Девојки, 5-ти месец сум и најчесто лежам, спијам, слабо се движам, а сите ми викаат мораш сега да движиш. Па прашањето ми е зошто е толку важно да се движи и пешачи?
16 часа бев со контракции, од 5 сабајле... Се отворив и 10 прсти, и епидуралот не фати. Болките си ги истерав баш убаво. Ама бебето не се спушташе за жива глава, цело време високо и со папочната околу врат. И сега во 9 вечерта ме внесоа во сала, и царски бидна на крај. Не се откажував до крај, ама тоа е... Хаха, последните две недели - урми, пешачење, односи, скали... И сабајле пред 5 ме разбудија од спиење болките. Ти пуштам среќичка.
Не се гледа, внатре цервиксот го мерат со рака. Како што кажуваш за интерваливе, не значи дека точно на 8 па на 8 ќе ти бидат болките, ама да не се нередовни, а кај тебе викаш дека се редовни цел ден. Отиди во болница нека те проверат и едно цтг нека ти направат. Ако си над 5цм може ќе те задржат, ама и да те вратат посигурно е отколку да не отидеш ич.
Prvite kontrakci na kolku vreme ti bea i sto ke kazes, se izdrzuvaat li? Ti znam i miom kako mene imas, se nadevam se e vo red.
Првите контракции беа на 7 ипол минути некаде, во 5 сабајле. На болница дојдов нешто пред 8, тогаш беа на 5 ипол минути, и бев 3-4 прсти отворена. После се отварав постепено, знам дека околу 15 ч бев 6 прсти. Да да, со миом сум. Ама помина добро се. Без гајле за тоа! Само ќе си кажеш дека имаш миом, и каде е лоциран.
Честитки Лејди, жива и здрава да е Кога можеш пиши ми на кратко како си задоволна и како помина процесот со царски во Систина, здравје декември ме чека и мене истото таму