Исто читав од природни работи… маслиново една лажица со исцеден лимон една лажица на гладно сабајле … ама дали во бременост ова би било дозволено кој да знае … ќе зборам утре со докторката
Јас искрено не можам да поверувам, колку те испоплашија сите… те молам отвоти ја лупата пиши и ќе видиш за истово што ти зборам. Ако сакаш ќе ти ги пратам моите крвни слики, да видиш дека на ниедна не ми е испитано се тоа што ти напишав.
Можеш да земеш сируп за смирување на кашлица ако е сува бел слез или лозенге за грло со исландски да го навлажни грлото. Више си во поодмината бременост нема да смета. Има мислам хербифит сирупи тие се за под една година бебиња и ги даваат и на трудници ако се одолжи ептен кашлица. Распрашај се.
Се изначитав и сакам да верувам дека едноставно организмот така ми реагира на бременоста Хаха абе стално кога ќе те читам ми зрачиш со позитива секој коментар Матичнава моја не е за верување … затоа и закажав во понеделник да ја сменам кај нова инаку не бев паничар за здравје никогаш се додека не ми се случи прелошо сценарио и сега сум целата во стравови … не можам да гледам доктори
@Baby warrior мила јас со првата бременост имав хепатит ц . вредностите на аст/алт ми беа мислам до кај 34 колку што се сеќавам. а вредностите за хепатит ц ми беа мн високи со тек на време се качуваа преплашена бев цела бременост дали ќе биде се океј и дали ќе се пренесе на бебето среќа се испадна во ред се породив подле година дена од како завршв со доење се лечев го излечив. така да, да не се плашиш дека е хепатит ц . од некои лекартва да не ти е можеби.
Како установи дека е хепатит ц.Испитуваше плус нешто,мене ми беа еднаш покачени алт и аст и холестеролот и триглицериди мисе покачени ама ми кажаа дека од лекарства што зимам премногу од тоа ми е
како викаат многу беше , малку остана. @Feniksgirl со лесно само нека е . ќе се гушкате уште малку со беба
37ма недела, правев ЦТГ - бебе 10ка ми рече докторот. Ама не сакаше ни да го мери, ни ехо, ни чуда овој пат. Рече веќе тоа не му е битно. Се' што треба да се гледа, има на ЦТГ. Ехо следно пред да се пораѓам ми рече, да видиме да не се завртело. А мислев ќе го видам бебушот денеска. Колку е искулиран Димитров, и мене ме опушта максимално. Дури грижа на совест имам што не се секирам пример колку тежи, намалена ли е плодова вода, зошто не ме виде на ехо и тн.
Мене па Ќаев, не ме праќа на цтг, ми вика се гледам на ехово, нема потреба. Имаше право за докторов, само пофални зборови имам за него. Уште малку имаме.
Кај Ќаев ке се пораѓаш? Јас сакав кај него ама мија препорачаа Ели Т.Николова за близначки бремености и кај нејзе си одам на следење.И јас сум наредна недела кај неа на контрола 34 недела ќе бидам,валда тогаш на цтг ќеме стави.Ми имаат кажанк кај близнаци порано се почнува со цтг.
Па се надевам, он ме следи, немам зборови за него, префин и стручен. Сите само пофални зборови ми кажаа, на сите паники дури сестрите на гак беа као слушај го докторов, нема да згрешиш. Дури и сам ми рече, за било што мене ќе ме бараш.
Иво е срцка ептен. Да беа сите на државна како него, ќе прецветеше клинички центар... Со среќичка. Знам дека сме тука некаде и двете.
Хаха скроз исто. Не осеќам ниту страв за мене или бебето, ниту нешто за бременоста, ниту пак од пораѓај се плашам. Толку му верувам на докторот и се чувствувам сигурно.
Девојки, од нигде никаде ви се убацувам, дали во Чаир за време на пораѓај телефонот ви е достапен цело време?