Од кога почнавте да чувствувате такви вибрации буквално како што рече многу долу и дали е нормално во 22 + недела? Нели е рано за тоа кај мене ?
И кај мене бебе е со главче надолу и буквално икањето скроз доле и го чувствувам, денес дури ептен ниско некои 3-4 прсти над вагината имам како некои чудни звуци како нешто да пуцка или да кркори и ми е баш езиво искрена да бидам. Некогаш чувствувам и доле како пулсирање и притисок за мочање а пример ќе отидам да мочам млазот е многу спор и полека како да не се доизмочувам до крај, не знам дали и на бешика ми стои па ради тоа.. Јас сум 33+2
Не грижи се и мене исто ми се случуваше некаде до 11-12 недела, постојано кафен исцедок, а еднаш и црвена крв. Бев на ехо докторката забележа мало пододлепување на постелката па морав строго да лежам. На следен преглед кај докторот кај кој одам редовно не забележа никакво одлепување и ми кажа дека можно е да е застарена крв која се чисти или од аплицирање на вагиналните понекогаш се ‘повредуваме’ а местото е нежно па знае да пушти исцедок. Кај тебе ако е само црвена крв веројатно е некое хематомче, обавезно оди да те видат на ехо, ама и мирувај, станување само за до вц.
Се чувствуваат такви вибрации на почетокот кога ќе почне да се осеќа движењето, баш околу 22ра недела, и јас така го осеќав, како вибрации, пулсирање, е после накај 27-28 недела веќе ќе почнеш да го осеќаш и како клоца и се движи во стомак
Па тука негде бев со неделите. А веќе 9 ту кога влегов, баш напикана беше во канал и ептен ја осеќав како да ќе ја измочам
Ја се жалев до сеа дека ми е тешко, ама како влегов 7ми, џизс лорд. Ми тежи бре стомаков, едвај седам, едвај одам, бешика немам мислам веќе, оштетена е сигурно. Месецов набрзински да изнакупувам све и после да ќутам, арно и месецов ако успеам се да стигнам.
Кај си другарче мое, те чекав да пишеш! Цела бременост ми беше песна, ама како влегов 7ми месец, па и наеднаш стомакот ми рипна, сѐ ми е тешко . Вчера бевме да пазаруваме, леле луѓе, само што шетав низ Кам и му кажував на мм што да стави во корпа, цела сила ми се зема. Сега овие недели ќе одам и јас да докупам што треба за бебка оти само на потешко ќе ни оди, па додека имам колку-толку сила да средам, оти 9ти месец мислам само да бидам госпожа.
Леле што е со стомакот, до вчера ми викаа дека ко 4ти месец да сум, а за еден ден како балон се надув. Мене физички ај што ме боли кичма, перинеум, ама со мочањево што праиме, од дома не ми се излага.
Да се пожалам и јас од 7ми. Преку ден немам проблем, 1000км навртев за 2 недели, ама поза за спиење не можам да најдам ме заболува кук на страна цела вечер, а кај е 9ти со поголемо меше . Ни трудничка перница, ни мали перници, никако не можам да се наместам. За спремање спремни сме, облека, текстил, количка, креветче се земавме, ама уште ми се шета, бар до влез на 8ми сакам уште некој викенд да прошетаме.
Еве го и другото другарче! Хранопровод ми гори на секои 2 минути, неможам да спијам, мочањето ми стана почесто, среќа не станувам навечер за мочање многу, ама за тоа денски си надокнадувам. Што убаво ви сте се опремиле, јас само што имам алиштенца и некои ситници, од поголемите ствари ништо немам, ама дефинитивно сега овие недели морам да одам, тешко ми станува ептен и додека можам да шетам да завршам со тоа и јас. Ве гушкам и двете, уште малку само девојки и ќе дојди и нашиот ред додека трепнеме!
Еве ме и мене со 7ми месец енергија едвај, како пингвин сум. Немам качено ни едно кило, ама стомаков како кошаркарска топка да сум голтнала јас уште немам ништо ни спремено ни купено, имам од поголемава девојка, ама башка сезона, кога ќе стигнам да средам се, еве не знам минута немам време да застанам. Со лесно на сите
Машала, сите сме биле тука некаде! Баш сите вас ве запамтив дека сме со некој ден +/- само, ама исто со нас е и @Bubicaljubica Ајде почни си по малку да средуваш мила, па до 9ти да ти биде средено после само да се чека бебче. Инаку, ве фаќа ли страв/паника за пораѓај? Мене до сега не ме фатило, ќе видеме како ќе биде кога ќе се наближи ептен терминот. Повеќе имам измешани емоции и секој ден се молам само да биде сѐ во ред до крај со синко како што е до сега.
