Смеам да јадам рум плочки? 36та недела сум Трудница бе, да не помислам на нешто благо Ова тромесечие само благо ми се јади...да си надокнадам за првото
Во Состона не бараат во 28ма. 12та и 34та ми зедоа мене. Т.е 12 кај матичната ама повеќе и не се вратив, продолжив само во Систина за прегледи. И ми бараа следно 34та во Систина.
Мајки што сте родиле во Гак како сте задоволни од таму, ако може да ме упатите малку бидејќи сум од друг град а ме праќаат таму са раѓам?
Да си касниш слободно. И да јадеш, колку ќе јадеш, а и па колку pум има во нив. Ништо нема да му е на бебо.
Да ....тешко дишам ако качувам скали или слегувам да ако одам повеќе време и тогаш.. Се е пореметено во организмот ....
Да, прашував пред некое време баш за истово. Ај да речеш последен триместар то на почеток не ми беше јасно од каде. Скали до втор едвај качувам, со паузи. Се туширам и ко маратон да сум истрчала. Не сум анемична. Си направив филм едно време викав ехо на срце да правам.
Прв триместар не можев воздух да си земам, мислам се гушев. Особено кога јадев ми се случуваше, тахикардија и гушење. Сега во трет пак почнува, со паузи зборувам
Здраво на сите. Еве ме и мене во оваа тема. Бремена сум, мн рана бременост, 5 недели. Пред 3 дена (на 29.10.2024) на ехо потврдена бременоста. Но имам еден проблем деновиве, ќе бидам малку подолга, се надевам ќе ме разберете: Последниот циклус ми е на 28.09.2024, по мои математики со календарот овулацијата околу 8ми Октомври. Е сега баш таа недела после циклус не пазевме, баш и кога беше овулацијата. Потоа имавме еднаш односи на 19.10.2024 (еден или два дена пред терминот за добивање. На 21.10.2024 веќе имав бледа црта на тестот дома, на 22.10.2024 бета хцг беше 42.96. Дали има шанса бременоста да е настаната на 19.10.2024? Ме фаќаат такви анксиозни напади деновиве, не се издржува (имам претходна голема и тешка приказна заради која имам анксиозност).
Не е возможно да е тогаш фатена. Од претходно ти е, плус веќе знаеш кога ти е овулацијата. Така да, немаш потреба да се загрижуваш.
Во првиот и третиот триместар е најизразено. Е сега зависи и каков втор имаш, мене најубаво ми беше во втор, ама се задишував, па се погоди и лето, најтопло до сега.. и се на куп.
Здраво вчера бев на прв скрининг докторот кажа дека со бебето е се во ред само мене ме загрижуват што по последна менструација сум 13 нед и 2 ден а бебчето е 12 нед и 6 ден 6,59 см е дали е тоа добро? докторот вика супер е ама јас почнав да се загрижувам, на почеток кога ми кажаа дека е помало не се загрижив толку ај си реков ке изедначит ама ништо
Јас се задишувам се повеќе, најмногу ако зборам леле мислам воздух снемувам, и по скали исто гледам се полека и да не брзам ама се заборавам Цела ноќ храна сонував леле
Е де, 3 дена големата разлика. Зависи како ќе ја повлече линијата за мерење. Плус не се развиваат сите бебиња со исто темпо, не може да се исти мерките за некоја што е 1.85 со маж 2 м, и некој пар до 1,65 висина. Уживај и гали меше .
Здраво на сите. Во понеделникот бев на ехо во 29+4, и докторката ми кажа дека за разлика од изминатиот преглед кој што беше на 27+, главчето на бебето заостанува 4 дена, пример одговара за 29 недели а сум била 29+4. А пред тоа во 27+ кога бев на преглед беше 3-4 дена понапред. Останати мерки ок, килажа исто само ме загрижи тоа дека помало. Ми закажа за две недели преглед па тука ми остана паметот. Дали да почекам или да барам и друго мислење. Во прилог ќе ги прикачам мерките па може некоја од искуство ќе ме смири малку барем до следен преглед. Ви благодарам