Девојки дома сум да не ме мислите..утре пак да одам на контрола од сабајле..ги означува ЦТГ-то контракциите ама многу слаби..
Вчера бев на контрола и искрено малку се загрижив, ми спомна докторот дека почнува како фунелинг да се прави, се уште не е направена таа инката, но ми спомна да одмарам повеќе да лежам со перници под задникот. Да напоменам цервиксот должината е супер. Дали е можно да се среди оваа состојба со лежење? 25 недела сум..
Здраво, рана бременост сум, вчера бев на прва контрола, докторот ми рече дека каналот не е затворен туку е отворен а не требало така да биде. Дали некоја се има соочено со вакво нешто на почеток на бременост да има отворен канал и дали можеби понатаму има шанси да се затвори или така останува. Малку ме исплаши докторот ве молам за совет.
Јас никогаш не ги купував сите одеднаш. Пример дента кога ми давале нов извештај, сум имала тој ден клексан и за наредниот, па после тоа сум зимала 5 или 10, па пак 10 и така до крај. И се ми беше рефундирано.
На 06.01 дознав дека сум бремена. Е сега види пред тоа Нова година, прослави, седенки со друштво ехееее.
На кој шалтер се поднесува за рефундација? Да го пратам маж утре. Денес се ишалтав со стомакот за џабе, ме одбруси една вработена во ходник дека не им работи системот не ми ни кажа на кој шалтер е.
Маж ми беше, вика коа ќе влезеш на главната десно скроз до крај и пак десно, последен шалтер било, и вика дека пишувало на шалтерот за тоа дека е, не си можела да утнеш. И многу брзо ми рефундираа нема ни 10 дена.
Здраво. Имам диакопатија. Сега во бременост,односно од вчера имам неиздржливи болки. Општ матичен лекар ми даде ибупрофен ,а гинеколог ми рече само со гелови масажа. Инаку сум 29 недела. Дали да го пијам ,не знам кој да послушам.
Нестероиди не смеат да се користат во последниот триместар. Секако дека гинеколог ќе слушаш. Не знам освен парацетамол дали смееш друго за болка.
Некоја мајка што е била скоро на контрола кај доктор Зоран Илиевски? Не знам кој ден е тој таму,а матичната не може да види на компјутер ниту сака да се јави да праша...мене не ми кревааат слушалка од чаир...веќе од следната недела треба да одам. Би ви била многу блгодарна ако има некој некоја информација.
Да, од сабајле до 11 макс. земи си упат за цтг и преглед, направи си цтг и чекај ред кај него после, во 3ката е
Еве ја сум породена со царски и можам да ти кажам дека поубаво од царски (според мене) нема. Ни контракции, ни болки, ни раѓање со денови... 5 минути готова.
Ааа имам неколку другарки кои одбиле анестезија на приватно. Сакале во целост да го осетат пораѓајот. А јас не сум се врзала со бебето, дека царски.
Еве јас го осетив и на крај царски пак завршив. Никој медал уште ми нема дадено. Ама тоа било видиш, за да се врзеш отпосле со бебето, не било џабе.
јас стварно не разбирам кога ќе пише некој мстичната не сака ова, не сака она, матична за што е? јас на мојот матичен т.е. сестра што и да и кажам проверува кажува објаснува. ако ги мрзи нека не работат воопшто