Само брис вагина ми зема со спеклум.Инакх јас на грб неспијам цела бременост,нени можам а знам матичната ми кажа на грб несе препорачува спиење
Па не знам зашто, не сум слушнала за природно вака, обично клизма им ставаат. На гак е со чепче, исто вака од претходниот ден ама за договорен царски е. Мислам брзо делува чепчето.
Да јас се сеќавам со син ми од како се породив неможев во вц да одам и ставив чепче одма делува , А на пораѓај клизми досега не ми ставиле во болница , и со првото и со второво ваљда заборавиле
Во 12 недела ги зимаат,а јас и 20 недела по мое барање си направив после одмор инаку мислам дека само 12 и 35 недела се прават брисеви.Ако грешам нека ме поправи некој
Ако не ми спомне матичната да ја прашам за овие брисеви во 28 недела, рано сум уште. Пракса е кај сите доктори или не ?
Не, кај новата што идам сега ми рече ќе правиме пак во 28 контролни. Во претходна бременост кај што одев (и во Систина паралелно) не ми бараа во 28 недела, и јас тогаш прашував, се чудев овде. Очигледно сите си имаат различна пракса, ама во 90% случаи вака прават ко што пишав погоре. Претходниот матичен ми рече ако ти биле првите уредни нема потреба контролни.
Да и јас одам во Систина и кај матичен баш ќе се консултирам, некако посигурно ми е да направам. Ама како ќе кажат.
Трудници со бебчиња свртени надолу со главче, дали чувствувате чепкање/грепкање доле или само моево ме чепка баш кај што не треба?