Напиј се магнезиум и седни/легни во опуштена поза. Чим не се болни, веројатно се лажни, а и на различно време се, може така ти се погодило плус и дека навечер. Мене од сабајле коа ќе станам стомаков ми е скроз мек, значи ко да немам стомак се осеќам, а навечер ми е секогаш потврд, некогаш затега повеќе па ќе сменам положба и се смирува. Ако ептен ептен те загрижува и после магнезиум не ти опушти, појди до болница на едно цтг ама искрено мислам дека ти се само лажни
Ајдее со лесно, ти посакувам брзо и лесно породувањее само смирено и позитивно, без страв и паника, за брзо си со бебенце во рацее
Почнаа полека да зголемуваат интервал сега се на 15, 20мин и пократко траат, одма испив магнезиум и одмарав ама не ми се случило до сега толку често да ги имам. Ме испаничија малку, веројатно си се спрема организмот како си одат неделиве. Фала ти многу, ме потсмири
Јас во прва бременост од 35гн бев со контракции на цтг од 60 до 100ка ми одеа, ама безболни, се породив во 41+гн со индукции , така да мислам дека чим нема болка ништо не е, сепак вистинските си болат повеќе или помалку,ама пак се осеќаат болки
Од кој доктор сте најзадоволни на ГАК за скрининг,мојава матична ко божем бираше бираше низ термини за да одбере кај најдобрата да ме пратела и ми одбра ама не ми спомна име,може ли некој повеќе да ми каже за вториот скрининг,многу сум нестрплива и малку сум паничарка по природа,дали го гледам и на 4Д или само обично ехо и дали ќе ми дадат убавки сликички?
Za skrining e najdobra ana marija spisic vo cair. Se objasnuva i go ceka bebeto da se svrti dokolku e loso namesteno. Jas si ostanav kaj nea, i ona e za rizicni bremenosti. Za gak mislam deka e dobra livrinova.
Јас лично искуство немам освен кај оваа што бев, имав закажано кај Кочоски а беше друга докторка некоја Бушиноска, така да не знам колку се погаѓа докторот што си го закажал. До тогаш не бевме сигурни што носам не се гледаше цело време или беше свртено или со папочната измеѓу. На скрининг кога ја прашав за пол одговори: аа тоа за сигурно кој ќе ти каже, ќе си видиш на порѓај што е. Ништо не ми кажа, ништо не можела да виде, не ме гледаше ни 5минути,ми закажа за две недели пак ама не бев. Бев на ехо кај матичниот и кај друга докторка и кажаа нема потреба да се малтретирам и стресирам пак немало никаква причина и индикација за нешто. Ама очекував премногу, скринингот го замислував како на филмовите, плус прво, долгочекана бременост па сакав маж ми да е тука да видиме заедно, да ни каже докторот се како што е, а не добив ништо од очекуваното. Оваа мое искуство не го земај здраво за готово таму има прекрасни доктори, не значи дека ќе поминеш како мене...
И јас бев иста од некни настината сум. Земав лути бомбони, се прскав прополис во грлото и навечер пред легнување на крпа врзував мед мене тоа многу ми помогна. Наредниот ден веќе не осеќав болка инаку не можев да голтам
Не знам зошто и мене секогаш ми ги испитуваат тие работи, а матичната ми вели ова не го ни гледај нормално е да е покачено. Веројатно на сестрата кога ми вади упат ја мрзи да ги одштиклилира.
Врор скрининг правеше? Е како да не се гледало, толку таа гледа. Ако е за втор скрининг, а на прв ретко и да видат. Кај мене докторот виде уште во 12 недела на првиот скрининг. Може да зависи и од позицијата на бебето и од појќе фактори, ама до 20 недела нема шанса да не се види
Исто мила, криво ми е заради тоа што докторката предупреди уште во 22рс недела а матичната не се согласи на клексани… само тоа е фала му на бога се е во ред бебе се роди и по малечка 2880гр само нема ништо после тоа си ставаат на килажа Со лесно да ти е
Што јадете, вие што имате киселини ? 34та недела сум, ги имам од 7ми месец, до сега некако се издржуваше, имав од тестенини најмногу и не јадев, сега веќе и од месо и од риба, буквално од се ме фаќаат, и многу ми е тешко, по цел ден осеќам горење,не се издржува.
Аха, и мене ми е подобро со мастики,млеко,или бадеми, но тоа е тогаш за тогаш.. прашањето ми е од која храна не се појавуваат киселини, за да нема потреба после да џвакам мастики или пијам млеко, ми се смачи веќе