33та недела, не можам да седам од удари. Две се, дали се закачаат и се провоцираат едно со друго, па затоа мрдаат, не знам. Ама цело време се маваат, дури ми е страв да не се повредат меѓу себе, ете јас какви мисли имам Затоа што навистина мнпгу се активни, па се мислам и тоа дали е добро, да не им смета нешто, ај наскоро сум на преглед, ќе проверам
Те сфаќам многу добро, зошто дефинитивно гледам да сум свесна во текот на денот во однос на движењата, битно ми е дека има движење, се помирив дека нема да се секогаш силни удари. Кај мене може не е плодовата вода во прашање но факт е дека имам пола матка и таа колку да се шири не може исто да биде како кај цела матка. Сите ми викаат најкритичното го помина но сепак мене и овие недели ми се тешки зошто само мислам дали има доволно простор да расте. Ама ќе издржиме, ќе биде добро се, одиме кон крајот
Исто и кај менеПоследно кај Димчев кога бев го прашав дали може внатре меѓу себе дасе удираатДа не искочат модри испоклоцани меѓу себе
Па реално, ние се пазиме да не го удриме или да го стиснеме стомакот, тие се маваат внатре со клоци, само тоа ми е мисла, колку да не сум раат
Ми кажа Димчев може дасе клоцат исто и внатре,ама си имаат преграда неможе дасе повредат во никој случај.Да се во една постелка е друго ама си имаат две засебни постелки
Зошто на Ремедика не можам страната да ја отворам? Не можам да видам ни кои доктори се. На кој бр закажувате?
Мене ми ја отвара нормално страната, сега пробав remedika.com.mk Закажувам на бројот на гугл што е, +389 2 2603 100.
И мене така понежни тој период, и си варира од ден за ден. Последниве три дена е турбо и рацете кога ги ставам на стомак за на телефон да си седам ми ги поместува цели хахаха. Не се секирај сега веќе како тегнење ќе осеќаш такво придвижување
Девојки 39+2 сум ама што приметив, стомаков под папок (баш тој дел) ми е многу мек, мање више како сало а нагоре баш тврд? И движењево на бебево го осеќам погоре , ваљда тука е со нозете и газето бидејќи одамна е поставено главично. Не знам од кога е вака, сега приметив . инаку цтг е мирно сеуште..
Честитки. Ова експресно бидна, нели вчера требаше да договарате термин? Како и да е, побрзо закрепнување и многу гушкања