Ужас. Исто и за регланот кога прашував, па смеело, па не смеело, а секаде пишува дека е одобрен во бременост. Пред некој ден грло ме болеше да не можев да голтам, не сум смеела пранаром, ми даде некои бомбони со ѓумбир, само тоа смеело. Никој не сака да пие лекови, ама како е возможно само тука трудните со бабини деветини да се лечат. Една анестезија не сакаат да ти стават на пороѓај, не па друго.
Здраво,јас сум бремена 20+4 дена,момчето во мешето според мерките е 3 дена помало,дали има простор за паника?
Ајде и еден апдејт од мене. Во првата бременост што би се рекло киснев тука на форумов, а сега и на работа и со дете дома обврски еден куп и не ни стигнувам да отворам некогаш. Еве стигнав до 18+3 , некако време ми лета во оваа бременост. Утрово на преглед, се си е во ред, бебче тежи 250гр, супер е развиено, грлото на матка ми е 4цм, мислам дека е ок тоа? Го виде и со сигурност полот, но сеуште немам ни јас видено, вечет ќе дознаеме сигурно. Претходен преглед ми спомнаа дека е машко, па ќе видиме вечер Бебе го осетив првпат пред 3,4 дена. И засега тоа е тоа, втор скрининг по 3 недели па веќе и до пола пат стигнав кај да е Поздрав до сите мамички и со лесно на сите да ни е
Нема, уживај. Супер ти е грлото мајка. И ти веќе си на пола пат машала. Само со лесно да ни е на сите.
Буквално господова работа е ова. Јас ти пишувам да ти дадам поддршка како жена што изгуби бебе во 18та недела со константни крварења. Процедурата е мирување, прогестерон во сите можни форми вагинално плус боцкање… ехо прегледи на 2недели. Направи се што можеш меѓутоа само природата знае зошто се случува … познавам жени кај кои се стабилизира бременоста, за жал има такви како мене што ќе се измачат до 5ти месец и нема да дојдат до здраво и живо бебе. Ти давам поддршка зошто мора да си силна и да пробуваш на секој начин да мируваш и да имаш позитивна мисла. Од пишаното не се бега … ам после секоја бура доаѓа сонце. Сега повторно сум бремена веќе 3ти месец и оваа бременост не личи воопшто на претходната. Ти пуштам многу сила и истрајност бидејќи ќе ти треба!
Oo zal mi e Sto si doziveala takvo nesto , I cestitki za novata bremenost, so lesno da pominis ovaj pat I da si guskas zdravo I zivo bebce ❤️ Znam deka e gospodova rabota I toa e Sto e ako treba da bidi ke bidi , ako ne treba da bidi toa e , pravam SE Sto mozam , kolku mozam miruvam bidejki imam edno detence . Fala na poddrska mi znaci mnogu ❤️
Вклучи баби, маж ти секој што може да помогне штом имаш едно детенце не можеш да легнеш скроз а ваква ситуација тоа го бара. Од систина докторката ми викаше буквално ќе броиш и колку пати ќе решиш да станеш до вц … лежи на страна обавезно да не правиш поголем напор на цервикс на грб легната
Можам да кажам дека денес се чуствувам подобро со стомачниот вирус, толку тешко ми беше, а и цело време си викав само да не ме фати во бременост и баш кога ти оди паметот на нешто тоа и се случува.. барем кај мене така. Бебушка ме радува некако овај пат повеќе е осеќам бременоста од претходната, некако поактивно ми е ова бебе
Сабајлево бев на преглед кај матичната, 16 недела без 2 дена, постелка на преден ѕид, бебето е женско и тежи 193гр. Засега е се во ред, чекам уште рез од крвта, да го видам железото како ми е. Неделава да испитам д димери ќе треба, и така, да чекам втор скрининг околу Нг здравје.
Здраво девојки, на кој број или локал ги добивате на фонд ? Ми направиле хаос од работа со документи после 1 месец откако им ги дадов ги поднеле па да проверам дали сега е се во ред
Дали сте се соочиле со големи болки во долен дел на стомак и притисок и болка на срамната коска, иако грлото е со нормална должина? Посебно при одење и стоење во место. Пијам 2 магнезиум дневно и утрогестан земам орално, затоа што немало потреба вагинално според докторката. Инаку сум 18+5
Ги имав и јас тие болки баш во таа недела,сега се смирија,многу се плашев ама среќа таа недела си бев на контрола и бев на две мислења двете ми рекоа дека е се во ред,сепак посети си матичен
Јас ги имам веќе долго време. На претпоследната контрола ми зголеми доза на магнезиум, последната ми даде и утрогестан, а јас разлика никаква не осеќам.
Јас користам дабростон,утрогестан не сум користела никако а веќе сум 20та недела,не ми спомнале ништо освен кога се жалам така ми викаат повеќе магнезиум
Абре 20 та недела си. Чекај има време. Мојата постојано варираше, а и ехо не е веродостојна мерка. Да знаеш колку мала килажа и измерија на ехо, па се роди 3650 на 8 дена пред термин.