Така барем беше јас кога бев бремена сите прегледи на државно беа бесплатни. Јас крвните слики, урината микробиолошки брисеви, ддимери и сл. Секогаш на државно ги правев некако поверодостојни ми се резултатите. За разлика од приватните лабаратории каде секаде различни резултати ми излегуваа и баш неточни.
Девојки јас се породив,дојдоа на свет моите близнациРоденден ќе слават во исти ден со тато.Тато си доби најубав поклон за роденден
Честитки мајка, многу ми е мило за тебе. Брзо опоравување, гушки до близначиња. Најубавиот подарок за роденден.
Честитки, да се живи и здрави и само да ве радуваат . Поубав роденденски поклон тато не ни можеше да си добие . На тебе мами ти посакувам побрзо опоравување
Честитки мами, да сте живи и здрави, многу се израдував Пиши како пројде кога ќе имаш време да знаеме што не’ чека
Аииии лелеее, честитки на двојната среќичка мамиии!! Нека му е среќен роденденот на тато, верувам дека поубав поклон немал!
Лелеее готово, помалце од две недели сме разлика ние со термини! Значиии можам да почнам со паниката. Честиитоо, големи да растат и со лесно на новите мама и тато
Јас, јас Еве ме денес 38+6. Сабајлево бев на цтг, нема контракции, веќе 2 недели сум 1 прст отворена и то е то. Терминот ми е 20-27ми. Петок сум пак на контрола, па ќе видиме. Ни останува само да чекаме ко ќе се спремни бебушките да излезат, па среќно нека ни е! П.С. денес баш му реков на мажот ми Ее така, ни масажи, ни урми, ни ананас, ни секс, ни ништо...е нема отворање Единствено шо можам сега, да почнам по скали да одам и чучњеви.
Девојки здраво, Некој користела ли појас за трудници како е задоволна и од каде го купила. Благодарам
Јас користам и сум презадоволна. Пред да го купам нон стоп чувствував притисок доле после пешачење или подолго стоење. Од кога го користам се препородив, немам притисок и можам да се движам повеќе. Го земав од Медикус Хелп (https://medicushelp.mk/p/285/pojas-za-trudnici)