Мислам дека вообичаено од 36та почнуваат со цтг. Јас почнав од 28ма ама дека сум друга ситуација. Правев 28, 30, 33, 35
Последниве неколку дена урината ми има мн јак мирис, незнам не пијам нешто многу витамини.. Тоа стандард. Може и не пијам доволно вода или незнам дали да направам една уринокултура. Немам испитано од кога останав бремена. Можно е да има бактерија или хормони се во прашање?
Мене Котларова минатиот пат ми кажа дека од следен преглед (тогаш би била 35+) почнуваме со подготовки за пред пораѓај и со ЦТГ. Ако е се во ред, еднаш неделно треба да се иде, по потреба и почесто. Како ми кажа толку се возбудив, дека вака така си се наближува крајот. Од тогаш секојдневно мислам на пораѓајот и ко се повеќе страв да ме фаќа .
Здраво на сите. Јас ве читам цела бременост, ама го отворив профилот затоа што се превозбудив што сме многу блиску со термин со @Viktorijaaa5 и @Hygge-girl . Немам никој околу мене што е бремен во моментов, а како што се приближувам до крајот така станувам се повозбудена, еуфорична, исплашена, се на куп . Мојот термин е 27.01. Женско Супер се чувствувам.
Не, не лежев строго, мирував повеќе ама пак се движев повеќе низ дома, надвор поретко. Зафати немав, повеќе мирување и позитива. Се ќе биде ок
Па поминаа два месеци сигурно, ама дефинитивно требаше порано да отидам, сега ќе сум покриена со терапија до крај, а 30 недела сум, можеби порано ако почнев ќе се средеше. И јас осеќав и кога седев, често и не можев да заспијам, ама последно аларм ми беше кога фатив некој вирус и нон стоп ми беше 130-140, едвај дишев. До 90 е океј во бременост, при поголем замор до 100, ама над тоа веќе бара анализа. А притисокот ми е низок, немам проблем со него.
Зависи од денот, има денови кога мислам дека енергијата ми е во негатива отидена и се задишувам дури и од зборење, а има и денови кога сум супер, како денес на пример. Ама затоа секоја вечер пред спиење ми се темни, зошто тоа е минимум 2 саати вртење ко на ражен дур си најдам удобна позиција и да не ме чеша ништо. Таман ќе заспијам секако дека ми се примочува…Уште ако се погоди да почнат да ме болат колковите, мислам дека сакам да си заплачам од нервоза. Лелее како сме се погодиле со термините сите 3, посебно јас и ти . Кај ќе се пораѓаш, да не се погодиме цимерки во соба?
И на мене позициите за спиење почнаа да ми се проблем. Ќе се наместам, па ќе си помислам дека го притискам некако бебето, па ќе сменам страна. Па пак назад, па ќе заспијам, па ред за вц, и така во круг. Даа ептен сме погодени. Во Систина ќе сум јас. Ти? Ќе бидеме ли цимерки?
Ахх штета, јас во Ремедика здравје боже. Слободно пишувај за што и да сакаш да споделиш, пожалиш или консултираш!
И јас приметив појак мирис, правев уринокултура на почеток се беше чисто. Од искуство со ешерихија има болка при мокрење ако е само појак мирис не би требало, кај мене мислам дека е малце вода плус триста витамини
Мене после една недела стомачен вирус, скоро дехидрирана ми дадоа ентерофурил. Ми рече докторот без гајле, не се штетни за бебето и искрено ме спаси, сега пред некој ден пак закачив нешто, пак ме смирија. Сепак прашај доктор на вибер ако можеш. Смекта не е дозволено знам, можеш јаглен.
Јас сум 35та, 15 јануари ми е термин, ми нема спомнато матичната за подготовки пред пораѓај, читав дека требало брисеви,кога се земаат ? Мене во 32ра ми зема, имав кандида, ставав polyginax, ама не ми рече да ги повторам да видиме дали сеуште ја има.. Вие што сте тука некаде со термините, испитувавте ли нешто плус сега или..