Систина инфузија во дневна болница е 8500, ако имаш осигурање да ти врати, оди. Пошо забегани се со цените. Јас на гак идам, ако нешто ми е, не дај боже, и систина пошо имам осигурување. Па ми враќаат пари. Иначе скапо е систина. Како си денес? Беше некаде да те видат?
Жалам за загубата. Како некој што изгубил родител, и тоа буквално стануваш и го нема, ти ја разбирам болката. Немам зборови да те утешам освен дека ќе се навикнеш на болката. За среќа ја имаш таа мала среќа во раце секој ден да ти го прави денот поубав а воедно и животот. Времето не лечи, само те навикнува на болката, а за жал тој период мораш да го поминеш.
Знам дека е изгор, ама среќа имам приватно па ми прават рефундација. Ама не отидов нигде, синоќа сум заспала, од денес веќе фала богу немам температура и не повраќам. Уште имам гадење, тешко ми е од помисла за храна и пиење. Се силам по малку двопек, варен компир и полесна храна за стомачен вирус и орс електролити. Бебево послабо е активно, тоа ме загрижува малку сега, ама ваљда дека сум и јас млитава и тоа е такво.
Жалам за загубата. Ама имаш две сонца, кои ти го греат срцето. Нема начин како би дале утеха за загубата. Верувам дека ти е претешко, ама имаш за што да дишеш секој ден. Тука сум уште за се што треба
Дека си и ти истоштена затоа и тоа, не се секирај, ништо не и е. Короната колку ја поминаа трудници, ова е мал стомачен вирус, које еве полека поминува. Биди на полесна храна и денес, па ако се подобрува, ќе си се вратиш регулар како што си јадеш, ако те загрижува мрдањето, касни нешто што ја размрдува ќе се јави одма.
Вчера имав така малце појаќи сечења доле ниско и позади во кичма ептен онака јако жигање.И цело време мисе одеше по голема нужда а неможев да отидам.И пишав на докторката што ме води ми кажа да отидам до на гак,цтг мирно бебиња активни само малце беше скратен цервикс а затворен.Зошто и како ми се случи така наеднаш незнам.Еве одсабајле пак кичмава и ниско,ама со послаб интензитет.Цел живот зимурлика сега врелини имам цело време станувам навечер жива вода и седам со отворена врата даме фати ладно,вода ако не е ладна од длабоко 5 литри ќе испијам нема даме освежи.Порано се бањав се попарував со вода,сега со 20 степени се бањам.Чудо се хормони
Нормално е, и за цервиксот е нормално и да е скратен, еве сум 37ма, секој ден имам такви исто ко тебе. Не ми би мерат веќе цервикс. Докторот ми рече следен преглед ќе ме прегледа и вагинално, да види да не сум почнала да се отварам. Тие се предосадни се, ептен.
Јас сум 33+3 денес после тебе сум каде,каде цтг ми направи,ехо и вагинално цервих.Прв пат така вчера мисе случи обично некревам паники и несум паничар.Ама штом ми пиша докторкава да отидам и отидов.
Не се секирај, сега почести ќе стануваат. Мене па навечер во спиење ме фаќаат почесто. Преку ден помалку. Не знам веќе ни со магнезиум до кога, едни ми викаат прекини, други пиј.
И јас ги имав сабајле и искрено малку ме исплашија, 25+ недела сум. Синко беше многу активен па некако се смирив, и среќа еве прекинаа. Уплав имам од тие едни менструални болки, дека така имав тогаш кога ми се појави кафениот исцедок и се таму ми оди умот.
Јас дека прв пат така мисе случи,ама сега веќе знам дека е нормално,веќе натежнува повеќе стомак притиска повеќе.Цела бременост ова мие втор пат да отидам на дежурно,ама ете све беше во ред помирна глава ми е
Јас сеуште пијам,ми кажа докторкава ако осетам повеќе така болка дасе напијам уште еден,насабајле калциум зимам,и сеуште ставам Циклогест.Валда до крај ќеме тераат со него дека близнаци.