Кога почнувате во 36та недела да одите на цтг на ГАК , каков упат земате и како одбирате доктор ? Со првата бременост бев со приоритетен бидејќи бев договорена приватно со докторот, па сега не знам кога и каков упат да барам
Мене ми беа 11 во крв а во урина ми беа супер, направив уринокултура само чиста ми беше. Друго не испитав ми рекоа најверојатно настинка мала
Никаков упат немав. Др што ме пораѓаше, беше на одмор кога почнав. Само одев и кажував дека сум за цтг.
И јас здравје планирам пораѓај на Гак. Ај само кажи ми ако знаеш, кога доктор ќе ми кажи до кога клексани да примам? На првото цтг да го прашам или?
Незнам 2 месеци сум прва бременост ми е после 8 години природно и се плашам....ми укина аспирин неколку дена да не пијам да видиме
Вие што пиете железо апчиња ,аптекатката ми кажа да зимам и витамин Ц.Може смешно е да прашувам дали смеам или не смеам ама више со ништо не сум сигурна...смее ли витамин Ц да се пие?Скриен шеќер плус имам Не знам дали тоа влијае
Вит ц. обавезно доколку пиеш и апчиња за железо, за да се "врзат". Јас прво пиев апче за железо, па по половина час витамин ц.
Овавезно вит ц со железо за да се сврзе. И да знаеш, за подобро да се апсорбира, 2 часа пред и после конзумација, да не конзумираш млечни производи и кофеин.
Спомни на доктор што ќе ти прави цтг , за да ти каже кога да преќинеш. Мене докторката што ми следеше бременост на Гак, ми кажа кога да преќинам. Е сега, да ме утепаш, не ми текнува до кога ги примав…
Имав докторка, врска да кажам буквално, што ме пратеше цела бременост. И кога беше на одмор и праќав цтг да види и си одев.
Епа добро за тој случај знам, минатата бременост одев и јас така си се договарав со докторот на дежурства кога е и одев пример попладне или слично ме гледаше, ама сега не знам дали да одам пак со таа варијанта или да си одам ваљда со термин е или не знам како функционира.. затоа прашав во случај да сакам да ме води некој доктор, како до термин кај него и колку време унапред да закажувам
Јас би идела варијанта , договор со доктор. Онака да идам и на мене да се учат специјализанти не фала. Јес да треба и они да учат, прегледуваат, за еден ден да бидат професионалци, ама ако имам опција договорен доктор, така ќе терам.
Јас немав договорено никој, пошо ќе ме пораѓаа порано без врска, се погоди др. Ќаев, пратен од Господ буквално, продолжив кај него, ме пратеше од 34та до 38ма и на крај ме породи он. Од 36та почнуваш во амбуланта 36, и таму секоја недела одиш на контрола, може да пробаш да се договориш, ако начекаш доктор што ти се допаѓа, да прашаш дали може да те води он. Мене Ќаев сам ми се понуди, не ми беше врска нит па имам платено нешто. Докторот е предобар и препосветен, да бирам утре пак би го избрала него, пак ќе кажам да не беше он ќе ме породеа во 34та недела без врска…
Не мислев на специјализанти, туку да си одберам доктор од клиниката што ќе ме води и да земам термин кај него наместо да треба да го барам таму да го бркам..
На последниот преглед пред една недела бебе беше наместено со главчето надолу сега сум 35+ но движењата ги чувствувам многу долу и некогаш имам како брзи вибрации многу кратко, малку чудно ми е тоа движење. Дали некоја имала слично искуство?