Мамички, сепак го купив Сенсифер плус...многу ми го фалеа во Хербал дека е добар и ефикасен! И веќе го испив првото! Е сега е време за нес кафе - ладно матено ммммм, мм е задолжен за кафето и ептен го погодува!
Се надевам дека ќе изгледам убаво, со мешето 5 мин понапред од мене. Хехе обавезно ќе постирам некоја сликичка, како сум изгледала. И добредојде и од мене во оваа тема, со лесно да си го износиш бебчето.
Ти благодарам мами, незнам за тебе, но јас обожавам да се "перчам" со стомачето за првата бременост одвај чекав да можам да носам трудничка гардероба уште од четвртиот месец ја купив а тоа за беља до шестиот месец ништо не ми се познаваше ! Уживај миличка, уживај со покажувањето на мешето во прекрасен фустан!
@slobodka ако има ++ не мора да значи дека имаш бактерија. Пред некој месец бев болна и докторот ме прати крв да ми земат и мокрача да оставам. Јас си реков, ај веќе кога оставам, нек направат и уринокултура на приватно. Цела бев во паника кога на основната анализа на урина видов бактерии +. Докторот ми кажа џабе си правела уринокултира, немаш никакви индикации дека имаш бактерија по другите параметри. Уште и се шалеше да се кладиме. Уринокултурата беше без бактерии по инкубација од 48ч. Муабетот ми е да не паничиш.
Ајде мамички кои сте дежурни ми треба ваше мислење.Осекам како да ме фаќа настинка,како температура да имам и грло по малку да ме боли,коски..и се по ред.Утре одам на доктор ама страв ми е да не ми е полошо,да не чекам до утре.Една докторка ми кажа во бременост само парацетамол може,еве го до мене ама страв ми е да пијам да не е штетно.Вие сигурно со искуства подобро знаете *
Ме снема мене со реновирање се зафатив пред 2 недели бев на преглед д-р првпат ја гледаше циркулацијата од папочната врвца до бебето и рече дека не е како шо сака и да се вратам по 2 недели.Денес бев пак реце дека не е ни подобра ни полоша циркулацијата и дека заостанува со стомачето а е 500г повеќе во килажа од пред 2 недели.Утре ми рече да проверам д-димери и коагулација.Ме загрижува ова со циркулацијата
Леле мила немој да се нервираш,оди кај друг доктор обавезно второ мислење немој да му ја мислиш.Мене пред една недела еден од памет ме извади демек плодот не се развивал како што треба.Па плакање нервози цел ден се додека вечерта не отидов кај друг и не ми кажа се е во ред.
Мое мислење е да идеш и да побараш совет и мислење од друг доктор Не паничи и не мисли на лошо ако бебето си качува на грамажата и ако си е во ред срценцето немаш потреба да се грижиш многу само пиј што повеќе сок домашен од цвекло и моркови или цвекло и лимон ќе видиш подобрување @game123 не го пиј парацетамолот одма земи лимон исцеден без шеќер испиј или краставички салата нешто по течно и нешто киселко а утре на др. кажи му каква ти била состојбата а апчињата колку се арни толку и штетни
Девојчиња, ко што реков кубурев со притисок цел ден и ме задржаа во болница. Ми дадоа таблетки и ми мерат на пола саат притисок. Спадна на 120 со 70, цтг одлично бебе ужива. Ќе видиме утре што ќе кажат ама ми мириса на царски. Докторот ми вели дека 38 недела е ок да се стискаме со бебе, зрело е, пораснато, реактивно.... Се читаме во породилни приказни наскоро
Обавезно дека ќе барам и 2ро мислење само не ми е најјасно шо значи тоа.Не рече ништо само контрола за 10 дена и д димери да проверам.
@Едно Чупе баш те мислев каде си што те нема, и јас мислам второ мислење барај, мене пред некое време ме преплаши доктор кај нас во болница со нешто и бев повторно во плодност да не пропуштиле нешто на скринингот, и докторката рече се е во ред. Убаво е да се слушни и друг доктор а и решение ќе се најди. Другарка моја имаше слично нешто, за малку ќе примаше стероиди мислам, не сум сигурна, зошто одбиваше храна бебето, па ене го една година има здраво, право и си напредува. И главно што и велеа сите да нема никаков стрес. @<3 pleza4e <3 мила што случи? И да прашам, сношти ме касна комарец на колено на 2 места, коленото ми потече како топка и цел ден ме боли на допир. Сега е оттечено ама уште боли, се чудам зошто толкав оток, има гајле?
Срцка за комарецот не се замарај јас пред 2нед бев рендее од комарци и ништо ми поминаа,ништо не ставав а ако те боли и не сплавнува во аптека има едно сретство за мачкање мислам беше што ги мачкат бебиња апнати од комарец и не е токсично и штетно за во бременоста ...иначе сега се прскам со Бекутан спреј против комарци за бебиња и раат сум поз срцка до тебе