Микробиологија и јавно здравје во државна не наплаќаат за уринокултура за трудници . Носев 3пати ниеднаш не ми наплатија.
Некој со уринокултура приватно си е 450 и повеќе мислам, со упат е околу 150 ми се чини, за трудници 0. Валда Биотек нема некои посебни правила за трудни. И ова не е само од сега и пред 3 години беше исто
Во приватна? Не знам, имав лошо искуство со државна и не се вратив повеќе таму. Не е за Скопје муабетов може различно функционираат таму приватните лаборатории.
Во приватно, нит крвна слика нит уринокултура сум платила. Цела бременост се приватно со упат правев крвна слика и уринокултура, денар не ми е наплатено. Јас во Биотек одев, зашто ви наплаќаат, кога е преку фонд, фондот им плаќа на нив. Исто важи и за Скопје, сите што ви наплаќаат со упат, а на упатот е дијагноза бременост, ве крадат и тоа е за пријава. За трудници се што е преку фонд е без пари, исто и на приватно со упат. Ама мора дијагноза бременост.
Извини што те поправам, да не збуниш некој, приватно си се плаќа приватно. Каде што има договор со фонд не плаќаме
Во бременост, со дијагноза на упат ништо не се плаќа, во приватните лаб со договор на фонд не се плаќа, другите треба да нагласат дека немаат договор со фонд па изборот е наш. Не сум платила ништо ни матичен прегледи ехо ми правеше на 3-4 дена, ни брисеви ништо. ( прв пат да искористам нешто од државно здравство Па среќа ни приватно не плаќам блиска ми е докторката. Се чувам за пораѓајот хаха
Да де, убаво пишав, со упат преку фонд со дојагноза бременост. Ако немате упат тоа е друго, со упат, и дијагноза бременост, не смеат да ви наплатат.
Ехото кај матичната е 300ден, нормално без фискална И пред 6год и сега, ехо бесплатно само во болницата, кај матичната не. Овде сите матични наплаќаат за ехо, никаде не е бесплатно за трудници.
Ако кој сака да плаќа тоа што му следува бесплатно ќе плаќа. Имаше една форумџика како изреагирала на тоа кога кај коруновски и побарале пари за ехо.. Од тогаш не им текнало. Тие земаат капитација од пациент 75 денари од фонд секој месец. Додека не си бремена идеш на лекар еднаш годишно ептем два пати. Тој ако има 4000 пациенти зема секој месец од фонд 5000 еврич, коруновски имаат и над 10000 мн доктори имаат пријавено значи машала секој месец имаат пари од фонд. Така да ехо не се наплаќа општо не само за трудница , брисеви не се наплаќаат во бременост, лаб итн. Кога ќе почнеме да реагираме и сме во поголем број нема да прават така. Пријави го во фонд. Нека се чеша.
Долга и широка е темава, си плаќам и јас ехо кај матична ама не ја менувам за ништо. 24/7 ми е достапна и препосветена. За жал и они се донесени до таа точка со мизерните партиципации од фондот. Од државно цела бременост само торч имам искористено, само среќа никад да не ми притребаат пак, ми направија хематом на пола рака да не можам да ја свиткам 2 недели. Сите високи функционери во фондот знаат како се работи, само си мижат. @Ladyme 4000 пациенти во Скопје да, во град со 20 000 жители едвај по 1000 да соберат, кај се кирии, сестра, опрема. Не е се така црно бело.
Нема поента да реагирам, кога пак ќе биде исто, само јас ќе треба да се преместам кај друга матична, а и таму ќе ми наплаќаат. Засега сум задоволна од мојата докторка, и не ми значат тие 300ден месечно за ехо што и ги давам. И тоа е само додека сум бремена, инаку одам еднаш годишно за пап тест кај неа. Кој сака слободно нека се буни и нека реагира.
Јас колку што знам до 36та да се направени, јас направив во 32+ некој ден така ми кажа матичниот и прашав да не ми прават проблем или да бараат нови кажа не океј е важно е да се добри ако треба да се повторат да има време. Среќа чисто беше се
Лабораторијата има договор со фондот, откако постои со упат од матичен си зимам крв и плакам 175 денари. Очигледно им се може па затоа и на бремени наплакаат. И јас се зачудив ама викам ајде не се многу пари макар треба да е безплатно
Мене на клиника на микро не ми побараа ни денар, ова пред месец дена. Ни за брисевите, сама си ги однесов. До сега ништо нигде не сум платила со упат од матичен што имам испитувано, ни државно, ни во приватниве лаборатории.
Јас Доктори не жалам Noemi, мене некој ме жали како постигнувам све во месецот? Има многу мајки тука од Германија и др држави нека кажат како функционира системот таму. Нека проба таму доктор да наплати тоа што следува на трудницата бесплатно. Затоа сме распад система и ќе плаќаме приватно за достоинствен преглед затоа што имаме коруптивно здраство. Толку по оваа тема не коментирам.. Затоа што викате 300 ден не ми значат, 500 не ми значат. Еве и мене не ми значат ама на некоја трудница може и значат и сега ради нас што не ни значат и ќе преќутуваме некој неможе преглед да направи. А има социјални случаеви во државава еден куп.
Се слагам скроз со пишаново, ама ако веќе споредуваш, во ЕУ имаат може три до пет прегледи кај матичен (ако грешам и мене ме излажале), додека кај нас знаеш како е. Еве јас на пример само еднаш имам отидено кај матичната на ехо и еднаш да ми земе брисеви, бременоста ја водам Систина, и жената за ништо ми нема наплатено. Да ми иде некој и мене на две недели и јас ќе му наплаќам.