Што значи леукоцити во седимент кај урина, покачени ми се 6-8 а треба 0-5. Некоја имала вака покачени во бременост дали е знак за бактерија ? Направув и уринокултура ама резултати здравје во вторник.
Нормално проверуваат хемоглобин од капиларна крв кај гинекологот. Ако си преку АОК осигурана приомед имаш програма и ќе ти испитаат и феритин и многу други испитувања бесплатно. Плус ако си преку АОК симни си ја апликацијата и можеш да скенираш сметки кои си ги платила мислам беше до 400 евра што враќаат. Ако не ти се чека до терминот кај гинекологот оди кај матичниот доктор и жали се на замор, паѓање на коса и кажи дека порано си ги имала истите симптоми кога железото ти било ниско. Морат да го проверат тоа.
И мене ми кажаа дека имам полип на цервиксен канал Дали можеш да споделиш искуство доколку не ти е проблем? Знам дека од одамна е пишано ова ама искрено јас сум безизумена моментално. Се беше во ред до 10недела. Др ми викаше дека можам и да трчам и сега полип. Имав само еднаш крварење и болка во лев јајник. Сега мирувам, се хранам здраво. Ама доколку имаш некој совет би ми бил добредојден
Здраво девојки имам две прашања Бремена сум 18+6 можеби три пати до сега ми се има случено одеднаш да осетам умор и да почне срцето да ми лупа, а без предходно да имам некаква физичка активност или да работам нешто во тие моменти мерам притисок и секогаш едниот ми е многу низок пример денес 120 со 55 или некогаш во тие моменти со 60. За брзо ми поминува ама ме фаќа паника понекогаш, иначе имам нормален притисок цело време. Дали се нормални вакви појави или да се консултирам со доктор Второто прашање ми е во врска со папокот денес од сабајле осеќам како скокоткање внатре во папокот дали е нормално? кога почна да ви се менува папокот т.е да ви излегува надвор не знам дали е до тоа реков да прашам да знам што да очекувам
Скокоткањето е бебето, а прескоците се честа појава во бременост, срцето моментално пумпа дупло повеќе крв, за да ја подржи бременоста, не се плаши, и јас имав често.
Срцето ми лупаше така силно цела бременост. Мислев дека низ ушите ќе ми излезе. Нормално е во бременоста, без гајле биди. А за папокот не знам, мене не ми излезе надвор
@Feniksgirl @gwenst Ви благодарам за брзите одговори ова со срцето ме плаши на моменти дека одеднаш од нигде никаде почнува да ми лупа. Вака барем сега кога знам дека е нормално ќе бидам помирна.
I mene ki najdoa polip na matka 10 nedela. ..mi rekoa kao nisto strasno da se miruva I da ze sledi..I da napravam brisevo od 12 do 14 nedela
Конечно некој како мојата состојба. ас сум 12+2 недела Целосно мирување( во смисла само до вц и назад) или? Јас во 10 недела прокрварев бидејќи пешачев 30мин а предходно стоев на нозе подолго време. Од тогаш немам крварено фала му на Господ. Никој не ми кажа дека треба да лежам.Др ми рече после инвитро дека можам да се движам повеќе. Заради крварењето др ме прегледа и виде дека е полип кој делумно излегува во цервиксиот канал. Само немој долго време да стоиш и седиш- така ми рече др. На две недели ќе имам контрола. Кога го прашав дали е ризично по бременоста ми рече да ризично е. А после ми рече дека можам да пешачам по 15мин два пати на ден. Искрено целата сул збркана. Дали да се движам барем по дома во соба да станувам од време на време. Дали ризичноста е за да не добијам инфекција. Стварно ништо не сфаќам Ама наредна недела ќе имам преглед и ќе го прашам Инаку сум ви Њуборн кај Трајковски Не знам дали постои начин природно да падне полипот или барем да остане во истата величина( мојот е неколку мм)
Душо, јас за време на бременоста имав 2-3 пати сукрвица баш од тој полип. Ми препорачаа само мирување . Кон 24 недела веќе се повлече сам од себе. Јас сега имам 5 годишно ѕверче, исто такво ти посакувам и тебе наскоро
Да ти е живо и здраво малецкото Ми требаше ова да го прочитам ❤️Некој кој имал успешна бременост и покрај тоа што имал полип. Дали беше на строг бед рест или стануваше од време на време? Јас се заковав за кревет, станувам само до вц и за да јадам. Ама малку почна на психа да ми делува. Дали имаше некакви зафати и на што најмногу да внимавам?
