Слаб ти е, види хлорид и оксид се синтетски форми, цитат глицинат се органски форми што ги има во природата и затоа телото ги апсорбира подобро. Земи поквалитетен магнезиум од овие што ти пишав, џејмисон цената е околу 1000ка кутијата, и тие од Now се исто толку ама имаат повеќе таблети внатре.
Ако се неработни, ќе одиме ко ќе е работен ден измеѓу . Баш тие недели е најдобро да се прави. Само да не заминат докторите на скијање .
Обавезно ќе ги земам,овие ми ги предложија во аптека како најлесни за поднесување ама јас си осеќам како грчеви па уште и се придржувам на 1 на ден,фала ти многу
Здраво девојки, некоја трудница што живее во Германија дали се има вакцинирано за голема кашлица, да сподели искуство ??
Користите некој Провен пренатални витамини и како сте задоволни? Ми ги предложија наместо ПреМама и ајде реков да ги пробам.
Као ги има истите витамини и минерали како ПреМама и плус пробиотик. Кој знае... Ќе ги пијам еден месец ги купив веќе...
Матичнава денес ми го измери бебево цела недела поназад. До сега на сите прегледи се си беше ок, ден два +/- ама сега 6 дена назад. Пред две недели бев на скрининг беше супер, две недели пред тоа преглед кај матичнава исто супер. Баш се загрижив сега. Искуство вакво некој?
До крај на бременост го водеа една недела поголемо. Си се роди 3200 не е ехото најпрецизна мерка. А и знам дека се толерира недела плус/минус
Да знам дека толерираат, ама ете одеднаш ме загрижи. Постелка е ок скроз, протоци гледаше и тоа е ок. Пола бременост помина супер и сега одеднаш според неа последнава недела не напреднало ич. Втор пат ме вади од памет, се надевам и овој пат ќе испадне без причина.
И првата бременост и сега од старт бебушите ми ги мерат недела поназад. Ене го ураганот мој 2 и пол години, што викаат старите ќе те купи ќе те продаде. Не се стресирам јас за тоа воопшто, не се до толку прецизни мерки тие, зависи како ќе фати да измери. Без гајле, недела дена отстапување не е ништо.
Мене цела бременост недела дена понапред, идам 31ва ми вика си одговара за неделата… се преплашив, од кај сеа, нели понапред, и за на крај после три недели да ми го мерат 3 недели поголемо и да ме прашуваат дали сум сигурна за менструацијата…. И еве уште е три недели поголемо според мерки. Не се наслонувај, не можела да го измери убаво.
Ако ти е на мисла провери си хемостаза со д димери или отиди кај некој специјалист што стварно знае да гледа ехо. Ама стојам на тоа дека ехото е субјективна метода и дека различни луѓе различно мерат, не е за секој сонда (не ме прашувај од каде знам ).
Пред 2 недели ме гледаше Петровска од Систина на скрининг. Планирам и пораѓај кај неа, ми влева доверба. Она дури рече да не се боцкам за џабе за димери, одлично е се и супер напредува бебе. И сега баш ме шокираше матичнава. Како и да е сепак ќе си правев хемостаза, ама чекав за 2 недели заедно со скриен шеќер Со првото 10 дена беше покасно и сите ми паничеа, не можев да ги убедам дека таман си е имав многу касна овулација. Претходниот преглед ме испаничи женава со брадикардична утерина артерија, па демек дехидрирана (не бев), па трчав пак на други мислења и се беше ок.
Абе не секој што има ехо апарат знае ехо да гледа, цела наука е тоа. Верувај на Петровска, жената си ја знае работата .
Да те раскрвари нема, само може несакајќи да поткачи капиларче и да имаш розевко на бришење. Раскрварување е да тече тече крв, а тоа неможе да се случи при вагинален преглед. Ни прва ни последна ќе си, што можеби, би имала крф на бришење. Си правиш непотребен стрес, за нешто што е банална работа.