Шампон и купка од мустела. За пеленска регија Веледа, исто и за лицето крем од Веледа. Педијатар ми рече ништо од Бекутан, биле прејаки за бебешка кожа
Јас се земав на Babylove од ДМ, плус оригинал павловичева, Позитивни искуства читав овде за нив, па ќе видиме како ќе се покажат.
Купка и лосион за тело на Мустела ќе земам. За пеленска регија ќе земам или судокрем или оригиналната павловичева. И тоа одприлика. Само се мислам дали за лиценцето да му земам плус крема, ама тоа кога ќе се роди ќе видам дали ќе му треба.
искуство некој со флорадикс таблетки за железо? ферозомал за џабе ги пиев повеќе ми се намали железото. гинекологот ми ги препорача флорадикс.
Мустела земав гел за тело и коса, од лосионот за тело и крема за пеленска регија, онаа 1,2,3, за секој случај. Земав и од Гамарде по нешто, па ќе видиме.
Се извинувам вака што ќе упаднам со мое слободно мислење, меѓутоа сакам да ви споделам еден совет. Пред се, јас не сум стручно лице на оваа тема меѓутоа следам препораки и совети од молекуларен биолог па од таму научив дека Судо крема и павловичева содржат агресивни состојки односно хемикалии кои што не се препорачуваат за деца особено новороденчиња. Разгледајте weleda, gemarde, biarritz … Пред се станува збор за ваше бебе и ваш избор, вие најдобро си знаете. Ова беше само мој совет и се надевам нема да ме разберете погрешно
Благодарам за советот мила, таман работа да те разберам погрешно. Тоа ми препорачаа мајки што комуницирам и што се задоволни, инаку нема да знам што ми треба, прво детенце ми е. Ќе ги разгледам баш Веледата, имам многу пофални зборови и за истата.
Мило ми е што ме разбираш во права насока И јас сеуште немам искуство и далеку сум уште од купување и припреми, допрва сум 15та недела па полека по нешто учам се трудам да направам избор на природна не агресивна козметика и слично.
Ќе згреши, затоа што треба да се знае што се става на кожа на дете кога сеуште кожата не функционира во целост. Ако може да се земе нешто што е испитано и без тешки хемии, зошто да не земеш. Една купка од веледа или мустела по една капка се користи ќе ти трае 5 месеци. Сируп бекутан да не земе човек а не купка. Извини вака.
Затоа што им е спонзор, исто како и памперс, и медела. На Гак мене ми дадоа торбичка со производи Бекутан, пелени памперс премиум една, и на медела имаше пумпа, да се измолзувам таму.
Затоа што Алкалоид дава пари на гиникологија, на доктори итн. Све е маркетинг. Само што некако слабо им иде све повеќе има мајки кои доста читаат се едуцирааат и внимаваат на тоа што го даваат на своите деца. Сестрами излага од ремедика и др педијатар препишува бекутан спреј за нос и диастоп капки за бебе 2 кг во 4ти со 4ти месец рок. По редовна цена.
Прво пиев флорадикс. Немаше никаков ефект. Потоа зедов Хемовит плус. За еден месец од 105 на 112 го качив железото.
Девојки, пијам пренатални, магнезиум и б6 по потреба. Нешто необично да чувствувам не. Замор, ама ништо особено страшно, сосем нормално како за бременост. Е сега се приметувам во лице сум многу бледа. Ко умрена ако кажам нема да згрешам. Чак што више мислам дека и луѓе надвор ме загледуваат и си мислат на дроги сум. Можно е железо да ми фали? Што да барам да испитам? Не знам дали некогаш сум била вака бледа. Пудра ако ставам уште полошо изгледам.
Крвна слика нели си правиш секој месец? Направи си, кажи на матичен да ти даде упат, знаат тие што да штиклираат и испитај. Можеш право и мокрача да однесеш.
Не. Не знам зошто. На почеток правев секој месец, а сега само урина ми бараат еднаш месечно. Страшно сум бледа. Бев денеска кратко до гинеколог оти испаничив, ќерка ми беше во контакт со дете со варичела а јас немам прележано. Толку ми створи паника што заборавив било што друго да прашам. Следна недела сум на контрола за скриен шеќер ваљда нема да е проблем и крвна слика да ми направат.
Можат да ти дадат истиот ден и таков упат, прво нека ти земат крв за анализа па после за скриен шеќер си терај. И јас сум бледа, а не сум имала проблем со железо. Можеби ти е од недостаток на воздух на пример. И практикувај си секој месец и крвна слика и мокрача, ќе си бидеш мирна.
Дали мoже да се измачкам со некој крем за болка? Настинкава уби боже, цело тело ме боли, не се издржува веќе