Бев на скрининг Весна Ливринова ми се погоди . се скапав од чекање ако не дојдеше една роднина што работи во детска хирургија којзнае кога ќе влезев , значи хаос гунгула не се знае кој влегува кој излегува. ај влегов легнав го соблеков стомакот за гел да стави уште 10 мин ја чекав си чепкаше на телефон . јас со стомак гол ја чекам. ме прегледа не зборуваше воопшто . додека трае скринингот влегоа уште педесет луѓе само да прашаат нешто и си седат со нејзе си прават муабет. не сконцентрирано и без приватност вооопшто. значи мн лошо поминав. ја прашав во ред ли се да да се е во ред. мереше кај мозокот мозочни структури цистерна магна била малку поголема да се следи кај матична. и се исплашив. а вика се во ред . ми закажа контрола за 4 недели пак оти не можеше да види нешто убаво не било наместено убаво бебето. значи нз колку време лежев ме скапа со вртење со ехото. ми се здосади буквално. незнам дали да одам пак на контрола . моја нога државна нз дали ќе стапне освен со јаки врски. арно не го откажав скринингот во ремедика реков ќе почекам да видам како ќе поминам. се израсплакав хормоните 100 ка . хаос. се надевам се ќе биде во ред . многу се разочарав си го изнервирав и бебето.
За жал на државна е така, хаос буквално од гужва. Јас ти препорачувам да си појдеш и кај Симонида, смирена е, зборува, објаснува, верувам дека супер ќе поминеш кај неа, не се секирај
обавезно ќе одам среќа не го откажав, само да е се во ред, многу се вознемирив и плус додатно и ова ме збуни постелката матичната ми рече дека е на преден ѕид а оваа денеска кажа дека била на заден ѕид, зар може да се смени ? А чудно ми беше многу почнав рано да го чуствувам и убави ударчиња осеќам со другите две бремености не ми беше така.
Подобро оди си на приватно, сигурно е се во ред, но ете за да не мислиш и да се смириш, за 4 недели ќе збудалиш, само ќе мислиш дали е се во ред, Инаку, јас лани имав спонтан, ме пратија во државна, не сум од Скопје, тука кај нас неможеше, и исто како што кажуваш, седнав на бокс,замисли соблечена, чакам 10 мин докторот да ме прегледа, затоа време влегоа и излегоа 10 други сестри / болничари, не ни знам точно што беа. КАТАСТРОФА. Едвај чекав да заврши тој преглед, ми рече дојди утре за киретажа, само што излегов,му кажувам на сопругот и од таму директно во Систина. Еве сега пак сум бремена, за сите три скрининзи бев во Систина, во државна уште еднаш нема шанси.
Ne se voznemiruvaj sto ti rekla, batali ja i onaka ne bila skoncentrirana na tebe. Poarno vo remedika, mene Afrodita Stomnaroska mi pravese screening bidejki Simonida bese na odmor no mn sum zadovolna, posvetena i kazuva so gleda so meri .. na drzavno dzabe si izgubila vreme i nervi.
И јас со претхофната бременост имсм мн лошо искуство со само еден преглед на ургентно на гак и тоа до ептен врска за тој однос мое здравје не оставсм таму, златна систина поселднсва година ипол имаме оставено преку 4-5 илјади евра за прегледи тестови анализи, предвремен пораѓај ама смиреноста и сигурноста што ја имам и јас и маж ми со ништо не се плаќа! Комплетно те разбирам!
Систина одев за ќерка ми цела бременост уживав буквално секој преглед кај Бојаџиев бев а скрининзи кај Гордана , две киретажи правев таму исто супер поминав, една киретажа државна расчепатена спремна за киретажа над мене уште десет специјализанти студенти. Се потсмеваат а ја незнам кај сум кај терам од тага за бебето. Кај Афродита бев за син ми супер поминав, насмеана испаднав од преглед жената злато се објаснуваше до раче до ноже прстиња до најмал детал, сега кај Симонида верувам дека ќе поминам со убаво со се како што треба само џабе се нервирам Тоа е , за жал за мирот за живците ќе си плаќаме дебело, при здраство ќе си плаќаме приватно.
Мене матичниот ми закажа кај Данева ај викам малку е тежок да не се оправам.. Секако имам закажано кај Афродита во Ремедика. Жената ме смирува и со сопругот исто све му објаснува и ми покажува све што гледаме. Немам коментар искрено. Идеме дома среќни со сопругот. Матичниот он е добар човек ама незнае да се понаша идеме на срцебиење тогаш да слушнеме надвор сопругот и јас сега се облакам и излегол му рекол не ја чуваш жената сериозен ... И излагам ме гледа маж ми вика што е работава како си, викам супер одлично има срцебиење. И излезе се крсти вика незнаев што да очекувам како ми рече.
