Јас лежев и кога ми пукна осетив нешто во стомак, застанав на нозе и истече водата. Баш баш вода е, проѕирна, се разликува од исцедок, и да е намалена мое мислење е дека нема да промашиш. Да знам дека може да напукне горе водењак и со денови да тече по малку,ама пак би познала членката, се разликува од исцедок па ако примети такво нешто сигурно би отишла и на дежурен. И јас бев затоа што мислев дека ми е напукнат си правев филм, ме гледаа со спекулум и кашлав за да види докторот дали ќе истекува, среќа не беше пукнат ама цтг детектираше контракции па си примив зреење во 31ва недела. Така да @Feniksgirl ако има нешто сомнително не се мисли и оди си на преглед. Што е најбитно биди си смирена, се ќе биде во ред.
Бев се вратив пред саат, се е оке. Понеделник сум пак, ама мочам на 10 минути, па и плус нели зголемен е исцедокот, и веќе не знам што да мислам… и се надевам ќе издржам до понеделник.
Не, ништо нема. Ама и бебето ми е карлично и движењата се така доле, мислиш нешто ти се откачува цело време. И сеа понеделник дур дојде паники ми е страв да не не приметам а тек понеделник сум на преглед..
Може и да не ти истече цел како кофа вода. Ама дека ќе осетиш кога ќе пукне тоа сигурно. Јас баш како балон што пука го осетив, и бидејќи лежев во кревет станав за да не направам лом, очекував цел наеднаш да истече. Ама на секое притискање на стомакот тече вода, и баш како што кажаа и другите неможеш да го контролираш за да не потече како кога ти се оде во вц.
мене со двете кога ми пукна дури звук слушнав нешто како буб направи и наеднаш млаз вода нз како да ја опишам бојата млечно проѕирна . Со ќерками пешкири ставав во кола. цело време течеше. Со син ми ми текна си ставив подлога за пресоблекување и одиме во кола и мажот ми вика што мириса на мачки во колава викам сигурно плодовата вода така мириса
Па изгледа се лажни,ама понапорни.Бев пак на цтг мирно докторката што ме следи ме провери 1 прст сум отворена.Да следам движења на бебиња понеделник сум пак на контрола.Фала богу активни се ги осеќам цело време
Уште некни ке ти пишев Спремај се по дома ти ке раѓаш веќе кај и да е 34 гн полни имаш мислам Инекции за зреење имаш ли примано?
Да примив на 33+4 и 33+5 2×2инекции за зреење.34+1 сум денес дај боже да издржиме до 35+0 барем.Бебиња мрдаат,цтг мирно сега засега.Понеделник сум пак на контрола
Au pa jas i ti sme tuka nekade so nedelite kako toa prst otvorena i lazni kontrakcii imas, jas uste nisto nemam, koga ti e terminot tebe?
Колку ке поседат плус од денес е плус за нив да стават некој грам повеќе Но и сега да се породиш они се созреани и способни за живот Колку се тешки според ехото? Кинтракциите не ќе да се лажни штом те отварат
Извинете ајде само да пишам има многу девојки овде што следат.. Имав купено две карти за со сопругот за марија шерифовиќ, ама не ме бива некако периодов од бременоста. Доколу некој сака да купи нека ми пише. За блок 4 се за седење.
Кашлам ама по тро на моменти само ...ама бебушов не го чувствувам многу а сите велат дека треба сега повеќе да се чувствува... Ти како си ??