Чим не е болно не би требало да е нешто. Ако е одвреме навреме најверојатно е бебето. Нема веќе место и движењата се како тегнења и како да те притиска и турка. Кратко трае, ама сега се побудни не се толку успани па може да се случи да е почесто. И да е цело време може да е лоша позиција на рачиња/ножиња. Јави се на доктор ако не си мирна, ама не верувам дека е нешто. Ти си веќе во недели и кога грлото е нормално да почне да крати по малку.
Немам конкретен термин. По апликација и по мерки не се совпаѓа. Запишан ми е додуша во мајчината книшка, некој ден на почеток од Април, ама јас сум со историја и ќе одам на договорен царски порано, во зависност од матката и позицијата на бебето, се надевам дека барем ќе стасам до 9ти. Ама секако ќе сме генерација. Нека ти е со лесно.
Ееее, од влез на 7ми у паника бев од предвремен пораѓај.. тежина колку сакаш тој период, поготово зашто бебе веќе почнува квалитетно да тежи. Од таа тежина, последици имам со кичмава после пораѓај. Не се секирај се е оке. Цервикс веќе не мерат. Последно ми измерија во 30та. Во 8ми веќе е нормално да почнува да се крати, во 34та 2ми беше, и на пораѓај бев со 2. Така да се што осеќаш е најнормално, ја не можев да одам од болка доле некад. И тоа се проверено и се супер, едноставно тежината на бебето си го прави своето, плус и зависи со што си игра во моментот хаххаха.
Јас имав такво чувство минатата недела. Тегнење во комбинација со некои mild менструални болки и болки во грбот. Ќе ме фати 10-15мин, па ќе ме пушти и така неколку пати. Ептен се испаничив да не се вистински контракции, ама среќа помина. Баш имав и преглед после некој ден, се си беше океј. Грлото не ми е мрднатo. A и Котларова ми кажа дека веќе е нормално полека да се скратува како се зголемува матката, дека било како балон кога дуваш. Ми кажа кога и да чувствувам некоја нелагодност и како менструални болки одма да се напијам Но Спа и магнезиум. Да не си била нешто поактивна деновиве, со повеќе стоење?
Сабајлево прво отидов во јавно задравје да прашам зошто не е испитано igm на hsv, рекоа немале реагенси, а тогаш никој ништо не ми кажа. Од тука отидов на инфектолог ми ги прочита и он резултатите рече дека се е во ред и дека немам потреба од hsv да правам за igm. Ниту на инфектологија немаа реагенси за igm инаку и таму ќе ми испитаа за помирна да ми била психата, докторите ми рекоа ако сакам залудно да си фрлам пари да си испитам приватно. Одлучив дека ќе ги послушам и се надевам дека нема да погрешам.
Фала девојки што пишавте, не сакам да паничам ама само тука ми се мислите имам супер бременост до сега без болки и нешто компликации и сеа оваа ми е првпат така да се осеќам ама пак и се ближам кон крај. Бебе е активно мрда посебно синоќа т. е навечер ептен ама оваа со болкава ме излудува, во текот на денот сигурно ќе одам да ме видат на ехо ако е докторката слободна па ќе видам што ќе каже. Немам зголемен исцедок, недајбоже крв и некако си се тешам сама дека бебето е лошо наместено Ве читам сите и знам дека сте кажувале за болки и нелагодности овој период.
Цела недела (11та сум ) имам како пецкања во градите и минатата бременост имав некое вакво чувство ама понатака во 4ти месец на крај веќе, буквално како каналчињата внатре да се рашируваат, му се случува на некој нешто слично? Не е алармантно ама онака ме интересира
Мене цело прво тромесечие, па и тоа ми беше чудно, пред да добијам гради мене не ме болат, пред да забрменам ме утепаа од болење, и оп трудна. И од 16та почна колострум да ми тече.
Завчера те помислив, ама не знаев во која група да те тагнам да прашам како си и до каде си. Ете дури денес те прочитав. Да ти е со лесно, се да биде во ред, од срце посакувам. Не можам да замислам што ти проаѓа низ глава, страв, паника, после се што помина. Стискам палци за тебе <3 Котларова е одлична, ме водеше со првото бебе. Исто би ти ја препорачала Гордана од Систина, вистина е по груба, но е многу реална и стручна. Мене она ме изгура со високоризична бременост.
Zdravo idni mamicki,imam ostanato 11 kleksani od 0,4ml koi gi prodavam bidejki ne mi se potrebni so dobar rok a kupeni na privatno. Ako nekoja ima potreba da kupi…
Каква козметика купивте за новороденче, и што треба од шампон,купка,масло,крем каков, павловичева.. ? Сакав да купам бекутан сенситив,но во аптека ме предомислија и ништо не земав
Јас за првото од раѓање користев Лавера - шампон, крема за пеленска регија, крема за тело и лице, ги има(ше) во Белина. Сега периодов користам на Мустела, дека ги немаа на залиха последно и таа купката ми мириса на тешка хемија. Здравје Боже планирам и за второто истата бидејќи ни се покажа одлично, особено кремот за пеленска регија, па макар и од странство ги набавила .
Apotekarive se stanati bezobrazni i biznis orijentirani. Koga spomnav deka sakam bekutan me naprai na nesovesna majka, so hemija planiram da banjam bebe Pak si zemav bekutan, a mi nudese mustela i weleda. Nema da zgresis sto i da zemes. Ako bude ponezno ke smenis i tolku.