Да ама, за почеток доволно ти е малото. Сталено големо не зимај, ги читам после сите се префрлаат на платични заради тежината.
И мене ми се воспалија. Во секоја бременост ми патат непцата. Исто повраќам од паста и четка додуше. На скоро секое миење заби повраќам. Сменив еден куп пасти не помогна тоа. Мораш да се ослободиш од крвта околу забите, таа го прави проблемот. Мене само овие ме спасуваат. За меѓу заби се. И целата крв истекува. Не смее да имаш крв. Јас повраќам и кога ќе осетам крв во уста, ама ако си упорна по еднаш на ден ако не можеш два пати, за неколку дена ќе се среди, се помалку крв ќе има и на крај ќе престане па ќе ти биде полесно да продолжиш да чистиш за да не се воспалат пак. Јас последниве години секојдневно ги користам овие, освен што забушавав на почеток на бременост поради гадење и пак ми се воспалија непцата. Во суштина мораш да ја тргнеш крвта околу забите не смее да стои таму. Ако можеш да издржиш сосем малку паста на овие четкичиња, ако не на почеток и без паста ќе ти завршат работа.
Знам и за тоа дека големите се многу тешки, ама и многу има што ги користат затоа се мислам дали да ги нарачам овие дали ќе ми се од корист или да си купам посебно, @BellaBibi што би ме советувала.
И јас би сакала да ме советува Биба. Дали ми е доволно за почеток едно шишенце стаклено од 120мл? Го зедов и јас Авентот, па ме интересира дали е доволно едно?
Мамички едно можеби смешно прашање, можеби и не е за тука ќе ми простите. 37 полна недела сум до денес, треба да се пораѓам во Скопје на Гак, а сум од Валандово. Пред 2 недели имав 2-3 лажни контракции едно по друго на 2-3 минути ама беа со страшни болки како вистински. Наеднаш почна да ми се кака имав силен напон мислев бебето ќе излезе, плус болка силна во стомак и плус во половината. Од силна болка почна да ми се врти и повраќа. Незнам како седев на шолјата. И така на 2-3 пати. Е сега маката ми е, бидејќи секако ми требаат 2 саата додека стигнам до Скопје, се плашам како ќе патувам ако и на вистинските контракции постојано ме тера на какање? Мислам дека повеќе се плашам од тоа, отколку од самите болки
Земи сиги овие тисе пластични мислам,кеги искористиш кога ќе потпорасне како и дае ќети треба поголемо шише
Јас сум за стакло на почеток, од причина што е пластика на почеток, за мало бебе не ми е баш прв избор. Земав јас едно на почеток, зошто мислев ќе успеам да дојам и тоа да ми биде за секој случај. Ама зошто се исподеси што се исподеси, земав уште едно и доволни ми беа двете. Е сега дека веќе госпожа моја, пие по 120 ка, ми е потешко да го исмешам, дека е кнап просторот, земав големо ама пластично. Големите стаклени, сигурно се тешкички, па затоа земав пластично. Сакав да земам од тие од ДМ, ама ми беше ризик да не не ми прифати цуцлата, а баш во тој момент бевме на гости кај моите и имав заборавено шише да земам и пак земав Авент. Така што, ако сте со мисла / план да доите, земете едно, па по потреба докупете.
Абе какви лимфоцити . Хемоглобин гледај само од ккс и вкупни леукоцити, тромбоцити, не се замарај со други параметри нон стоп може да варираат. За жал скоро еден куп нѐ има што имаме боцкано. Ама тоа е.
Мајки што сте со мали тодлерчиња по дома, како ги (се) чувате од незгоди? Син ми нон стоп го пазам де паднал де ќе падне де паѓа ја го држам, само се штрецам цело време .
Зависи колкаво е, ама јас малиов никогаш не сум го пазела нешто од паѓање. Ќе падне ќе стане и тоа е, само треба да научи како да се пази, посебно главата да си ја пази. А јас сега пошто е поголем веќе разбира му кажувам дека треба да внимава на стомакот на мама дека може да го повреди бебето и немаме гајле.