Исто ми беше коа дознав дека треба да сум царски. Ептен некако се разочарав, и се изнаплакав дури. Иако ми рекоа има време ќе се сврти, знаев дека нема. Џа на крај намалена плодова вода од 34та и у страв секој ден, и си реков, како сака нека е само бебево да ми е живо и здраво. Не ми е сеедно ама, тој царски милион бебиња спасил. И тоа е пораѓај. Битно со лесно да поминеме. Ама јас мислам да немаш гајле, имаат тактики како да те породат и природно. Плус буквално може од денес за утре да се спушти. Само позитивно.
Бев на преглед, неможев да дочекам до среда И фала богу, се си е во ред, бебе си мрда,си клоца, пораснато е, моментално 1850 грама, за 31ва недела се е ок, ми олесна.
Па да, на крај битно е да е бебето живо и здраво. Другото ќе помине. Ќе чекам и ќе се надевам, петок сум пак на контрола. Како помина ти денес?
Супер, баш ми е мило Си имаат и бебињата свои периоди кога се помирни ама најбитно е дека се е во ред
30+1 сум пред два дена бев на ехо се е супер, свртено со глава надолу на деснаа страна, грб и газе нагоре покрај папок( и тука цело време ми е подиспакнато и по тврдо па разбрав зошто е така ) раце и нозе на лева страна пуштени и баш тука цело време осеќам како мрда тешко е 2.060 се изненадив мислев помалку е, побарав цервикс да ми измерат оти само тоа мислам периодов, 41ми беше. Четврток на контрола кај матичниот ќе видам што ќе каже
Леле Викиииии па ти веќе во последната фаза влагаш. Овие бебенце периодов, најубави новогодишни подарочиња. @Feniksgirl до кај си ти девојче? Прво ти е и на тебе? Двете бебиња не ми се спуштија воопшто, дури и царските траеја подолго оти требаше и нив да ги тегнат. Првото бар просечно бебе беше, ама второто ми беше големо бебе па имав и многу болки што ме ребреше цели 42 недели натискано горе поблиску низ уста природно ќе ми излезеше.
Лелеее мила, не ми се верува дека полека ни се гледа крајот, со лесно да ми ти е. Како неќни да почнавме да пишуваме сите тука, уште малку нѐ чека пораѓај. Јас за некои 10тина дена влагам 7ми месец. Само со лесно да ни е на сите идни мамички! Цела сум исповозбудена, многу измешани емоции, не ми се верува дека за брзо ќе сме мајкички!
Женски гестациски во 24н се испитуваше? Матичниот предходната бременост ме заборави во 28н сама правев па ми искочи повисок резултат, сега сакам на време да фатам тоа да не има проблем пак
@Yowannty @QweenSM како поминува време се по страв ми е што е нормално знам ама посилно е. Јас многу размислувам за припремата за пораѓај како ќе биде срам ми е од се што следи, знам глупости и тогаш најмалку се мисли на тоа ама ете. Друго страв ми е дали ќе купиме се што ни треба, дали ќе погодам ствари, дали ќе имам се да не заборавам нешто... некако си замислувам дека раѓам и готово нема излагање од дома Буквално до сега не осетив ништо ми летна времето недела по недела посебно после 20та. Докторката што ме прегледува планираме она и да ме пораѓа, вели јас сум за природно да пробаме рано е, здравје само.
Освен Линекс пробиотик за пролив дај кажете лек природен? Кашлицата се намали , уште кашлам ама посмирена сум, почна носот да ми тече како чешма и еве денеска цел ден имам пролив, преку глава ми е , јас на што ми стана вака не памтам да сум била болна одамна, буквално пропаднав во фаца, не можам да издржам веќе. Многу ми е мачно. Немам сила воопшто. Антибиотик Панцеф пијам уште два дена ќе го завршам.
И јас имав еден период, каде и покрај клексани, димерите се покачуваа, ама се друго беше во ред и постелка и протоци и бебе. Две недели +- , се толерира за развој на бебе. И ништо неможе да биде за една недела. Некои жени не ни проверуваат димери. Особено во странство. Аспирин ти имаат дадено?