Според се што е наведено немаш ниедна активна инфекција освњн што нема испитување за херпес igm, на мојот торч се заедно 1 и 2 тип ама има igm i igg резултат, нека кажат и другиве девојки ќ, мојот е правен на клиника
Исто на клиника јавно здравје, правен во 12+4 недела Јас не ни приметив за таа отстапка, сабајле ке одам на инфектолог и ако не ке барам повторно да ме боцнат На ваков резултат со igg не сте примале никаква терапија, така?
Баш пиши што ќе направиш, и мојот резултат за hsv беше пречуден ми најдоа igm без никаква индикација а igg 0, докторот од систина ми рече дека не можно е и дека не им е точен резултатот, имам пишувано и по други теми за ова бидејќи и мене ме испаничија ептен. До ден ден никаков симптом не се појави 8месеци поминаа. После тоа читав еден куп оримери кога има igm актив а igg 0 дека се работи за лабораториски отстапки и дека со овој вирус се случува. Мојот резултат конкретно беше мн малку над границата
Nemas...jas pravev pred dve nedeli vo avicena koga Mr izvadija od pamet..se sro e igg e prelezano I nema prostor za griza...taka barem mene mi kazaa
Ништо страшно по мое,чим си го сеќаваш дека си мрда,може во тој момент си спиело и кај мене на последното ЦТГ спиеше,ми закажаа сабајле во 8 и неможевме да го разбудиме,утре пред да отидеш касни нешто благо би требало да се размрда..
Не по два саати јадена, јадеш благо, кроасан нешто, кока кола земаш и правиш цтг. Јас таква грешка направив отидов после ручек, рачунам јадена сум, па таму го пратија мм кока кола и благо да ми донесе да се размрда бебе.
После се што се случи пред 2 години, денес 4 дена пред добивање повторно добив позитивен тест, се уште бледа линија но позитивен за 2 недели би требало да закажам преглед претпоставувам, планирам доктор Симонида во Ремедика. Дали би ја препорачале за водење на бременост по претходно високоризична бременост?
Честитки!!! Ти посакувам лесна и шлолска бременост до крај. Мене Симонода ми ја води бременоста уште од 9та недела и немам доволно зборови да опишам колку сум презадоволна. Имам доста лошо минато, а и неколку компликации во текот на оваа бременост (сега сум 32 недела) и можам само да кажам дека докторите како неа кои се вистински професионалци во секој поглед се бројат на прсти. Пред се стручна, знае како со пациенти, посветена, предетална и најпозитивна. Се гледа и чувствува дека со љубов и се посветува на секоја трудница и искрено се радува на секое бебче и неговиот развој. Благодарение на нејзе и нејзината посветеност, се чувствувам сигурно и спокојно дека сум во правите раце, а тоа многу ми помага да се справувам со анкциозноста што си ја носам после се што преживеав. Познавам минимум 7-8 жени што воделе и водат бремености кај нејзе и од ниедна до сега немам слушнато лош збор или поинакво мислење од моето. Така што, моја топла препорака, навистина нема да згрешиш ако ја одбереш нејзе
22ра. Бебето е многу активно. Толку многу што веќе не знам ни дали е нормално да е вака активно. Еднаш го осеќам во препон, друг пат во колк. Сега два дена како да ќе ми излезе низ вагина или анус. Буквално. И претходните две ми беа многу активни, ама ова нема конкуренција. Не знам дали дека ми е трето па знам да препознаам веќе и како диши, или се умислувам и сум напната без потреба. Ама овој пат ми е навистина и доста поболно. Ме боли стомак ако ми е полна бешиката. Некогаш стварно ми е толку комфортно во кревет и трпам до последно. И осеќам дека стомак почнува да ме боли. Претходно сум немала проблем со тоа, особено што цел живот имам лоша навика со трпењето. Вчера изгледа и бебето имаше фатено лоша позиција, и така осеќав болка во едно место каде што ме притискаше, на вртење во кревет особено. Ова и од претходно ми е познато ама ми се случуваше доста подоцна, не вака рано. Следна недела сум на контрола и за скриен шеќер. Едвај чекам.
Здраво сакав да прашам дали некоја испитувала алергија на анестетици во бременост? јас сум алергична на аналгетици како кафетин,налгесин,и др па до сега не сум примала анестезија и самата помисла на тоа ме плаши па подобро е да испитам да бидам мирна за секој случај .Позз
Др. Симонида дефинитивно. Имам две целосно водени бремености и породувања кај неа. За да си мирна, опуштена и во сигурни раце цела бременост, она е вистинскиот избор. Среќно и со лесно.
Ми открија уреоплазма во 20та недела , сигурно сум ја имала од старт пошто сега правев брисеви, прашањето ми е дали би можела да му направи оштетување на плодот а тоа да не е видливо на ехо, читам многу лоши работи дека прави проблем на мозокот и на респираторен систем на бебињата
Не,нема врска не е толку страшна. Ја имав јас со првата бременост,ставав вагинални едни жолти,и плус пиев терапија за неа
@Yowannty ај ти дека имаш искуство кажи ми не добив некој одговор денес, осеќам како тегнење надолу накај вагина,на моменти повисоко како кај јајници на допир не боли ама штом се движам како да имам нешто тука и да турка тежи... претпоставувам главчето е ама првпат осеќам вака, и тоа чуство цела ден го имам, игнорирам да не мислам ама боли, карлица ли се шири што ли е не знам, ако и утре е така ќе прашам доктор. @Hygge-girl ти си најблизу до мене со термин мислам, како се осеќаш, осеќаш ли некоја тежина повеќе од претходно? Веќе сум 33+2 и искрено цела ден си правам филмови дека порано ќе се породам
@Viktorijaaa5 ќе ти споделам само мое искуство, не мора да значи дека и кај тебе ќе е случај. Околу 30 недела претходната бременост имав исто такво чувство на тегнење и влечење, излезе дека се скратило за 10мм грлото, па со терапија и мирување се врати. Секако ќе те види утре доктор ќе ти каже најубаво.
Да ќе проверам и тоа сигурно ама пред не цел месец баш ми мереа беше 4.2 а стартно кога мереа на почеток 4.3 и докторката прокоментира супер е не мисли на тоа. Не знам...