Женски имам едно прашање Утре влегувам во 14та недела, од кога влегов во 13та цело време имам некој исцедок како зелена боја нема мирис и не ме чеша. Ми зедоа брисеви но резултатите не се готови. Сакам да прашам дали некоја исто имала така исцедок, а да немала бактерија. Чудно ми е затоа што ниту мириса ниту ме чеша, а скоро цел ден ми тече.
Ај види ако кашлаш суво земи исландски лишај или бел слез да смири а ако има секрет земи јаглика или тимјан да ти помогне да искашлаш сепак имаат одредена концентрација за разлика од домашните. Да не се мачиш 5 дена се доволни. Консултирај се со докторот сепак.
Сабајле нели пишав за повраќањето, продолжи во текот на денот уште 2 пати обилно и така ми е тежина на желудник. Сега мерам температура 37.5, само ладно ми е и тежина од повраќањето. Дали се ова симптоми на некој стомачен вирус или на што ве асоцира? Се плашам да не сум се затрула нешто. Исто јадевме со маж ми, него не му е ништо. Дијареа немам. Не знам дали да посетам лекар, не се чувствувам ни па ептен лошо. Само за бебето ми е, се надевам не допира до него.
Стомачен вирус не се плаши,сите се болни периодов,бремениве најмногу не фаќа,имаме ослабен имунитет. Нека ти помине па оди на контрола за бебе,ако ти е прелошо оди на дежурен ќе ти уклучат инфузија витамини.
Обавезно посети лекар миличка, да нѐ дихидрираш од повраќањето. Ми личи и мене на стомачен вирус. Оди ќе те видат па ако треба ќе ти пуштат инфузија со витамини. Не се грижи за бебушка, ништо нема да ѝ биде на куклата, убаво се заштитени тие. Дај Боже што побрзо да ти е подобро.
Фала женички. Уште едно прашање, каде одите вака при вакви ситуации во Скопје? На ГАК или инфективна? Или сепак да си појдам до систина.
Мамички јас сум од друг град, а треба да се пораѓам на ГАК. Е сега она што ме интерсира, бидејќи кај нас е јавна тајна тоа, на докторот и сестрите што те пораѓале да дадеш пари за и одпосле да ти посветат внимание, дали и на ГАК е така бидејќи незнам како да постапам досега не сум запознаена а не би сакала после пораѓај да не ми обрнуваат внимание бидејќи не добиле пари?
Инфективна. Систина сигурно во дневна би те примиле ако треба инфузија. Ама спрема ова што го пишуваш не ти е алармантно. Многу течности, електролити пиј, не се форсирај со јадење многу. Го поминав пред некоја недела се откорнав и пролив и повраќање, ама 24 часа е најјакото, после повеќе омалаксаност само.
На докторите не сме дале пари,кога испаѓав купивме некоја бомбоњера,алкохол и го дадовме на докторката и сестрите што беа на смена,добив убаво внимание и од сестри и од доктори јас бев многу задоволна,само знам дека чуварот му барал на мм појадок да му купи,пари да му даде за да ми донесе некои ствари(воа е пред 6год)
Докторите на лице место гледаат и протоци, ич не се секирај, ако нешто им е сомнително ќе ти кажат. Побитно е пропорционално да се развива, различни доктори во ист ден различно ќе го измерат. Плус ако добро памтам до две недели +/- се толерира.
Брз лек за дијареа? Се напив сега еден линекс од мака не ни прочитав дали смее. Ужасни болки во стомак за во вц и дијареа вода... не знам дали е од некое јадење или што ама наеднаш ме фати сега и од вц неможам да излезам
Virus e, spas nema. Ke pomine. Pij elektroliti da ne dehidriras. Nikako cedeni sokovi,ovoshje osven banana,dvopek,kompir varen. Den dva trae. Imas srekja sto ne povrakjas. Jas zavrsiv dva dena na infektivna,epten go zakaciv.
Првпат вечерва видов како ми се мрда стомакот од преткањата на синко леле се прерадував цело попладне е активно за оваа морав да ви се пофалам
Ништо на никој не сум дала, поминав преубаво. Ме породи докторка , врска да кажеме, ама само ме породи. Пред и потоа, супер однос од персонал.
Смееш Линекс, слободно. Го поминав и јас, три дена бев со дијареа и страшни грчеви во желудникот. На банана, варен компир, јогурт, супа, и чај од нане бев. Среќа не повраќав. Чајот малку ми ги смируваше болките.
Пред месец дена поминав еден стомачен со повраќање, сега па дијареа. Све ми личи овој пат дека е од нешо храна. Ми останаа 3 залчиња палачинка со кремови купена вчера и земав ја изедов. Може и од тоа нешто...
се извинувам , ако не ти е проблем дали можеш да ми кажеш кој доктор? и јас се мислам да де породам во чаир ама се зависи докторот има некои што никако не дават
Мајки како сте Што од старите членки породените што од новите Дојдов да ве посетам дека ми фали темата 2 месеци скоро има како сум породена Татко ми во меѓувреме се разболе месец дена и ми почина Уште не сум свесна за загубата, душата ме боли Бебето само ќе го нахранам тоа што треба и толку, поголемото осеќа дека јас потполно сум уништена, ме боли кај срцето и раката лева, охххх ви се пожалив на оваа убава тема Ама се сеќавам и кога бев бремена и чекав со нетрпение до доаѓањето на бебето со вас @BellaBibi душа уште е тука, злато од жена. Секогаш беше за сите овде