Сума сумарум, сите сме 7ми месец и јас уште немам ништо купено за бебе, за првото веќе ми беше спремно се, сега па уште не сум почнала.. Следниве недели ќе одам да изнакупам све , па да переме, пегламе и после ќе чекаме
Примате во друштво наредна недела влегувам во 7ми (мислам ) ? Преку ден не се ни осеќам трудна, ама леле бе навечер. Ај што мочам, ај што ме болат колкови, ама не спијам бе луѓе. Не ми доаѓа сон. Едвај накај 2 може да заспијам, па да станам во 5,6. Па се вртам по кревет докај 7, 7ипол. Си враќам филм и со ќере вака ми беше ама во 9ти. И што е со ова повраќање навечер строго. Глава ако боли, поврати си, стомак ако боли, поврати си. Во живот можам да избројам на прсти од една рака колку пати имам повратено, ама ова бе надокнади. Инаку алишта имам спремно, само стои по ќеси во подрум кога ќе дојде ред да се пере. Баш се изнервирав сите алишта што ги имав за првите неколку месеци од ќерка, се е уништено од тие бејбитолот што ни капело. Кога ги пакував беа ок, ама реално 6 години скоро стоеа, леле кога отворив, леле кога ќе почнев да истурам црева... пробав да исперам, џабе, отиде се во канта. Инаку јас цел регал го напнав маж ми да нарачуваме, пошо немам место стандард. Сега го чекам да стигне, па после перење и средување.
Леле жени малку се подвижив од повеќе сега, кога ме фати болка долу ниско, не како менструална, како да ме тегне нешто и назад кичма исто ауууу грдо чувство. Пред некој ден бев на преглед се си беше во ред, грло затворено таман. Башка синоќа и сабајле плус се напив магнезиум. Малку ме спаничи ова, легнав одма
Јас од денес 32недела тоа е почеток на 8ми нели баш ќе се тркаламе за празниците 7ми месец мислам најмногу ми гореше хранопроводот и почнав да осеќам тежина. Јас сум крупна и висока и мислев нема да ми се познава стомак ама рипна напред и се оформи, мислев нема да сакам да се гледам ама убава сум си, личам на трудница плус лицето ми сјае Почнавме да спремаме детска соба и да купуваме секој ден по нешто. Месецов сакам да средам се да наредам, исперам, испеглам и во 9ти здравје да биде се готово со се торба за во болница Деновите ми летат, среќа се движам и средувам се низ дома, по малку со одмор ама завршувам. Спијам убаво да не се подречам, потешко ми е за вртење ама терам некако, јас ставам мала перничка под стомак, да ми е на неа потпрено и позади во должина на цел грб ставам друга перница, така убаво се местам и заспивам
Јас утре влегувам во 25 недела и денес цел ден осеќам мачнина. Ми се гади, ми се повраќа, ама не ми доаѓа од желудникот туку како да имам грутка во грлото, како шлајмови слеани и испозалепени немам ни апетит цел ден, само нешто свежо ми се пие или мандарини ми се јадат. Баш чудно вака од никаде кога ќе се појави нешто… ама тоа е. Којзнае уште што се не ќе ме снајде до крај Си викам може од сувиот воздух ми се слевале гадотии во грло додека спиев, па ќе си го вклучам вечер навлажнувачот на воздух
Јас и ти сме скроз исто со неделите и јас утре 25та Исто имам мака со сув воздух, наутро кога ќе станам како грутка во грло и се будам по 2-3 пати да пијам вода..
Денес сите маките си ги кажуваме изгледа па ајде и јас Како влегов во 8ми мислам дека дефинитивно многу потешко ми стана, иако од сам старт со лежењево ми е мака ама искрено барем за тоа психички се држев некако а сега гледам попушта психата на моменти. Сабајле си се испорасплакав зошто за се морам да чекам од друг, мака ми е што не можам да функционирам нормално. Среќа брзо ми помина, знам дека морам да бидам силна сега уште толку кога сум веќе на крај. Вчера и денес веќе почнавме со перење алиштенца за бебе, да бидат спремни зошто веќе може да биде било кога во мојот случај. Денес сум 33+3, тешко дишам, колковите ужасно ме болат на моменти па маж само ме масира. Навечер едвај се вртам некако, бебче мрда доле ниско доста и ме фаќа паника, хранопроводот ми гори и мене од време на време, почнаа и тие менструалните болки за и тие малку да ме испаничат и така Ајде ќе издржиме сите, мора