Ти благодарам за одговорот. Прв пат ми се случува да се појавуваат во текот на цел ден и ме фати паника. Магнезиум се напив, утре ќе се јавам кај матичната за консултација.
Јас во болница се движев многу, станував постојано и дома од одма си функционирав нормално, сама се - се околу бебе, ручеци, по дома се. Нормално имав болки, ама сосема подносливи и се функционира нормално, не се плаши. Важно е уште таму да се форсираш, да стануваш, да се движиш, така најбрзо ќе закрепнеш.
Јас мислев дека до годините е ако не си спремен или паника те фаќа...Ама не било така ....Ќути не сум единствена со паникиве
@nikja честитки мајка Да ви се живи и здрави, многу здравје прво и сила да ги израснете во здрави и среќни момчиња, и брзо опоравување Исто јас се породив како денес мој роденден утре бебче дојде на свет
Првите 2-3 дена само ќе ти биде потешко, додека навикнеш. Треба да движиш многу. Во болница секако 5 дена ќе бидите, ќе имаш убава нега. дома кога ќе си појдиш ќе имаш минимални болки. Ќе можеш и да станеш сама и се друго. За 10 дена веќе поминало се. Со лесно
Најнормално нешто, се шири матката, што вика qween, баш со брзина на светлината. Ќе си појачаш магнезиум и ќе се смири, понатака исто ќе ти биде. Не се плаши, се е нормално, само позитивно.
Прво што ме праша докторот кога потврди бременост беше крвна група. Бев извадив нов резултат за посигурно и сум Rh негативна и тоа одма се запишува на прва страна во мајчината книшка и запиша прерачуна кога да ја примам. Во текот на 27недела до 28да се прими имаше пишано, ја примив кога бев 27+1. Распрашај се, после пораѓај мислам се прима пак уште една не сум сигурна.
Иста комбинација бевме со сопругот. Во двете бремености и после породување примив инекција бидејќки бебињата беа рх +. Во 28г.н се прима за време на бременост.
Ти благодарам многу ♥️ Ме смирија одговорите овде дека е нормално, вчера испаничив дека ги имав преку цел ден. Денес е подобро немам такви болки, земам и магнезиум.
Да, вагинално. Некаде до кај 15та недела, ама и после тоа имаше прегледи со вагинално ехо. Ништо не менува тоа во бременоста.
Јас се боцкав 10тина дена со inhixa како замена за клексан ми рекоа дека е скроз исто. Немав никаков проблем ниту за поврат на средства.