Исто и јас како Бибка ќе ти кажам,ај уживај и не туку прашувај како што. Си била докторот кажал и тоа е тоа, сигурно ние овде не знаеме повеќе. Да било нешто сигурно немало да ќути
Па се движеа 50 - 60, и мораше да прима клексани ради мутации и почна да крвари од нос онака без да го издува или нешто, од заби.. Во првата бременост не беше толку изразено само на крајот примаше за да се качат да ја породат природно без никаков аналгетик или анастезија за болка. ( приватниве клиники не ја примаа ради состојбата), во втората бременост доста поизразено и мораше декортин да прима и после пораѓај ии бебето терапии примаше дека и кај него беа ниски на почетокот додека се нормализира сепак кај неа во стомак функционирало со ниски.
Девојки да ве прашам дали некоја го имала овај симптом барав но не можев да најдам Дали некоја од вас се соочила како со треперење во долниот дел од стомакот и истите треперења ги чувствувам и внатре во вагината Дали да се обратам на гин утре?
Дали некоја имала исто или слично искуство, 38 и 5 дена никакви знаци за породување. Бепка ептен спуштена долу, но немам болки ниту сум отворена повеќе од прст.Втора бременост со првата природно породена една недела пред термин.
Леле, поради истава причина денес отидов на преглед во 34 недела, мислев дека е спуштено скроз доле и дека готово се отварам. А со индикации за царски сум договорен здравје за 38ма, се испаничив скроз. Цел стомак ми го изместува веќе повеќе од 24ч. Спијам на перница за доење и пак од сон ме буди клоцање /движење. Јасно ми е дека е поголемо веќе и дека му снемува место можеби, ама волку да е активно и толку силно да се осеќаат удари...
Здраво, знам дека е индивидуално според состојбата на секоја жена сепак сакам да прашам до која недела користевте циклогест/утрогестан. Јас од сам почеток сум со циклогест, две недели боцкав и пролутекс поради мал хематом. Е сега, 13та недела сум докторот рече да го прекинам циклогестот во ред било се хематом нема, бебе е супер. Во мисла ми е, да не е многу рано за сега да прекинувам ?
Јас до 20та недела ....Во 16та недела грлото му беше скратено и ми го продолжија до 20та недела Јас примав утрогестан од 100 2 пати на ден
Јас утрогестан користам се уште два пати дневно, 32+5 сум но јас сум со серклаж. Има членки и без серклаж кои користат прогестеронска поддршка поприлично долго.
Па не се сите бремености исти. 5 бремености имај, време за пораѓај, знаци и пораѓај, ќе ти се различни. Може одеднаш да почнеш да се отвараш и за 3 ч да се породиш. Ако ти е за споредба, имаш уште два дена до една недела пред термин, па ќе споредиш дали ќе ти е исто како предходна бременост. Јас бев два прста, др вика рано е, ќе се видиме за 3 ден, па вечерта завршив со прием во болница и утрото бев породена.
Честитки на сите што се породивте, да сте живи и здрави Да ве прашам, дали и кај вас беше вака, дали е нормално.. овие денови имам многу јаки болки во кичмата, на крстот баш, како укочена сум цело време, не битно дали седам,стојам,се движам, 31+ 6 сум. И уште нешто, многу често одам во тоалет, се утепав од мочање, на секој еден час, исто и навечер, станувам на час, најмногу 2, неможам да издржам, а течности не пијам, дали ми се собира 1 литар во денот
Ќе почнеш и на 15 мин да одиш. Рано е , чекај до крајот да видиш. А течности да зголемиш малце. Премалку е 1 л дневно. Бебе може те притиска на некој нерв и да те боли. Пробај топол туш, магнезиум и некоја удобна позиција.
Дали знаете колку е на клиника со упат уринокултура да се испита?На приватниве е 420 ден,па дали ми се исплати да се акам до државна или да си одам во најблиската приватна
Јас лани на клиника во институт за јавно здравје платив 80 ден. А во Пролече 150 ден. Не знам зошто толку разлика. Едит: за трудници не знам колку е, може да е и бесплатно, не видов дека во труднички си пишала.