Мајки извинете едно прашање пред нецели две недели ми беше откриен како хематом, па имав како некое крварење кафеавко па само 2 пати во бришење како свежа крв отидов на дежурен се беше ок со бебеко и хематомот не се гледаше, па ми прекина исцедокот 3/4 дена веќе ама ставив вагиналета пред 4 сати се разбудив за мокрење и во бришење кафеав исцедок и уште не измочана ми испадна кско неколку мали парченца како ткиво така лигаво иста големина, дали е за паничење или тоа може да е од хематомот сто се чисти? Дали хематомот така може да се исчисти како ткивце некое???? Совет ве молаамммм
Јас сум со предходен царски, плус и доле ми е бебето поставено сега...го осеќам секое мрдање баш, а ударите околу раната се болни
јас само осеќам на десната страна како пецкање на моменти, нормално рече деке е гиникологот таму е со нозете клоца, ја провери раната се е ок па ќе видиме како ќе тераме. 16+6 сум јас моментално, а 3ипол години од прв царски има поминато
Слична ситуација имав и јас некаде 7ма недела , претходно кафен исцедок, па потоа еднократно прокрварев розево накај црвена крв и ми кажаа дема имам пододлепување на плацентата , но следен преглед кај другиот доктор што ме води немаше такво нешто и ми рече дека е некоја стара крв(бидејки си продолжи кафениот исцедок со парталчиња-ткива) дури и ме чистеше со газа но продолжи исцедокот и во наредните две недели, па потоа некој ден имаше некој не. Исто ми напомена дека можно е од вагиналетките да се случува, сега сме многу осетливи и при апликација може да се повредиме и да се насобере малку крв која додека да истече коагулира и ја менува бојата па станува кафена. Дополнително читав дека самите вагинални и го луштат делот од грлото на матката каде што се аплицирани, па и од тука може да е исцедокот. Мене сосема ми престана исцедокот некаде пред две недели, а терам 13та недела со близнаци и се е во ред со нив, тоа е најважно. Многу ми е читана оваа тема и ти ја сваќам скрос загриженоста, но ако си покриена со прогестеронска терапија и ако се сведува само на кафени исцедоци без да има било каков проблем со плацентата и бебето , мислам дека немаш простор за грижи. Јас боцкав Пролутекс додека траеше тоа, но веќе ми прекинаа.
50ка е кај што праат скрининг ли? пол саат ја барав и прашував никој не знаеше или не сакаа да ми објаснат каде е
50ка е за скрининг и супервизија а 28ца е за фетален скрининг и супервизија. Една до друга се, одма до наплатниот пулт десно. Внатре има грчко знаме.
Дали некогаш ви се слошува од нигде без особена причина? Еве трет пат ми се случува да одеднаш осетам забрзана работа на срце, потешко дишење, благо вртење, вознемиреност, нагони за гадење, и се тоа трае можеби цел ден ама со мал интензитет. Од никаде почнува. И одеднаш ќе го снема. Мерам притисок, 105/63. За некои е низок ама мене и во други ситуации ми е горе-долу таков. Баш утре сум на гинеколог, ќе препрашам ама да видам чисто да не имате некое искуство. 23 недела сум. Исто така на последнава крвна слика еритроцитите, хемоглобинот и хематокритот ми се малку намалени и ми дадоа витамин.ж Ц од 1000 со Глобифер форте. Денес конкретно ова ми се случи откако ги испив сабајлево на гладно, после некои 20тина минути. Прв пат ги пијам.
То паѓа шеќерот, носи со тебе нешто благо. Често ми се дешаваше. Еве и пред некој ден исто ми се деси. Мерам притисок исто низок, што секогаш ми е. Се напов кока кола и одма ме крена. Си влече бебето повеќе. 38ма сум.
37+ сум Последните 2-3 недели повеќе сум жедна отколку гладна. Ама мнооогу жедна, како да ми се суши устата и грлото. Не знам дали е сув воздухот дома или така телото ми бара. Скриен шеќер, просекот и сите тие анализи за шеќерот ми беа во ред кога проверував. Утре сум на цтг, ќе ја прашам и докторката, ама ме интересираат и вашите искуства.
Исто, жива ненапиена се осеќам… ко дехидрирана да сум, а не сум… не знам зашто така. А пијам многу вода, и онака мочам на 10 мин сеа уште од водава бетер.
Женички од што може да ме боли цела снага кога станав сабајле од спиење? Имам болки како да сум правела стомачни, мускулите ме болат и грбот како да ме тепале со стап. Ви се случило ли вака? Загрижена бев за бебуш ама растура од сабајле па претпоставувам ужива.
Е да, исто и јас така. Изгледа е нормално во последните недели. Што повеќе мокрење, тоа повеќе рехидрирање. Друго да прашам, дали џигери јадевте во бременоста? Јас на почетокот мислам дека не, ама сега последните 2-3 месеци свекрвата баш убаво ми ги спрема и не можам да одолеам, на неколку пати јадам (мислам дека се јунешки). Некаде пишува дека не смее поради вит.А, а некаде па да се јадат за железото. Затоа и почнав да јадам.
Ауу ја јадев, и тоа од Алтан тука у Ск, најубав џигер има. 100 пати јадев, превкусен ми е, плус ја со железото проблеми, така да јади си немај гајле.
И кај мене е се во ред, а сабајле се будам многу жедна, со сува уста и грло. А немаме клима во спална за да си речам од тоа е.
Од месо моментално и општо секогаш бел џигер ми е највкусен. еве синоќа излезени бевме имаше мешана скара не ја ни чепнав ама џигерче сакам или готвено месо во рерна ми е вкусно само да не е скара не можам да ја поднесам