Мамички имам прашање до вас дали може некако да си го превземам видеото од чукањето на срцето на бебчето? Дали постои опција снимката да ми ја префрлат на усб? Сакам да си го зачувам како спомен
не мора и не може цел ден да го осеќаш, и они одмараат ,спијат, еве на пример вчера сабајле бев до град и во движење дека на дали еднаш клпцна не бев ни сигурна, во автобус не ја осетив воопшто тоа беа 3-4 саати дури дома кога си дојдов се опуштив тогаш се размрда . Кога си во движење најмалку се се сеќаваат , јас кашлам уште не толку ама кашлам ,не можам да искашлам убаво, се мачам ,вчера дури исповратив па ми олесна. се надевам ќе помине што побргу.
Не на државно,ама не сум во Мк,само мислам дека и кај нас ехата имаат усб приклучок па доколку побараш можеби би можеле да ти ги префрлат за успомен
Јас си го снимав од ехо екранот, убаво се слуша, можеш да замолиш докторот да ти го пушти да го снимиш и да ќути
Телефон во рака и снимај си го кога ќе ти го пушти на тв, јас така цело време правам за секој преглед. Кај мене матичната ми е срцка ептен и преку апликација на mindray ми пушта еден куп видеа и слики.
Исто и мене, од секој преглед имам слики и видеа. Ама глас нема на видеата вели кај некој се слуша, кај некој не. Не ми текнало до сега да снимам, ама наредна контрола ќе снимам, бар едно видео да имам со срценцето.
Исто и мене ми кажа докторката, кај некои вика нејќе видеото и нема глас. Лично кај мене има, сум немала проблем до сега со видеата на апликацијата. Да си снимаш, најмил спомен е.
Жени каков парфем користите? Тие што ги имам не можам да ги поднесам , се гушам. неможам никој парфем да го поднесам, сите ми се јаки.
Леле напорно е со парфеми, скоро секој ми смета… моментално girl of now - lovely на elie saab ми е поднослив ама по малку. Инаку се намачив да го најдам Let the good times roll спрејот на lush и ете го ми стои месец дена затоа што не можам да го поднесам а ептен го сакав
Мене ме фатија вистински слаби контракции вечерта кога ме примија за закажан царски утредента. Ме боцнаа дијазепам и се потсмирија и издржав до царскиот без болки
Мајки како сте? Јас 36недела почнувам.. од ден на ден се потешко и по неподвижно се осеќам Бев на прошетка сега околу 10.000чекори болки во препоните ептен,знам дека е нормално од самата тежина,бебе активно 24/7,го сеќавам како ицка ама мислам дека ептен е спуштено долу,кога ицка главчето го сеќавам скроз доле под стомакот што се вика Спремно ми е се,сега чекаме,се надевам нема да оди до 42 недела како првото дете
Па за 36та недела 10.000 чекори во една прошетка, супер што си издржала, препоните веќе од тежина реагираат Бравоо Јас од 6.000 чекори, 33та недела, ама со 2, па да речеме е слична тежина внатре во стомак како ти сега и после тоа 2 дена лежам со болки доле не можам да станам Ама памет не доаѓа
Јас сум 37 +1 ден ...се осеќам како тенк се ми е мачно и исто осеќам болки во препони го осеќам понекогаш кога се мести дури ме боли кога се тегне...Со првото се породив во 38+3 се надевам и со ова..
Со лесно мајка, уште многу малку ти остана до гушкање! Машала, 10.000 чекори во 9ти месец, браво. Јас сум 26та недела, можам да одам многу, движењето ми годи ама мноооогу брзо се заморувам и осеќам притисок доле. Се надевам дека е нормално, бебка веќе почнува повеќе да тежи. Не ми е сеуште така мачно, ама полека но сигурно одеме натака!
Мајки со предходен царски рез или рез од абдоминална операција, имам едно прашање дали кога бебче мрда во пределот на резот чувствувате појака болка? На бебче главчето е баш во тој дел каде што имам резови од предходни операции и движењата не се ни да речеш силни туку така како лазење/ролање а мене знае така силно да ме заболи дури се стегам..
Прва бременост ми беше, ама имав резови од операција лапараскопска. Кај резот над папокот, имав баш болки на моментот. Особено како растеше стомакот, ептен ме болеше.