ми рекоа за инекција само да продолжам по еднаш со циклогест
Лежи и немој на памет да ти паѓа да клекнуваш, дигаш, чистиш … проблематични се хематомите ама помогни му на органзимот да го разгради самостојно со мирување. Мене во минатата бременост од 7ма недела до 12 та си го носев и си крварев цело време … после бебето си порасна и него го снема… мене во систина ме боцкаа прогестерон депо секоја недела + вит ц и магнезиум секоја вечер ако боцкаш клексан или пиеш аспирин најчесто ги прекинуваат некој период
Нормално е ензими, холестерол и триглицериди да се покачени, но не вака многу над реф граници и не вака рано. @Baby warrior може и ништо да не е, може од многу препарати само да се кренати, ама читам во среда си на преглед, обавезно испитај се што треба. Многу е веројатно да е нешто моментално, ама не оставај на случај.
Ќе зборам со докторката во систина што да испитам … во оваа бременост без индикација ставам циклогест секоја вечер …. Засега не сум имала никаков проблем ама ради претходно изгубената бременост одма ми го воведоа после позитивен тест … сега читам дека прогестерон во големи граници и те како влијае на црниот дроб и ензимиве … не знам што да кажам, кога си изгорен и на јогурт дуваш
Девојки, дали на некоја од вас точно и го погодиле полот на бебето на 12+5 недели бременост? прашувам да знам колку е accurate
Па не ми спомнаа јас сабајле се боцнав клексан... Па и аспирин на два дена да пијам ми е кажано. Ах све со сила да бараш мислење од докториве. П. С сега се слушнав со матичниот вика аспирин исфрли ама клексан мораш да примаш. Па ќе видиме, фала многу за совет
Аст и Алт мене ми беа 80 со 60 така мислам покачени пред една недела и ми рекоа да исфрлам железо, пренатас, омега, оставив само фолна и б12 ми рекоа дека може и од мн суплементи да се покачат. Обично Аст Алт растат од вируси, масна храна, шеќери, антибиотик, кафе, аналгетици. Не се плаши. Припази малку со храната.
Кога има крварење прво што стопираат се аспирините, пиши му на докторот… да не направил превид да не не видел дека има препишано
Мене матичната ми погоди во 14 недела, се потврди и со Нифти, покасно и го правев. На втор скрининг веќе јасно се гледаше
Мене не сакаше толку рано да ми го каже полот,бев 13 недела бидејќи ако дошло до промашај,ука бука било со некои пациентки Ама затоа од пренаталниот тест кога ми се јавиа ми соопштија дека е машко..и прашав дали е точно 100 посто точно,бидејќи премногу сакав девојче,и таа ми вели абе машко е секако викам а може да се промени? Ми вика да,со некоја виша сила Баш се изнасмеавме слатко двете Што и да е,нека е живо здраво и весело