Килажа на бебе, веќе големо, на ехо нема да даде точна мерка. Мене ми ја измерија една килажа, се роди друга. И нормално е бебе да клоца. Тоа е најбитно. И посилни се удари, дека бебе е поголемо.
Абе мешиња да ве прашам,за лошење што ви помага? 27 недела сум,ама после јадење секогаш имам значи лошење,тешкотија и гадно чувствто во стомак-желудник,а не можам да се исповратам
Здраво идни мамички.. бремена сум со второ 38+5 . Бев кај матичната денес ме провери 3цм отворена рече ако нокеска не добијам болку сабајле да одам обавезно таму кај што ке де пораѓам . Некоја со искуство да каже колку и траеше отварањето или за колку време се породи .
30та недела и исто се чувствувам. Цела бременост ништо не ми беше, ни повраќав ни лошо, ептен ретко имав гадење од некоја специфична храна што до ден денес ја избегнувам. Како влегов во трет триместар почна после секој оброк да ми е вака тешко како што опишуваш или да имам киселини. Читав дека во овие недели многу жени се соочуваат со дигестивни проблеми. Како расте бебето притиска на црева и желудник, па затоа потешко се вари. Кај мене единствено помага вода и пешачење барем пола саат. И гледам оброците да не ми се многу обилни. А пустата гладна сум 24/7.
Мене за првата бременост со 4 цм ми приклучија провокација во 40+2 Од 9 сабајле и во 15:15 се породив
A ti za ovie 3cm imase li nekakvi bolki? Mene maticnata mi rece deka vtorovo pobrzo ke go rodam od prvoto ama jas ne veruvam vo toa, ima mnogu zeni sto vtoriot poragaj Im bil potezok I podolg od prviot
Мајки малку може ми е чудно прашањево ама до колку кила на бебе може да се роди природно?се оди ли на царски ако е доста големо бебето? Првото ми се роди 3100,сега второто уште во 31 недела беше 2200,така да до крајот може ќе биде и 4кг..докторката ми викаше да не јадам многу за да не добие и оно многу на килажа..
Братучетка ми роди две деца по 5350кг природно..тоа за јадењето нема врска,ништо не јадеше од што имаше лошење до крајот на бременоста па и двете деца се родија доста големи..и да си јадиш,ако е големо за природно ќе ти кажат. Јас со моево јадење сигурно 8300кг ќе го родам
Јас првото го родив 4кг а сум ситна, малце повеќе сум шиена ама битно искочи природно пред раѓање нешто мерат карлица мерат стомак и проценуваат дали ќе биде или не природно
Продавам перница за трудници од Lala Pillows и перница за доење од Виббо. Пишете ми лп ако на некоја и требаат
Една блиска колку јадеше, колку се поправии, а бебе 2600 роди. Друга од повраќање и ослабе многу, па дете 4 кг роди. Ти јадела, не јадела, бебе влече од тебе што имаш резерви во организмот.
Цела недела бев со 2-3цм отворена,неправилни болки имав дури бев дома,кога стигнав на болница ми се смирија и цтг беше мирно. Точно после една недела се породив, без провокација. Во 39 и некој ден се породив.
Симонида Котларова? како си задоволна од докторката? кај нејзе сум на втор скрининг на 27 прв пат ќе одам кај нејзе.
мене за ќерками ми викаше матичната големо е до крај 4 ипол кила ќе направи нз шо нема да можеш да го родиш природно ти си ситна. а беба се роди 3140 како ја измери толку поголема незнам. јас мн не им верувам на тие мерки да е се во ред ептен да не изостанува со килажа . никогаш нема точно да измерат колку е бебето внатре.