Ич не верувам во тие мерки, од што нема простор неможе ни да се измери убаво.. Мене ми рекоа 3600 макс. се роди 5кила ..
Кај тебе па ептен ја утнале Моите со 500г помалку ги измерија и двете. Се родија поголеми од предвиденото.
Во понеделник имам закажано преглед и ќе договорам царски со гинекологот… се плашам да не ми пукне водењакот пред тоа или ме фатат болки. Вчера цтг беше мирно… дали има некои знаци претходно како болки и слично пред да дојде време за пораѓај?
Ако си прворотка нема што да се плашиш, во просек кај прворотки пораѓај е 12-15 саати. И да се деси ситуацијата што те загрижува, за тој период ќе се организира царски. Инаку освен паѓање на чеп, да си отворена неколку прсти, немаш други предиктори дека пораѓајот би бил за некој ден. И пукање на водењак не е гаранција дека ќе се отвориш, јас сум пример. Не се оптеретувај ќе си биде се во најдобар ред.
Не @Autumn Love во понед треба да закажеме ден, па затоа стравувам порано да не биде нешто заради тоа што природно не може ми кажаа. Се надевам ок ќе биде се и ќе чека бебе
И да не го закажеш, ако тргне процес ќе ти организираат царски докторите што ќе бидат на смена, ништо страшно не е
Да прашам, ако ми пукне водењак, шанси нема да промашам така? Се познава тоа. Со ова веќе мочањево на секои 5 минути и зголемен нормален вагинален исцедок, не знам дали ќе познаам. Во понеделник сум на преглед, ми е страв да не ми пукне да не не познаам.
Намалена ми е плодовата вода, ме пратат на три дена. Сега не знам дали исто ќе тече, пошо е намалена. Па малку ми е страв да не не приметам до понеделник.
Не можеш да утнеш. Тоа е поплава. Кога ми пукна од нигде никаде (добро 42 недела фаќав), ни болка осетив, само огромна количина вода по нозе. Па и високо да напукне пак е поголема количина од исцедок вагинален.
Се разликува бидејќи кога ни се моча, се додржуваме и одиме у вц. Со водењакот е течење на поголема количина (не како сега што сме контстантно како подмочани ) без да можеш своеволно да задржиш.
Кај мене беше проѕирно како што се сеќавам. Баш топла вода. Е може и сукрвица да има да е измешано. Ама да го утнеш нема шанси.
Oва пред крај паники, фала ви девојки. Јас дека со намалена плодова вода, па си викам да не не тече кај мене така. Ќе се обидам да издржам до понеделник.