Длабоко во себе знаев дека ќе биде се во ред, ама немаше да бидам мирна додека не отидам на друго мислење. Која разлика е од државно на приватно прегледи. и неможам да разберам па и ваму земаат плата , не работат без пари. толку ли е тешко да се однесуваат културно и како луѓе со луѓе со пациентите, да има ред и култура општа. уживав ремедика, пријатно спокојно , се за мерак. штета што немам можност да водам бременост на приватно и пораѓај таму. ама претеруваат со цениве само се покачуваат. за жал од што е катастрофа здраството ќе си патиме со празен џеб за услуга која може да ја добиеме и на државно.
мене па ладно млеко ми помага за киселини, и со претходниве бремености нз колку млеко имам испиено секоја вечер пиев по чаша две. сега со ова некако немам киселини или пак можеби е рано, дури чудно ми е што немам .
Еве апдејт од мене мамички: Се породив истата вечер 27.11 во 2.45, но на крајот завршив на царски со целосна анестезија И покрај тоа што ми пукна водењакот, бев и отворена и контракции, ама баш на контракциите паѓаа отчукувањата на срцето, а бебушот се крена нагоре и не сакаа да ризикуваат со чекање. Фала на Господ, сѐ заврши добро, се роди нашата мала принцеза 3200гр./49цм. Ви посакувам на сите ваква среќа и полесен пораѓај од мојот.
Честитки! Кои беа индикациите да те интубираат целосно, место спинална анестезија? Прашувам, бидејќи и јас ќе морам царски, но не би сакала спинал, едвај се опоравив претходната.
Здраво, кој има искуство слично како моето. Гинекологот што ќе ме породува сака да прекинам со клексан оваа недела, веќе сум 36+. Јас сум со клексан од трансфер имам и мутации, денес бев кај Нино во Систина и тој ми рече никако прекин до крај да се прима т.с. пред царски 24 саати мислам и после да продолжам уште некоја недела. Димерите денес испитани ми се 1470 треба да ми стасаат резултати и од хемостаза. Јас сепак си велам да послушам трансфузиолог.
Таа недела и ги прекинуваат. Толку бев и јас кога прекинав со клексаните. Посекако си во безбедни недели, за и ако дојде до пораѓај, бебе си е развиено. Јас би да слушаш гинеколог што ќе те пораѓа, зошто незнаеш кога би настанал пораѓај и дали би имало 24 ч поминато. И да си царски, бебе не бира кога ќе реши да излага. Можеш да имаш закажано царски пример за 29.12, а бебе да сака да искочи на 25.12. А за после пораѓај ќе примаш , ако треба. Ќе ти ги проверат и на испис од болница ќе добиеш насока дали треба или не.
Да послушаш. И со клексани се оперира нека не измислуваат. Се случува и итен царски порано од предвиденото, сабајлето да има примено клексан и до попладне е породена.
Мене Јани ме препушти на гинекологот но рече дека веќе во 35-36 е ок да се прекинат бидејќи ги примав цела бременост и дека лекот веќе има дејство ви крвта, гинекологот во 37ма мислам ми ги прекина. 39та се породив.
Јас примав по два клексани насабајле навечер (во 9 и 21h), имав закажан царски и гинекологот и трансфузиологот ми кажаа најдобро 24 часа пред закажаниот царски да ги прекинам. Но мојата девојка реши 20 дена пред закажаниот да искача (36+1 се породив. .Во болница отиднав сабајле рано во 7.00 со мало крварење, со контракции кои се регистрираа на ЦТГ но јас не ги осеќав, ниту па болки имав и со гинекологот решивме да чекаме до вечерта до 21 часот за да ме породи бидејќи предходната вечер си боцнав клексан нормално за да поминат 24 часа. Кога прашав што ако почнам да имам болки и мора веднаш да се породам, ми кажаа тогаш ќе ме земат во сала одма нема да има проблем. Значи ако има можност да се чека тие 24 саати да поминат, ќе чекаат, ако не ќе те породат секако без грижа.
Здраво девојки, веќе сум 37 недела и денес имам некои почудни болки од обично, лажните ги имам уште од 6ти месец ама овие се разликуваат, осеќам некој притисок баш долу ниското и како да ме натиска се повеќе бебчо а тоа ми прави болки и во нозете( ги осеќам како пресечени на моменти) Не се редовни болки и претпоставувам дека уште не се родилни, па ме интересира дали некој вака осеќал и дали може така почнува се. Исто уште се боцкам со клексан, матичниот ми рече да прекинам кога ќе осетам болки. На контрола и цтг сум наредна недела. Фала ви