Да се надоврзам еве и ја со непрофи однесување од доктор на Гак, ние испаничени лани со обилно краварење во 9та недела стојам и осеќам како тече по мене и плачам маж ми до мене ме гушка и влага докторот вика ајде соблакај се облечени не прегледуваме …. Се соблакам легнувам и не можам да се смирам и во еден момент ми се врти и ми вика ако плачеш нема ништо да ти кажам што се случува ќе си напишам извештај па читај после …. Маж ми кога излеговме позади параванот ми вика да не беше болница ќе го удрев да бев до тебе …
Мене уште одма кога останав бремена ми земаа крв и ми кажаа која крвна група сум, баш се чудам како тебе не ти испитале која крвна група си, мислам дека тоа е прво што треба да се направи. Мене само никој не ми кажа за инекцијава дали треба да се прима или не, а ниту јас знам во кој случај се пушта таа инекција, затоа пишав.
Јас кога бев настината и имав ужасна болка во грло не ми дадоа ништо. Парацетамол ми рекоа во крајни случаеви ако качам температура. Инаку гаргара правен нон-стоп со сол, сода бикарбона и вода и со чај од жалфија. Чајот никако не смееш да го пиеш само гаргара. Мене искрено солта и содата мн ми помогнаа, на секој саат правев и ноќе и следниот ден веќе бев подобра.
Жално, немаат искрено жал. И 90% што ја работат таа работа се такви ги знам ги посетувам од работа. На пријателка таткои е доктор ја породил и заминал не ја сошил, некоја специјализантка и оставила газа почнала да гнои да мириса и отишла пак да ја отвараат да ја шијат. Мајкаи викала не ти е срам свое дете да го оставиш така на други... А ние чекаме милост од нив по државниве.
заборавив и ова да го кажам си го враќам филмот јас кој пат да отидев државна секогаш расплакана си заминував тогаш кај Тофоски специјалист многу бил добар ме испоплаши матката ми била во т форма прво го скапавме од чекање мажотми збесна понашање никакво . Расплакана Систина правец Бојаџиев ме смири седнав на ехо ми објасни матката е како како што треба да биде на ехото ми покажуваше. кариотип кога испитував пак се израсплакав ме испоплашија ми рекоа може ќе родам и на 40 може и нема со мојот случај не се знае. Пак Систина кај Бојаџиев ме смири ми објасни се човекот реално смирено за мојот случај како може да се реши дека има начин не е страшно. Па еве фала му на златен Господ бремена сум со трето здраво бебче . Само од инфективна сум задоволна хепатитот кога го лечев смирено се со упат на време со докторката супер поминав.
Имаш закажано кај Котларова нели? Не се секирај, докторката збори постојано додека мери ти кажува според таа недела колку очекува да е мерката, многу е детална, вади слики од сите коски и органи. Ќе видиш кај неа дали ќе ти го каже истото. Не се стресирај од сега без потреба. За жал плаќаме здравство за никаква услуга.
Имам да кај нејзе на 27 сега, вчера ќе го откажев за малце ама ај викам ќе почекам да видам како ќе поминам посекако имам упат на државно чим извадила матичната ако поминам супер за што да одам на приватно ќе заштедам 7000 ден. Ќе идам обавезно верувам дека ќе поминам супер. 7000 ден ќе ги прежалам за глупости некогаш фрламе пари. Ваму го сликна убаво реков ќе ми даде слики ни слики ни ништо не добив за жал.
https://skopjeinfo.mk/bremenite-lic...yo_q-_vGOdTwJWDSdw_aem_oVRveeLR3M8avqf0JbY7tg Има некаде официјално соопштение?
Охлелеле жал ми е за тоа искуство јас имам па позитивно искуство искрено од Гак,и првата и оваа бременост не чекав воопшто точно на термин ме викнаа и докторите беа супер прв скрин кај др.Иво Ќаев супер позитивно искуство,втор скрининг кај доктор Ирена и супер поминав внимателно ме гледаше измери се и дури повеќе. Ти се погодило така,ќе си одиш во Ремедика. И многу се жалат од таа докторка дека е малку арогантна ама и стручна.
Жалосно е што во поголем дел од државниве клиники е така. Плаќаме здравствено осигурување зошто? За дополнително да плаќаме по приватниве болници. Секоја чест на исклучоци секако. Има и луѓе родени за работата што ја работат, а има и некои проголтани во системот, без никаква емпатија. И после ќе прочитаме “претепан доктор”… епа сами си се криви, ќе ти се погоди некој ќе ти филозофира зашто си плачела и ќе изиграва нешто. Мизерија..