Те читам неколку пати, исто прашуваш дали да лежиш или не. Иако неколку членки ти рекоа дека треба да лежиш и не по скали твоја е одлуката. При инвитро постапка строго е забрането качување по скали тоа се надевам го знаеш. Јас имам правено ивф. Претходно имав природна бременост и имав хематом исто ми забранија качување по скали и лежење со карлица нагоре. Сега сум повторно бремена нормална бременост ама од се поминато претходно сум многу внимателна повеќе одмарам, и гледам помалку да стојам на нозе. Трајковски ќе те води уште некое време после ќе си најдеш доктор за следење на бременоста и скрининг и доктор кој ќе те пораѓа. Добронамерен совет, одмарај лежи и не се качувај по скали. Тие 15 мин два пати што ти ги кажал ништо нема да ти смени, а ти ќе си помирна. Членките ти дадоа многу убави совети да се консултираш со уште еден доктор, мислење плус секогаш е добредојдено. Ти посакувам се да биде во ред и чувај се.
Ми се случува и мене, седам и се муабетам и одеднаш се заморувам. Сега веќе почесто се случува. А за папокот, 37+5 денес, сеуште не ми е излезен нанадвор. Ист е како што беше и пред бременоста. Се е индивидуално.
Да не ме сфатиш погрешно ама повеќето од членките кои ми пишаа не се во истата ситуација како и јас. Јас немам сирклаж, немам историја на скратен цервикс. И не знсм дали прочита ама не се движам по скали. Само ми треба некој кој поминал со истото и кој можеби имал посебен начин на исхрана лежење или сл кој би ми дал препораки. Искрено јас веднаш по ивф се движев (одмарав само неколку дена) и од прва имав успешно ивф. Ова не го велам дека прв ден по ивф треба да се трча ама мало раздвижување до двор и назад мене не ми штетеше. Напротив. Полипот ми е од висок естроген. Секоја од нас тука си го бара своето чаре, така да најлесно е да осуди е некој и да бидеме строги во коментари- но тоа на никого не помага. Повеќе трпение те молам
Ти кажале веќе членките ама и јас да ти одговорам. Нормално е такво лупање на срцето дека во бременост дупло работи. Не се грижи, и мене ми се случило. Скокоткањето е бебчето, во 17-18 недела и јас имав така, си мрда бебче и почнуваш да осеќаш, а во врска со папокот, немора да значи дека ќе ти излезе надвор. Еве мене ми е исто како пред бременост, не е нанадвор, 30+1 недела сум. Индивидуално е тоа.
Советот ти беше добронамерен а ти незнам како го свати. Не те осудувам, баш напротив на форум кој што сака си пишува и прашува. Подобро за тебе за да бидеш поопуштена и позитивна. Знам дека не е лесно да се лежи, сум го поминала тоа. Со лесно
Ако ти се случува повеќе пати неделно или дневно, треба да носиш холтер. Мене ми почна така па се зачести и сега ми дадоа Верапамил да пијам наутро и навечер.
Здраво мајки, 29+5 недела, од пред 1 месец имам скрет, гинекологот ми кажа дека е нормално, но денес заборавив да си ставам дневна влошка и наутро имав ептен воденкаст секрет, што дури ми ги намокри малку и пиџамите.. дали е нормално и дали некоја друга се соочила со истото? Загрижена сум, не сакам да и пишувам на матичната бидејќи е сабота..