Да 2 наеднаш ама ако ги кршиш потешко се голтаат дека остри барем мене така ми беше па престанав да ги кршам
Нема ич. Утре сум на ЦТГ пак, и влегувам во 40та недела... Вчера на свадба не пајдушко, не ужичко... Се изнарипкав, викам ајде може ќе помогне. Ама не и се излегува, џабе што и да правам. Како си ти?
Убаво и е внатре значи. Јас утре сум на гак за преглед и најверојатно прием. Пошо сум царски зашто е карлично и е над 4кг. Па од утре некој ден ќе биде. На 5 минути сум у вц од што се осеќам влажно од страв од тој водењак веќе. Ама сите рекоа шанси нема да не осетам, па се смирив малку. Ама така измешани емоции и не ми се верува дека дојде тој дел од бременоста. 38+ веќе.
Леле со среќичка. Да кажеш како ќе поминеш утре И јас трчам се у вц, ама не е водењакот хаха. Као среќа да беше. туку си притиска бебето
31ва недела, веќе 3 дена многу ретко го осеќам бебето, претходно клоцаше,дури на стомак ми се познаваше, овие 3 дена ептен ретко дали 3 4 пати во денот и тоа нежно, само како вибрации. Дали е нормално, во среда сум на преглед, ама како ќе издржам незнам. Се плашам да не се има нешто случено, да не не е нешто во ред
И јас утре полни 39 недели, во 40та влегувам. Бебево нема намера да излегува, мада многу е смирено со клоцкање и стомаков ми е поприлично стврднат. Се надевам неделава ќе се одлучи да излезе Феникс, Лејди на двете нека ви е со лес
Може да е свртено со грбчето на предниот дел од стомакот и затоа така да го осеќаш по малку,чим го сеќаваш не е страшно,некогаш повеќе,некогаш по малку,нормално е
Прашував да и накрај се решив за 100% природно оти многу брзо се одвиваше целиот процес. Во болница кога стигнав бев 5 цм , Болеше но брзо се отварав и еве сега сум свежа веќе