Ми спомнаа дека демек најточни резултатите биле во пролече па затоа... претходно цело време проверував во авицена, од 5-6 недела (сега сум 15та) ми најдоа во авицена ешерихија, два антибиотици, постојано д-маноза, благо скоро па ич, симптоми од ешерихијата апсолутно никакви, контролни брисеви во 12та недела чисти, и во авицена на урино култура постојано ми се појавува бактеријата и тоа баш висока количина... дури и со општата матична се консултирав, вика нема шанси на оваа количина да биде без симптоми, може да не се точни резултатите во авицена, биотек и авицена биле познати по грешни резултати. Дури и крвна слика правев комплет со урина стандард, таму стои дека нема бактерии, а на урино култура нареден ден - има. И не знам веќе полудев Синлаб ми беше втора опција, ама ќе излезам сега ќе појдам до Пролече па ќе видиме
Само што се јавив во Пролече, до 13:00 часот примаат и брисеви и уринокултура. И за трудници уринокултурата е бесплатна со упат, јас со месеци уназад носам.
Мислам дека на сите масла за стрии го пишува истото од втор триместар, веројатно затоа што тогаш почнува и да расте стомакот не знам нека кажат поискусните. Не верувам дека може да му штети на бебето ако се мачкаш, а веќе имаш стомаче ако немаш почекај уште малку мачкај се кокосово во меѓувреме.
Има сируп што е дозволен за трудници. На А беше нешто. А за апетит ќе ти дојде, не се секирај. И јас ослабев на почеток, за на крај 20 кила плус да сум.
Се живо и диво искенирав дома, навистина оценките на еуцерин се околу 11-12, над 10ка на производите што ги користиме и за нас и за дете од скоро 3 години. А што ме изненади, за бебенцата купив се можно од Gamarde и не сум згрешила, одлична оценка има, уште да се погодат и на кожичка )) Ова не значи дека ќе сменам за нас големите еуцерин на кожа ни одговара, мислам дека е ова ок оценка Ама за мали бебенца, ептен сум задоволна од изборот овојпат што сум го направила
Urinokulturata vo privatnite labarotorii se naplakja privatno, a krvna slika i urina ne plakjam nisto.
Алпенкрафт не е сируп препорачен за трудници, ни за деца под 6 години содржи различни растенија, масла и танини. Треба да земеш нешто што е препорачани за доенче дете под 1 година. Незнам кој и го препорачал на Бела. Ајде те молам консултирај се. Види има хербифит сирупи, ако е сува кашлицата земи бел слез /исландски ако е продуктивна нсправи црп.. Да не направиш опструкција и бронхит може треба антибиотик.
Да да, оваа ја имам веќе 2 недели и сум презадоволна, а имам историја со ишијалгија од пред бременост. Маж не ја ни осеќа дека има некој плус на спална, за разлика од големата
Ти благодарам отидов, однесов, имав упат секако. Ми нагласија дека некои гинеколози не ставале недела на бременост на упатот, и тогаш мора да им наплатат, така да си знаете ако одите со упат, обавезно да пишува гн затоа што само тогаш е бесплатно.
Да, исто. Ми има кажано матичната дека во приватните во сите се наплаќа. Јас во авицена околу 420 ја плаќав. А за крвна слика ништо не ми наплаќаат.
Јас така на почеток многу настинав и ми рекоа дека само овој може за трудници. Го пиев тогаш, подобро ми беше. https://zegin.com.mk/mk/jgl-islandski-lishaj-sirup-150-ml
Јас ја имам истата, пола се направи, се сплескуваат гранулите внатре и пола перница е, не знам дали така треба, пошо не беше таква кога ја купив.
Во бременост не се наплаќа уринокултура. 5 пати правев цела бременост со упат во Биотек, и како трудница денар не платив.