Супер сме, се учиме полека на се. Се доиме и плус измолзено, ама на мое е. Ќе видиме понатака како ќе биде. Брзо лета времето, за два дена месец правиме.
Дали го има овој во сите аптеки кај нас? Како се користи спрејот дали знаеш? Јас не можам да пијам никако магнезиум, воопшто не ми е убаво од него па може со спрејот подобро ќе биде. Се надевам не е некој проблем што не внесувам екстра магнезиум ама и немам сега некоја потреба заради болка на пример па да го пијам редовно.
Ќе се среди. Пробај со поприродна козметика. @Ladyme во Мг цитрат од Now, како беше, три таблети заедно се 400мг, една ли е 400 а препорачани се три дневно, имам заборавено?
И јас слабо пијам магнезиум само ако има болки во стомакот како стегање, за мазна мускулатура опушта и со но спа тогаш го комбинирам. Овој го купив во Капитол таму ми беше уз пат, сестрами исто го користеше во бременоста. Гелот го мачкам два пати од доле нагоре до бутот убаво, има ментол и лаванда и одма ме опушта. Спрејот е рапид треба да делува без масажа само да се испрска ама мислам гелот е подобар. Малку се дренира и ногата кога масираш нема и отоци да се прават. Околу 480-500 ден го зедов ако не се лажам.
Во три има 400 овој со меки капсули а тврди таблети една е 200 па по две се пијат. Ама јас меките капсули можам само да ги пијам кога имам мака све друго повраќам. Пробав и прашок од џејмисон неможам.
Оо незнам дали се како што имав јас. Јас негде при крајот бев цело лице, врат, деколте, раце, па и грбот кога видов лом бев. Матичната баш на преглед кога бев ме праша кога ми се појавиле и ми рече дека после пораѓај ќе ги снема. И ги снема.
Денес ми пристигна пумпата за измолзување и сум ептен задоволна така од малку пробав ја уклучив ми се чини дека ќе вади млеко,и тоа ептен ефтино ја земав. Е сеа да прашам по колку мл вадите млеко? Мене ме фаќа паника дали ќе знам по колку да се одмолзувам кога како? За да не ми секне млекото
Јас немав многу млеко, ама го вадев и тоа малку што беше. Ќе се молзиш после секој подој, 15 минути на едната, 15 на другата. Мене така ми кажаа и покажаа во Плодност. И најмногу млеко имаш наутро, тогаш обавезно пумпата
Девојки последниве 2 саати имам контракции на 10 минути точни се ама болка со мал интензитет,осеќам згрутчување на цел стомак и доле како менструална болка околу 30сек и престанува..можно е да е почеток на вистинските болки заради точното време?
Планираш да комбинираш со шише или за стимулација? Ако ти е за второто има шеми на нет само пази да не направиш хиперлактација, па после температури, трески.. мада и во првиот случај умерено. Не знам што да ти кажам, нема ништо подобро од регулирана лактација, односно да произведуваат дојките онолку млеко колку што му треба на бебето. Јас не молзев ич и ја баталив за една недела, башка миење, вриење не е тоа за мене. Која недела си? Јас го сменив магнетрансот од денес со овие, почна да ми смета, значи 2х3 треба да пијам за 2х400? Ме бунат
Ааа, епа мила, допровери ја торбицата, касни си нешто поубаво и лека полека ќе си тргнеш до сабајле на болница. Со лесно Едит: ти пишав да си јадеш бидејќи првиот пат и мене вака овој период навечер ме фатија ко тебе, слаби ама регуларни, па останав до сабајле гладна од возбуда , па таму ме држеа гладна оти не се знаеше дали царски ќе биде и после царскиот пак гладна. Наворучение, јади .
@Autumn Love планирам само да се одмолзувам ако имам премногу млеко. Обично кога правам подој од едната града,од другата ми тече премногу млеко..така ми беше за првото бебе..барем додека дојам да си ја ставам пумпата на другата града и да си го соберам тоа млеко да не истече за џабе. Инаку и да се стимулирам од почеток.. @Bejb15 Не е некоја марка,од Пики ја зедов..околу 1200 денари.
@ForeverME а Haakaa имаш видено? Ако не си, ѕирни ја, баш за таа намена е, ги донесоа сега и кај нас.